Сопругот ме напушти

Дискусија во 'Брак' започната од BrankicaGavrilovska, 2 октомври 2011.

  1. BrankicaGavrilovska

    BrankicaGavrilovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Бев среќна неколку месеци а сега кога треба да сум пресрекна бидејки во исчекување сум на мојот син мојот сопруг ме напушти...Целата збркотница започна уште со неговата мајка и еве како заврши ...Како да се справам со оваа ни самата незнам и секој ден се повеке и повеке се чуствувам на дното ;(
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.318
    Па напиши малку повеќе, како да ти помогнеме кога не знаеме што точно се случило
     
  3. BrankicaGavrilovska

    BrankicaGavrilovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    па све беше прекрасно се вмешаа неговите и тој како да се смени стана друг човек.живеевме оделно од нив но тие пак комуницураа и ме остави со гласна порака дека повеке не чуствува љубов кон мене ... ;(
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.318
    Па кој бил проблемот со неговите?
    Од вака оскудна приказна, како да знаеме дека ти сигурно не си крива за тоа.
    И ако навистина причината се неговите што те напуштил, тогаш не ти ни треба таков маж нели :) Ти направил услуга на време да се ослободи.Подобро така, отколку подоцна да си трпела секакви глупости.
     
  5. BrankicaGavrilovska

    BrankicaGavrilovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Da da krivicata bese toa sto gi tolerirav premnogu a negovata majka sekojdnevno se hranese so toa da me ponizi da me povredi nesto ,padna pod nivno vlijanie ...a uste pogolema krivaca mi e sto sakav da go napravam covek da mu pomognam da svati deka negovite sakaat samo da go koristat i da mu pokazam kolkava vrednost ima toj i deka ako na niv ne i znaci deka ima licnosti go sakaat go svati toa eden period ali za zal pak sve padna vo voda,a uste pobolno e sto ni malce nikade ne go stavi detetto samo rece nemal toj ubav zivot kako dete ne sakal i negovoto dete da strada ....a mene koga i da se slusneme se ponasa ko najgolem debil :(
     
  6. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    731
    Допаѓања:
    1.174
    Главата горе...нема зашто да паѓаш на дното кога тој тебе воопшто не те заслужува.
    Во исчекување си на најубавото нешто што може да и се случи на една жена, гледај си го синчето кога ќе се роди и биди најгордата мајка!
    Извини вака ама се гледа дека човеков не е доволно созреан за да биде татко...
     
    На srcekrsacka и BrankicaGavrilovska им се допаѓа ова.
  7. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.271
    Допаѓања:
    15.775
    Пол:
    Женски
    Е драга моја, тоа ти се луѓе кои спаѓаат во групата на емоционални вампири.
    Баш вчера мислам дека се отвори таква тема на форумов.
    Тие буквално се хранат со твојата позитивност а потоа ја серат (се извинувам) во негативна форма.
    Лек за нив нема, така ке бидат до смрт, негативни и ке си уживаат во мизерија. Ама ти биди среќна што навреме си се откачила од понижувања. Боже бре, си отишла во Бакингемската палата како слугинка па ке те понижува некој нели? Па дури и таму ги третират слугите со респект.
    А за “мажулето“ ич да не ти чуе. Искрено, срамота е самостоен, оженет човек, со свое живеалиште, работа и (скоро) фамилија да потпаѓа така под туѓи влијанија, а на чест нека им е на тие што ги создаваат таквите влијанија наместо да се радуваат дека фамилијата ке им се поднови и прошири... :x
    Извини вака ама...Добро бе! Колку само е дебилен тој екс маж ти! Па ебате ако несакаш детето да има неубав живот како твојот, потруди се да му го направиш животот убав а не да бегаш од него! Браво, ептен добро постапил, ај локум да му купиме.
    Знам дека ти е претежок периодов кога наместо да си со оној што го сакаш, што ке те поддржува и со кој би ја делела среќата, ти се нервираш за такви суштества, ама само главата горе и сети се дека да вредело - би траело.
    Сега ке си имаш синче, нешто што ке те сака и исполнува. Посвети се на него и докажи му на тој дудукот дека детето сигурно нема да има живот како неговиот.
    А дудукот? Е тој ке си остане дудук и forever alone и нека си се надева дека некој ден животот ке му се среди со помош на неговиот непостоечки мозок. Сама сигурно неможеш да се бориш да останеш со таков, треба борбата да е обострана, а штом нему толку му сече - батали.
    Се` најдобро. ;)
     
    На dromka, srcekrsacka, JoxyTheFreak и 3 други им се допаѓа ова.
  8. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    201
    Некати даде господ сила да избродиш се,таков човек не заслужува никогаш да му простиш.е ова е вистинско неверство ЕМОЦИЈОНАЛНО,и тоа НАЈСРЕКНИОТ МОМЕНТ ДА ТЕ ОСТАВИ,главата горе ,детето е СВЕТЛОСТА НА ЖИВОТОТ,А НЕ НЕКОЈ МОЧКО ШТО трча кај мајкаму,,,,,,Јас да сум детето ни по,,разно,,нема да го види,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,биди храбра и јака,следува нај убавиот периот за тебе,,,,,,,,,,,,,
     
    На BrankicaGavrilovska му/ѝ се допаѓа ова.
  9. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    906
    Навистина немам коментари те оставил во таква состојба :envy: сега кога ти треба најголема подршка додека си бремена па и по тоа кога ќе се роди детето. Јас мислам дека тој не заслужува ни да го погледнеш ни име да му споменеш биди силна и заборави на него бидејќи те очекуваат убави нешта мисли на детето тоа е најубавото и најневиното суштество на светот, па кога Господинот ќе се свести што загубил касно ќе му биде мислам по ова и на колена да ти падне не заслужува да го погледнеш. Брачните партнери треба да си помагаат и во добро и во лошо.
     
    На BrankicaGavrilovska му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.669
    Допаѓања:
    58.831
    Мислам дека треба некој од администраторите да и испадне во пресрет на женава и да и го сменат корисничкото име. Се потпишала целосно, веројатно заради неинформираност, па не е фер да остане така. Не пишува за средства за чистење и за крема за лице, ами за сериозен проблем.

    Чисто колку да се поштеди од сеир тука, има доволно проблеми и без тоа. :)

    А за тоа колку еден треба да биде маж, за да напушти бремена жена, не е потребно да се коментира. :x
     
    На trtla, Hellen, srcekrsacka и 12 други им се допаѓа ова.
  11. BrankicaGavrilovska

    BrankicaGavrilovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Каде се менува тоа им имее ...? :?: :?:
     
  12. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    1.879
    Не може ти да го смениш. Администраторите, секако ако можат.
    Се извинувам на офф топик, сакав да и одговорам на поставеното прашање. За темава нема што да одговорам, не сум соодветна за тоа. Само ќе речам се ќе биде во ред. Доколку се случило, така требало да биде. Секое лошо, за добро е. Со среќа :*
     
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.155
    Јас мислам дека проблемот не е кај неговата мајка туку во него. Освен што докажал дека не е спремен за обврски згаснала или ако воопшто ја имало и љубовта. Најверојатно има друга. Мајка му е само изговор зашто незнаел како да ти каже - зошто е незрел. Ова е само моја претпоставка.
    Побогу, носиш негово дете и ќе биде татко, зар не го јаде совест за родителство. Акотој немал убаво детство тогаш нека се запраша какво детство ќе има неговото дете кое нема да е покрај двата родитела. Наместо да учи од сопствените грешки тој само се дави во проблеми. Таквите не ни заслужуваат да бидат родители, а и зошто го правел ако веќ ,,не ви одел бракот,, да се иживљава со тебе или правда пред мајка му.
    Ти сега имаш за кого да се бориш, детето на прво место. Ќе ја преболиш кризата иако е тешко ама ќе застанеш на свои нозе. Таа искрена и безусловна љубов од твоето дете која ќе ја доживееш не се заменува од ниеден маж. А, и млада си, животот е пред тебе а ,,живот пише романе,, ;)
     
  14. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    5.702
    Пол:
    Женски
    Оф леле. :* Најпрво да ти кажам дека ми е многу жал што го читам ова. Мислам дека колку и да пробуваш да му објаснуваш дека неговите родители го вртат против тебе, тој нема да свати. Очигледно неговата мајка има преголемо влијание над него и доага до тој степен да ви се меша во врската и да тој прави како што таа сака. Мислам дека тоа дека не чувствува љубов кон тебе не се негови ами зборови на мајка му. Твое е во ова целаа ситуација да не се нервираш , прифати го тоа смирено бидејки како прво може лошо да се одрази на бебето. И не заборавај Леси се увек врача кучи. :) Се најдобро :*
     
  15. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.079
    Извини на изразов али сопругот твој е ГИНИДА. Типичен мамин син, како каже мама така :@ :@ . Искрено до сега сум мислела дека такви мажи што потпаѓаат под влијание на МАМИЧКА ги има само на филмови, оние холивудските. Епа сум згрешила! Колку и да ти викаме ние главата горе, можеме само да замислуваме како се чувствуваш во моментов, но јас нема да те сожалувам, туку ќе ти речам само БРАВО! Да била некоја друга одма би го абортирала детето ГАРАНТ! Верувај дека имаш причина поради која ке бидеш среќна до крајот на животот, нема да си ни прва ни последна самохрана мајка, и ич да не ти е гајле. Таков човек не само што на тебе нема да ти пружи љубов, нема да му пружи љубов ни на твоето дете ОЧИГЛЕДНО НЕ Е СБОСОБЕН за таа емоција!
    Мораш да бидеш силна ако не за себе, тогаш за твоето бебе, бидејки иако е мало и тоа ги чувствува твоите грижи.
    ти посакувам се најдобро
    :* :*
     
  16. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.082
    Пол:
    Женски
    Леле и јас не сум баш компетентна, пошто не сум во брак, ама сум твоја врсничка :) Само ке ти кажам колку што можеш НЕМОЈ ДА СЕ НЕРВИРАШ! Немој да му вртиш на телефон и да го молиш да ти објаснува, зошто- како, која е причината...Најверојатно и тој самиот не е свесен која глупост ја направил. Можеби е незрел и отсекогаш бил КРЕТЕН само што ти си го гледала со розеви очила, или едноставно е испаничен и е во шок па бега ко п**ка некоја! Во секој случај - главата горе, мисли на себе и на бебенцето, читај некоја убава книга, слушај релаксирачка музика, не мисли на ништо, одмори си го мозокот неколку дена и кога ке ти се избистри главата, тој самиот ке дојде да те моли за прошка, е тогаш размисли добро и немој да заборавиш кој стрес ти го приредил сега и што би ти приредил за неколку години ако му простиш. Важно е ти да се држиш цврсто на своите нозе.
    ТИ посакувам многу трпение и срекичка :*
     
  17. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.758
    Не е ни битна причината поради која те напуштил.
    Битно те напуштил, и тоа бремена!
    Самиот тој факт е за секаква осуда!
    Јас да сум на твое место не би седела и жалела.
    За таков човек не вреди да се нервираш. Подобро без таков!
    Гледај си го пред се` здравјето и само напред!
     
    На srcekrsacka, Pelikuna, glamour-lady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. polzela

    polzela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    2
    Немој да се нервираш.Ијас имам сличен проблем.Мене не ме напуштил ама може во секој момент да биде.Имаме едно дете сега сум бремена со второ.Кај нас се проблемот моите.Пред година дена ни побараа пари на заем 500е им дадовме рекоа на 2-3 пати ке ни ги вратат.Уште ни ѓи враќаат.Почнавме ние да заглавуваме со една плата тешко се излага на крај и веќе му зоврива.Не ми рекол ќе те оставам ама ми е страв.Не знам што да правам.Правев муабет со мајка ми ми рече на крај на месецот ќе ни ги вратат,а нас ни требаат за неделава зпшто и ние сме должни.Мислам се разболев од нервоза и секој ден само се поткаруваме помогнете дадете некој совет.
     
  19. BrankicaGavrilovska

    BrankicaGavrilovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Што сега !!!

    Ме чека развод како иде тоа ...ке имали тој право да го види детето ,дали неговите ке имаат право да го гледаат детето ,бидејки кај мене дома нема шанси да ги пуштам да влезат ....а гледам работава не се средува кога и да го побарам се поладен и поладен е груб ,со врегање дајте совет!! :yawn: :(
     
  20. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    1.515
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ќе има право да го види детето пошто му е татко, ама сеуште не ви е досудено кај кого ќе биде детето нели, пошто не сте разведени, доколку имаш работа и услови за живот можно е да биде кај тебе, тоа е најважно, а не да зависиш од друг.