1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сопругата оттргната од родената фамилијата

Дискусија во 'Брак' започната од budgettime, 3 декември 2013.

  1. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    6
    Еве и тема за тоа како и сопрузите бараат од сопругите да се откажат/ оттргнат од роденото семејство. Незнаев како насловот да биде ама мислам се разбравме.
    Е сега дали вие имате вакви проблеми вашиот сопруг или некој друг од новото семејство да бара да се оттргнете / откажете од вашето семејство?
    Напочеток и свеки бараше да се откажам од моите сега веке не ми требале сум имала ново семејство , и таа се откажала од нејзините ама единствено на ова и се одговорив со овие зборови „СЕКОЈ ЗА СЕБЕ , МЕНЕ ТИЕ ЛУЃЕ ОД КОЈ БАРАШ ДА СЕ ОТКАЖАМ МЕ ИЗРАСНАЛЕ ОД 3 КГ МЕСО И СЕГА БЛАГОДАРЕНИЕ НА НИВ ТИ МЕ ИМАШ ЗА СНАА А СИН ТИ ЗА СОПРУГА„
     
  2. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Според мене тоа е крајно безобразно тоа некој да го побара од тебе. Ниту сопругот а камоли на свеки има такво право.
    Тоа од мене да е побарано очите од главата ќе му ги извадам кој и да е, небитно.
    Искрено се зачудив кога ја видов темава. Зарем навистина постојат вакви случаи. ЗАрем навистина има толку безобразни и дрски луѓе? Боже што не шета по земјава :o
     
  3. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    6
    Па ги има и овие исто како што има случки каде снаата го оттгнува синот од неговите.
     
  4. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.633
    Пол:
    Женски
    budgettime јас не те разбирам на какво оттуѓување алудираш.Да се одвојат да не живеат заедно или некој некому да наложи дека од денес па натака со родителите нема муабет правење и комуницирање освен во специјални пригоди.

    За мене одделното живеење не е оттуѓување него основање ново семејство и сопствен дом.
    Забраната да идам на гости кај моите или да комнуцирам со нив не може никој да ми на ја наложи а особено не сопругот.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Море деца!
    Ама аман сте стварно човек да ви каже без влакна на јазикот. Одете играјте си жив ви не знам кој. Има време, ќе пораснете, и ќе дојде ред и да се испомажите, и деца да изродите, и проблеми да имате со фамилијарен живот и совет да барате, ваш да давате. Рушум со глупости во темиве, на човек :puke:
    Ако толку ви е досадно, теми игри еден куп има да тепате време! Бидете креативни и отворете некоја нова таму, некој аир :!:
     
    На ilipili, Hipster, stetoskop и 5 други им се допаѓа ова.
  6. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    6
    ottrgnuvanje mislam kako otkazuvanje od semejstvoto. znaci niti baram nekoj da se otkaze / ottrgne od svoite nitu davam da mi rece nekoj da se otkazam od moite. A soprugot ne mi e pobaral takvo nesto tuku napocetok sveki taka mi rece. Sum bila sega clen na drugo semejstvo i toa trebalo da go zaboravam moite. zosto i taa taka napravila
     
  7. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Тема, како тема, не е лоша... :)

    Зависно какви свекрви ќе се погодат, ама знаат и тоа како да им првата притисок на невестите (лично или преку синовите). :puke:

    Откако го здогледав насловов ми текна на мои лични неколку ситуации, но и на ситуации од тетка ми.

    Јас не бев ни во брак, но свекрвата почна да наредува парите да ги носам таму, за дома да не купувам ништо, ниту една чаша, ниту еден финџал.
    Еднаш купив неколку нови пешкири за дома, и кога сакав да ги однесам, ме начека со кесето па ми држеше предавања како јас како невеста мора да носам се кај нив, а родната куќа да ја заборавам.
    Замеруваше кога со домашните се договарав и одев некаде...сега требало да се договарам и излегувам со нив, а кај моите да одам само на гости. :puke:
    Да се разбереме, јас не ја слушав, си терав по мое, но и тоа како ми ги кинеше нервите, и тоа беше една од огромните причини за крај.
    Значи и тоа како постојат луѓе кои ќе сакаат да ве отргнат од семејството. :tmi:

    За тетка ми, се и беше брането од страна на свекрвата. Не смееше братучедите да ги донесе дома. Ако одевме таму, не смееше кафе да ни свари. Ја тераше со сила да се отргни и одели од нас, па дури и да се сврти против нас. Во спротивно му го переше умот на синот, па си имаше проблеми тетка ми и со него. :x
    И многу и беше тешко, но свекрва и наеднаш умре, и колку да звучи грубо, после тоа немаше кој да и наредува на тетка ми, па веќе си беше свој човек и беше многу посреќна жена. :)

    Без разлика на се, за се сме самите виновни. Зошто ние сме тие кои нешто не/дозволуваат. Побунете се, покажите заби, борете се за правата. Зошто во спротивно кој втаса ќе не шиша. :!:
     
  8. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    6
    Сум имала слична ситуација , едниот од браката имаше роденден па зедов да му направам торта и му купивме со сопругот часовник , арно ама пред да тргнеме од дома јас зедов бомбоњера за мајка ми и татко ми да не одам празни раце а на внуците им купив чоколада . Свекрвата дирекно не ми кажа мене ама кога се спремав ја слушнав како на мм му вели дека многу сум трошела за моите пола плата за нив сум ја давала и за внуците. Погоре спомнав дека напочеток ми велеше дека не сум требала да одам кај нив , да не сум ги сакала сега сум живеела во др семејство овде коски ке сум фрлела , така и таа направила па и мене ме тераше ама јас и реков „СЕКОЈ ЗА СЕБЕ„.
     
  9. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.223
    Допаѓања:
    30.303
    Пол:
    Женски
    Оф, ние пак... мислам дека веќе им здосадивме на моите. Секој ден ссме таму, кога поради работа, кога заради тоа што на снаа ми и се пие кафе, па да не пие сама не вика нас...Односот кој го имаме изградено јас и мојот сопруг пред се, со моите родители, брат ми и снаа ми, е нераскинлив. За помош секогаш сме тука, обострано.
    ММ повеќе сака да оди кај моите отколку кај негови роднини...
    И мислам дека поставеноста и односот на моите родители спрема него го направија своето. Го сакаат исто како и брат ми, а тој го почитува тоа премногу.
     
  10. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    6
    Тоа од страна на твоите е многу добро сите да се така им посакувам.
     
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    А зошто оваа тема и сличната тема http://forum.femina.mk/brak/ottrgnuvanje-na-soprugot-od-familijata-t19995/ не се спојат во една тема-Брачниот партнер оттргнат од родената фамилија

    Ма да и за овие работи има доволно теми на форумов.

    Во последно време почнаа да се отвораат многу теми кои или немаат никаква врска за дебатирање или пак за истите прашања постојат веќе отворени и соодветни теми.
    Не е работата само да се отворат повеќе теми и форумот да добие на бројка, туку треба да се има некоја организираност па и логика и ред.
     
    На mimiiiii и tessie им се допаѓа ова.
  12. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Taa твоја свекрва очигледно нема грам совест што од сопствената мајка се откажала, но некои тоа го прават поради тоа што се омажиле за да избегаат од дома. Како што гледам, ти тоа не си го сторила тоа од таа причина и ниту таа ниту твојот сопруг ниту БИЛО КОЈ НА СВЕТОВ не треба да ти кажува да се откажеш од своите родители кои ти се треселе толку год (незз колку имаш) секогаш кога ке си кивнела,зашто сега си добила свекрва. Просто кажано-Извини госпоѓо го сакам вашиот син, но вие никогаш нема да ме сакате мене како своето родено дете, а ниту пак како мојата родена мајка.
     
  13. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    6
    Не за џабе се рекло СВЕКРВАТА НЕМОЖЕ ДА БИДЕ МАЈКА , А СНААТА НЕМОЖЕ ДА БИДЕ КЕРКА.
     
    На DigY му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    A зошто да не :?: Cве се може AMA :!: ако се сака.
     
  15. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Се може, зошто да не, ама колкава реткост е тоа.
    Кај нас уште незапознаени на нож се пречекуваат обете страни.
    Жени, се борат за еден маж.
    Наместо свекрвата да си го гледа својот маж, таа сака двајцата, и мажот и синот. :x

    Никоја не е доволна добра за синот. Ама, ќерката е предобра за :puke: секој.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.309
    Допаѓања:
    101.440
    Пол:
    Женски
    Ве читам овде, и на темата за снаи и свекрви. Не ми се верува какви све луѓе има на светов. Каде живеете шти сте влегле во толку прости и ограничени фамилиии!!! Зар има уште толку затуцани фамилии во македонијава кои живеат не во турско туку во феудализам!! А и вас ви се чудам, аман што толкав страв од свекрвите и свекорите сте фатиле. Ако ве малтретира на мажот ултиматум, или ќе си ги зауздаш родителите и ќе им објасниш дека сме сега маж и жена а не нивна слугинка, или јас си одам. Дајте малку храбри завземете се. Не можам да ве читам веќе. Толку да се омаловажувате себе не ми е јасно. Мажето вака мажето така, Ма маже е или МАЖ да му се плукнам!! Не се родил тој створ што може да ми забрани да одам кај мајка ми да се јавувам и поклони да купувам. А ако му смета на маж ми, дал господ развод.
     
    На Nova, Bozica1980, senza.parole и 9 други им се допаѓа ова.
  17. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    6
    За поклоните не му сметаше на мм туку на свекрвата.
    Инаку СНААТА НЕМОЖЕ ДА БИДЕ КЕРКА И СВЕКРВАТА НЕМОЖЕ ДА БИДЕ МАЈКА , реално кажано така е колку и да се сложуваш со снаата/ свекрвата можеш да ја сакаш како родена керка/мајка НЕ. Местото на мајката/керката и свекрават/снаата се знае кое е може е близу но никако исто.
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.309
    Допаѓања:
    101.440
    Пол:
    Женски
    Под створ мислев и на свекор и на свекрва и на маж. Поготово па МАЖ!!
     
  19. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    Bо реална смисла не се ни ќерка ни мајка,ама можат да бидат,лесно може да се изгради таков однос,ако се има искрени емоции и љубов меѓу двете,пред се човечки,а потоа ради синот и сопругот.Hие луѓето не сме преопределени само 2-3 луѓе во животот да сакаме или да даваме обострана љубов :?: можеме многу повеќе од тоа,ама ако сакаме ,едно животинче што се вели ќе го вдомиш ќе го сакаш ,еве и пример со дечињата што ги посвојуваат,биолошки може не се,ама сакањето,љубовта,грижењето како да се,а не пак проблем се прави за една снаа или свекрва,ама тоа ти простатулок.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Нај глупавото нешто што може да се случи а воедно и многу тешка ситуација, за која ако сте доволно храбри секако има излез. И јас една таква врска прекинав, веднаш штом ми беше кажано од таа жена дека кај мајка ми смеам само 1 годишно, станав и демонстративно си заминав, очи не ми видоа повеќе. Не планирам да забранувам, а уште помалку да ми забранат нешто. И да мразам некој од неговите роднини, тој има право да ги види, макар отишол и сам.
    Е сеа, друго е во врска, друго е во брак иако постои и развод. Проблемите од страна изгледаат лесно решливи, ама секој си е различен на свој начин, а ние овде не можеме да ја согледаме реалната страна. Има секакви луѓе, ќе побараш развод па тоа дур се среди уште ќе ти ја јадат душата, има некои се закануваат-што беше случај со братучетка ми-дека ќе ја собираме по парчиња уз вардар. Се држи земјава наша се.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.