Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сопругата оттргната од родената фамилијата

Дискусија во 'Брак' започната од budgettime, 3 декември 2013.

  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Има секакви семејства, кој не видел, не искусил, не знае. :tmi:
    А, сите тие семејства пред јавноста се претставуваат како најфини, накултурни, најсложни, а внатре ршум се случува. :x

    Колку луѓе, пред народот се најубави, а дома се живи нопаци. Затоа ништо не смее да не изненадува денес.
    И на тв гледаме, бил фин, мирен човек,а наеднаш убил неколку души. Никој не знае што се крие зад секоја насмевка. :|

    И мене ми беше чудно кога ми се жалеа за најразлични проблеми. Ама кога осетив на своја кожа, видов како било. Една вечер свекрва ми несудена со ќерка и разговараше на фиксен телефон околу 60 минунти. Кога заврши, го побарав телефонот јас да се јавам до дома, да видам што прават, ми рече, не може, ќе дојди висока сметката, нема јавување. (А, имаа бесплатни минути од еден пакет!) :puke:

    Кутри жени, што се не чека... :doh:
     
    На delvi и pink1991 им се допаѓа ова.
  2. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Како бе да се откажува? И после да биде како што таа ќе каже за да нема кај да се врати и да може да и прави што сака? :worried: :x Па нашиве се утепаа од муабетење и со нас и меѓу себе како 100 години да се знаеме се секој ден се слушаме...цццц...И сигурно има намера да ја третира снаата како роб после знам такви идиоти...Подалеку од ова! :!: И греота е така да се враќа на некој што не израснал.Не се согласувам со ова. :!:
     
  3. pink1991

    pink1991 Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    5
    Се извинувам за моиве коментари мозеби сум доссадна но несто од внатре не ми дава мира. Силвер е.мојава и твојата kaко да биле сестри близнацки ми изгледа. За мојата мајка нема гајле а нејзината кутрата нема соо кој да трацари :@
     
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.161
    Допаѓања:
    112.919
    Пол:
    Женски
    Е тука ти била најголемата грешка. Зашто да ја прашуваш да ти го даде телефонот? А бе зимам телефон и си се јавувам и крај.
    Ако не си се завземете за себе си никој нема да ве цени.
     
    На senza.parole и Glasna им се допаѓа ова.
  5. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    7
    Па токму затоа и свекрвите бараат да не ги сакаме нашите родители , а ние жените од сопругот да се преселиме или да не ги сака веќе неговите т.с да не оди веке кај нив за после да можеме да раководиме со нечиј живот.
     
  6. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Нена, затоа што беше бежичен телефон. :P
    И таа секогаш го чуваше со далечинското до неа. :!: :fubar:
     
  7. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    7
    Хахах место мобиле а :D :D , за неа бидувало да прај муабет по 1 саат а за снаата небива 5 минути :x :x
    Ова како случајот што го бев спомнала за албанската снашка и нашата. Нашава несмее да прај муабет од мобиле 2 мин со мајак и зошто биле од друг оператор а албанскава секој ден по 20 мин во албанија смее :D и на крај направила 2 сметки од по 5000 и си заминала не и чинело кога ја прекориле . Па и свекрва ти ако таа напраи сметка добро е ако ти напрајш много ке е
     
  8. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    7
    И јас си добивам деновиве таков одговор од свеки на кој му требало да ме чуе да се јави тој а не на сигнал и да сум му ѕвонела јас ,за друг сметки да сме плакале.А бесплатно ми е со моите па така да не ја ни фермам нека збори како сака па и таа прави муабет по 20 мин па што кој и. рекол нешто никој,
     
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Кај нас не се случува од страна на мм да бидам далечна со моите или да не се гледам и сл.
    Добро живеам странсво и нормално е да не можеме често да се гледаме ама он гледам да можеме и секогаш кога сум мак ме остава кај моите колку сакам.
    На ова тема свекрвата е таа која ми вика се мажи сега ке ги оставиш твоите,нема да ги бараш да се слушаш со нив и слични глупости кои се познати пд нејзина страна и нормално јас тоа не го правам тка бидејки не е можно тоа.
    Забрана за моите никако.
     
  10. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Ти па не разбираш, слушалка бил телефонот, сигурно свекрвта го носи во џеб или околу врат, да не и го земат. Треба на спиење да ја начекаат :D :lol: Мала шала.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    ... е жена којашто самата си е крива за све. Се` додека се` уште постојат луѓе кои ги сфаќаат бракот и разводот како натпревар меѓу фамилии (во брак натпревар меѓу фамилиите на младенците, во развод, натпревар во тоа кој екс сопружник повеќе ќе го нападне другиот пред детето), никој не ни` е крив. Самите сме си криви.

    Заземете став да не смеат да помислат да се стремат кон провоцирање на ваше оттргнување од сопствената фамилија. Лично вас повеќе ќе ве почитуваат.
     
  12. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.445
    Допаѓања:
    96.562
    Некогаш колку и да се зазема став, се е џабе. Има ненорнмални фамилии и на најголемите душмани не им посакувам да стапнат во некоја таква, оти тие не разбираат од став... или ќе биде по нивно, или по ничие и точка!
     
    На girl-miri, butterfly.mk и tessie им се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Да, ама ако не бива, не може да про-бива со сила. Пријатно, убав остаток од животов, јас заминав. Знам претежок е тој чекор, но не смее никој да покаже толкава смелост и непочитување. Да не се погоди човек во лоша куќа...
     
  14. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.445
    Допаѓања:
    96.562
    Баш така, само да не се погоди човек во лоша куќа оти тие таквите ѕид со глава рушат, ама мислење не менуваат... а па за туѓ став прифаќање не се ни спомнува. Имам и те како експлицитен пример од моја блиска околина ама не би да се расплинувам, само ќе кажам - има стари умрени за да се пеат МАМО И ТАТО иако тоа не се, нити па некако ги заслужиле овие зборови и додека тие уживаат во тој ,,благодет,, снаата да не знае нејзините вистински мајка и татко дали се живи или умрени.
     
  15. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.250
    Допаѓања:
    146.654
    Пол:
    Женски
    нема жива сила што може да ме оттргне од мојата фамилија....па кој сака нека биде...се е резултат на тоа како ке се поставиш....по секоја цена не се покорува секому..некогаш треба и заби да се покажат па и да се зар`жи ако треба :devil:
     
    На bittersweet, girl-miri и tessie им се допаѓа ова.
  16. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Го делам истото мислење како девојките над мене :!: нормално дека фамилијата си е фамилија и не значи ако се маживме и сега да ги метниме на страна па заби и тоа наострени ке покажам :D
    На мм родителите од како сум им сна секогаш биле против да се слушам со мајками таткоми или сестрами ама секогаш а додека пак мм за среќа не е таков,ама јас никогаш не престанав да се слушам со нив и секогаш кога имав шанса идев кај моите.

    Зарем не е глупаво,тие се слуша три пати на ден со нивната ќерка а другите деца се покрај нив а забрануват да се слушам со моите :x без чуства луге.
     
  17. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    жива сила нема што може да ми забрани да одам кај моите или пак да разговарам со нив. Со мајками секој ден се слушаме најмалку по 30мин разговор и во почетокот свекрва ми ми велеше како наоѓате теми за разговор, а јас само и одговарав па кога нешто те интересира се наоѓаат теми. Бидејќи сум мажена речиси 80км од мојот роден крај и во почетокот ми беше мн тешко да се навикнам па мм ме носеше 2пати месечно на викенд и свекрва ми уште во почетокот ни вика на мене и мм. Јас незнам како ви се оди секоја недела па знаете ли колку пари трошите а мм одма ја пресече, ќе одиме не секоја недела туку секој втор ден ако треба тие се родители на мила а мои баба и дедо и ако ми рече и во полноќ да одам, ќе одам на нас не ни се битни трошоците и она од тогаш си ја затвори устата и ништо повеќе ми нема речено. Во 9м кога бев бремена идодека да наполниме 40дена немавме отидено па мм секој ден ме прашуваше кога ќе одиме, на него дури и повеќе му се оди.Па и нормално дека ќе му се оди го третираат како роден син а не зет
     
    На MilaP, Adina, WarriorAngel и 6 други им се допаѓа ова.
  18. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Само кога ќе признаеме дека 70% во случаевите или жените се оттргнати од своите или мажите од нивните (ова е моја лична проценка) појасно се гледа од страна
    Јас најдов баланс од двете страни, не дозволив да дојде до муабетот ете пак ќе оди кај мајка и.... Или што не дојдеш ќерко на гости?
    Прво место ми е маж ми и децата... А за се останато ако и кога имам време
    Секој ден се чуваат деца,, обавуваат домашни обврски и се оди на работа, и тој еден слободен ден во неделата им го посветувам на мојте, а домашните го имаат секој останат во неделата
    Затоа и можеби не им пречи...
    А и не верувам дека некој ве врзал и не ве пушта да си ги видите својте, па го користите зборот виша сила...
    Да, има виша сила и не дај Боже....
    Тоа е друг муабет
     
  19. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Не знам како е можно воопшто да станува прашање за контактирање и посетување на родители. Се знае што е приоритет, се знае што е слободно време, се знае што е потреба и сл. Родител е родител и треба да се почитува. Јас редовно се слушам со моите и обавезно 1-2 неделно одам на кафе. А еднаш во две недели одиме на ручек со мм и бебето. Немам време за секој ден, а и не сакам. Имам обврски дома. А слушањето на телефон ми е ограничено во темата, не дозволувам бркање во интима (што, кој, како извештај да давам). Истото го очекувам и од мм за неговите родители. На бранам слушање и гледање доколку е во граници на нормала. Не секој саат и секој ден да знаат што правиме и не киснење постојано таму. Не сум имала до сега проблем, ама мислам дека ако не дај боже се појави, јасно ќе го бранам овој став.
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.