Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сопругот ме напушти

Дискусија во 'Брак' започната од BrankicaGavrilovska, 2 октомври 2011.

  1. BrankicaGavrilovska

    BrankicaGavrilovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Но тој ми го дава детето значи да го гледам јас.
     
  2. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    види мила таков гад во животот не ти треба и точка.! Како грев прави тој дали е свесен???Си ја остава жената која патем е во благосостојба...ја остава тогаш кога и е е најпотребен!Само затоашто е мамино галениче ...Ти велам таков човек не ти треба...тој не си го сака сопственото дете а камоли пак тебе(немој да се навредиш ама дефинитивно е големо ѓубре).
     
  3. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Денес се шета низ земјава мила.Ич да не се чудиш.Наместо да си срекна што гнидава како што го нарече некоја дека те оставил ти жалиш по него.Не бре,не заслужува ниту една твоја солза.Мамино галениче :@ Не знае да се спротистави на родителите,но вака со тоа темпо ке си остане сам а и да биде со некоја друга таа нема да го трпи како што го трпиш ти.Детето имаш срека што ти го остава но за жал тој ке го гледа зошто му е татко.Имал лошо детство?Хахахаха,па кому му било сјајно се во детството |( .Неговите родители не се такви само,знам јас по моите баба и дедо,родителите на татко ми какви се.Не би зборела за тоа на темава за да ја влошам повеке твојата лоша состојба.

    Но зошто не зборуваш со него ти?Да му ја кажеш состојбата каква што е?стави ги сите карти на маса,ако не разбира шут карта.Биче боље верувај.Не си ти воопшто крива туку тој.На крајот на краиштата и нема потреба да му докажуваш.Тој губи не ти.Штом не сфака доволно добро некои работи значи не е зрел.
     
  4. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Епа чим ти го дава тебе тогаш детето нема да го гледаат неговите, ти кој сакаш тој ќе го гледа, само него неможеш да му забраниш да го гледа
     
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.161
    Допаѓања:
    112.920
    Пол:
    Женски
    Леле што ми требаше да го отворам овој пост срцево ми се скрши. Значи тој е дебил, непрокопсан, будала и све напогрдно што може да се замисли. Ти сега крени си глава и ич не се секирај. Иди на http://www.pravo.org.mk и барај го Законот за семејство. Таму имаш се за развод на кој колку му следува. Знам дека бидејки детето е уште неродено и е доенче кога ќе се роди по дефолт ти припаѓа тебе освен ако не се докаже дека си неспособна да го чуваш, или ако сама жената се откаже од бебето. Ти сега смири се, соземи се, за да не направиш некоја беља на детето што го носиш. И да си свесна дека тој морон можи да му текне после да те моли откако ќе му се роди детенцето да се смирите. Има и такви будали. Ајде само напред, среди се, ако треба посети психолог, и адвокат за да си знаеш на што си. Поздрав и ти стискам палци, а на тоа дно од човек подобро да не пишиувам што му посакувам.

    Вистина, дај администратори излезете во пресрет на жената, сепак осетлива е темата. Нека го смени името под кое е логирана на форумот. :clap:
     
  6. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    па и мене тоа не ми е јасно ...вика дека не сака и неговото дете да има лошо детство...а со ова што ја остава жената директно учевствува во лошиот живот на неговото дете
     
  7. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    744
    стварно кретен ама немој ич да жалиш не си ни прва ни последна.. а за развод најпрво ќе ве носат во социјални грижи и тама ќе ве испрашуват зошто сте одлучиле за развод па ќе се обидат да ве помират е дури после ќе ви дадат развод. ако едниот од вас не сака да се разведете работата ќе се влечка малку подолго ако и двајцата кажете дека сакате да се разведете ќе биде за скоро. тој можеби има поднесено веќе за развод?
     
  8. Gaabbii

    Gaabbii Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    11
    По некоја случајност го знам девојчево и ја знам одоколу приказнава и затоа би замолила да се овозможи промена на корисничкото име. Значи немам зборови. Тие негови родители се катастрофа идиоти невидени а за него и да не зборам. Девојче ти си препаметно за да дозволиш некој си за кој си правела се да ти го упропасти животот. Гледај да си се породиш и се да биде како што треба. Имаш луѓе кои што те сакаат премногу и воопшто да не се секираш. А детето ако мене ме слушаш не треба ни да знае кој му е татко зашто тој ако сега не го сака после нема зашто да го гледа!
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.407
    :@ Е не ми се верува! Се изнервирав. Сфаќам колку ти е тешко.Не сакам да го извреѓам зошто пак ќе ти биде тешко.Знаеш и сама каков човек е затоа ќе се воздржам од "епитетите" што им ги давам на таквите!
    Навистина не ми е јасно колку може да биде неодговорен.Зошто неговите така направиле,што си и згрешила?
    Ама највиновен е тој :punch:
    Не си ни прва ни последна.Собирај колку можеш храброст,и НИКОГАШ НИКОГАШ немој да дозволиш да го види детето.Бори се со сите сили.
    Не верував дека таков одговор ќе дадам,може звучи суров,но за таквите така.
    Верувам дека повеќе не го сакаш,зошто нема што да сакаш кај него,тоа е јасно.Мавни го и не му звони,за твое добро.
    Ти посакувам се најдобро и да ни пишеш како ќе ти се вика детенцето :*
     
  10. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Такви како него не се подобни да постојат кога немаат ни чувство за обврска, а секако и за куртоазија. Монструм. А него детето воопшто не му значи? Па како не му е срам? Бедник. Главата горе дрга моја и дај се од себе бебушката твоја да е најсреќна на свет. И расчисти се што како и ти посакувам што полесно да го пребродиш овој период.
     
  11. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Види,немам предрасуди,и не сакам да го осудувам мажот ти бидејќи не го познавам...ама ќе морам!
    Таквиот маж не е маж.
    Значи да си оставиш неродено дете и жена која очигледно те обожава само затоа што мамичка и татичко ти го испрале мозокот е повеќе од апсурдно!
    Горе главата.Life goes on. Сигурен сум дека со текот на времето ќе го најдиш тој што вистински ќе те сака и почитува. А не некое дунде кое ќе биде контролирано од посесивни злобни родители. :)
     
    На srcekrsacka и blond им се допаѓа ова.
  12. anni.25

    anni.25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    ти си премногу млада за да се соочуваш со такви проблеми но животот е таков мора да поминеме некои проблеми,но не треба да се разочаруваш-напротив треба да си силна имаш за што да се бориш понатака(за твоето дете).јас потполно те свајкам како ти е зошто и јас имав проблеми и со родителите на сопругот и со него.....но вреди да се продолжи понатака.треба да разговараш со него дали има намера да продолжи во животот да живее со тебе или не..разговарај со него и ке заклучиш сама што треба да правиш.дали понатака ке можеш да се потприш на него или не.мазот треба да е столб на куката а не при најмал проблем да “бега“....разговарај и со неговите за да можеш да видиш во што е проблемот..(зошто се проблемите)некогаш разговорот помага..
    ако заслужува да е покрај тебе дозволиму да биде...ако има љубов неможе така да исчезне,може се работи за некој неспоразум.само ти знаеш што се случило..затоа биди силна и направи така како што е најдобро за тебе и за детето...не значи дека сум во право но тоа е мое мислење..
    поздрав и се ке се среди.....
     
  13. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Нема потреба и јас да објаснувам каков кретен е твојот екс маж но биди сигурна дек еден ден тој моногуу повеке ќе пати од тебе.Биди сигурна во ова ...се што ти прави ке му падне на негова глава!Се додека не се свести самиот колку е глуп што вечно го слуша паметот на мајка му нема никогаш да биде среќен.И со друга да се жени истото ќе го снајде а може и многу полошо... :| А верувај дека еден ден и со мајка му ке се скара па нема да знае што го снашло.
    Ајде глават горе и пред тебе е нов живот уште си многу млада имаш време да закрепнеш и да почнеш од ново :)
     
  14. BrankicaGavrilovska

    BrankicaGavrilovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Seuste toj nema podneseno ceka da se rodi bebeto no jas ke podnesam denovive,mi kaza deka e ogorcen od mene deka se srami od mene i pak sum jas krivata za sve :'(
     
  15. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    Бранкица молим те прво имево смени го НИК или побарај помош за тоа ! После објасни дали си материјално сигурна ?! потоа дали живеевте кај неговите или посебно или кај твоите ?! како настана ја проблемите не е само од мешањето на неговите сигурно ако те сакат доволно немаше да бидит на нивна страна ! кој адут го имаат неговите да го свртат против тебе???? не велам дека имаш нешто во позадина ама за да го убедат ! Изнини Јас сум многу дрска ама со искрени прашања?!:?!?!
     
  16. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Страшно, сочувствувам со тебе, многу ми е жал :(
    Колку и да ја силиме ние, демек јако и машки, не сме Америка, тешко е, сама мора со тоа да се соочи.
    Искрено се надевам дека ке му дојде умот на тој моронот, и после за казна за ова има цел живот душа да му вадиш, и убаво да си наплатиш.
    Немој да брзаш прва со документите, почекај малку. Некогаш се средуваат работите...
    Дали мислиш дека си спремна сама да го направиш сето ова?
    Ако не, и ако не си финансиски способна, за дете и оџа се станува, и секој се поднесува и трпи, и срце да ти колни устата прошка ке ти бара. Се се плаќа, ке ти платат убаво сите кога тогаш...
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Ох, колку тешка тема. Нажалост што и да пишеме девојкиве тука нема којзнае колку да ти помогне, колку и да ни е жал.

    Види вака, не можам ни да претпоставам како функционира нешто како бракот, нешто во кое се врзуваш со збор на засекогаш. Затоа ќе го прескокнам делот во кој што ќе ти кажувам што мислам за таквите како него.

    Мој совет ти е да контактираш некој адвокат и да почнеш да се однесуваш силно и јасно и гласно да му кажеш што го очекува. Прочитав погоре дека сакаш ти да поднесеш развод од што не можеш повеќе да издржиш. Не трчај. Контактирај адвокат, нека ти ги каже правата, нека ти ги објасни твоите можности, целосната процедура и сето тоа. Нападни го едноставно, не дозволувај тој да добие како на лото, ем слободен, детето кај тебе, и да си ужива. Јас колку што знам (а во право воопшто, ама воопшто не се разбирам) ти можеш да извлечеш доволно за да започнеш нов живот.

    И мислам дека грешиш. Тој ќе ти се јави, ќе те побара а ти веројатно низ солзи ги голташ неговите зборови и не можеш да му вратиш. Стегни заби, следен пат кога ќе ти се јави изнакажи му се што заслужил. Плесни му го директно дека изговорот што си го слушнала дека сака на детето да му биде подобро е најглупавото нешто што си го слушнала во животот и дека ниту еден татко на светот не си го отфрла детето, неговото потомство, половина од неговата ДНК. Ниеден татко не си го напушта детето уште неродено, уште пред да го допре и да го виде. И кажи му дека кога веќе одлучил да влезе во брак, да прави деца тоа би требало да значи дека е зрел и дека детето не е играчка па кога што ќе му досади да го фрли. Не си му само ти родител на детето, во неговото одгледување двајцата давате еднакви средства. Кажи му дека последната фаза во која родителите го командуваат животот како марионета на човек е во основно училиште, дека дури и учениците во средно имаат свое ЈАС и дека дури тие се поодговорни од него. Си направил дете, епа сега ќе треба да се грижи за истото.

    Не му покажувај колку си скршена, едноставно кога ќе ти се јави нека добие впечаток дека си силна млада жена која може да успее во животот и без него и дека тој излегува дебил и кретен а не ти, и дека утре кога детето ќе ви порасне и разбира ти со чист образ ќе можеш да го поглднеш во очи. Сега тој е навикнат, си вели еве ќе се отарасам од оваа, преку нос и е, таа ќе потегне развод, детето кај неа, супер. Ништо да не му даваш од тоа, покажи дека имаш челични нерви, дека си преспала и дека си свесна што се случува и дека можеш без него и дека дури и кога би ти рекол да се вратите заедно ти порадо би се отрула со цијанид отколку пак со некој кој уште не го тргнал лигавчето и плаче по мама. Ќе видиш дека ќе го замислиш, потоа никогаш веќе нема да те гледа така ниско.

    И никако, никако по правен пат да не го пушташ тој да победи.
    Може ќе ти биде тој период претешко, но откако ќе заврши сето тоа ќе се благословуваш што си била силна и си пребродила такво нешто во животот. Се најубаво, доколку некогаш ти треба човек за разговор, моето сандаче ти е отворено.
     
    На srcekrsacka, Annath, Shana и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Иако знам дека маж е способен за се, не престанувам да се шокирам. Сигурно не е ни прв ни последен што така постапил, ама тоа не ја олеснува ситуацијата. Да те остави партнерот/мажот/кој-и-да-е е само по себе страшно, ама да те остави кога си најранлива, дете НЕГОВО кога треба да родиш, е тоа е да се биде и кукавица и никаквец и бескичмењак и лигуш, се во едно. Можеме ние овде да редиме до утре епитети, дефиниции и дијагнози за скотов, ама не можеме да помогнеме никако, за жал. До толку себичен да е некој, да не поверува човек. Си создал нов живот, дете сопствено и пак само на га*от да си мислиш... Да не ми се лутат малкумината машки на фоумов, ама 99% од мајките прво би помислиле на детето пред да направат нешто толку драстично.
    Од друга страна, реално, не го знам законот, но не се разведувај пред да родиш, за да му следува на детето се што треба за дете родено ВО брак. Ако се разведеш пред да се породиш (или да започнеш со развод) не знам дали имаш право на било што од мажот. Освен ако не ти е намерата да го родиш детето вонбрачно, од Х причини.
    Сега си под стрес, ранлива и крајно емотивна заради се што ти се случува. Не брзај. Насочи се кон раѓањето на бебенцето, мисли на тоа. Потоа се друго. Ако дошло до таму, разводот не ти бега, не мора баш сега да го претрпуваш и тој стрес. Ако некако можеме да ти помогнеме тука, тоа е да те насочиме да размислиш со ладна глава за некои постапки. Ќе ти треба многу (позитивна) енергија за породувањето и се што следува, немој да ја трошиш на некои кои апсолутно не те заслужуваат.
    п.с. Чисто колку за позитивен пример, мислам дека и Хајди Клум ја оставил Бријаторе додека била бремена од него, а испадна и направил услуга-сега е со маж што ја обожава и има дечиња и со него. Секое зло (на крај, после сите перипетии) е за некое добро.
     
    На Annath, Shana и myst им се допаѓа ова.
  19. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Не постојат зборови што во овој момент би ја ублажиле твојата болка. Многу е тешко кога еден дом ќе се растури уште пред да го дочека првиот потежок предизвик што животот го нуди. Барајќи ја вината во неговите родители, наидуваш на еден слеп сокак без понатамошна насока за движење. Сепак мислам дека здрав човек, зрел и спремен за брак, не потпаѓа под влијание на никого, па ни под влијание на своите родители.Љубовта е таа што врзува и ја прави врската цврста и покрај сите турбуленции на се потешкото секојдневие. Тој веќе те напуштил и тоа е суровата реалност со која мора да се соочиш, да се избориш и да ја надминеш.Причините веќе не се битни. Важно е само дека тој донела одлука, која ќе ти го промени животот во секоја смисла.
    Не жали по нештата кои се изгубени поради туѓа воља. Тој го направил својот избор, а сега ти си на потег, тој одлучил за себе, меѓутоа ти си таа која треба да одлучи за двајца, за тебе и за бебето кое го носиш.
    Замисли дека сето ова е еден голем кошмар и дека после некое време, нема да ја чувствуваш таа тежина на срцето што моментално ја носиш како товар. Еден ден ќе се разбудиш, ќе видиш дека надвор сонцето повторно грее, дека животот е убав, дека имаш причина за радост, причина да продолжиш да се бориш, причина да застанеш цврсто на нозе.
    Детето кај и да е ќе пристигне на овој свет. Треба да бидеш подготвена за многу напорен и тежок период кој следува, туѓ живот ќе биде ставен во твоите раце, невин поглед кој во твоите очи ќе ја впива мајчината љубов која треба да го надокнади и отсуството на другиот родител.
    Не е се загубено. Човекот е најиздржливото суштество што постои, се ќе помине, а како времето поминува, помалку и ќе боли. Мора да бидеш силна...твојата среќа некаде чучи те чека...Не си виновна што си се нашла со погрешен човек, на погрешно место и во погрешно време, но грешката секогаш може да се исправи...
     
    На Nine25, Theodora, srcekrsacka и 5 други им се допаѓа ова.
  20. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    само ќе се надоврзам на ГЕА

    Тоа што неможе да те убие, ќе те направи посилна. Главата горе.
     
    На Gea, Annath и Shana им се допаѓа ова.