Кој е бре тој паметњакович? ти си крива?зошто?затоа што си сакала да му укажеш на некои негови грешки?Уживај бреееееее,радувај се,таква вошка не ти треба.На светот има полоши работи отколку оваа што ти се случува.Млада си гледам,ти направил услуга со ова а животот е пред тебе.Знам дека ти е тешко.Иако го немам доживеано ова ама знам како е кога раскинеш со некој кој го сакаш а камо ли разводот.Огорчен бил?Па ти треба да бидеш.Којзнае што му ја загадиле душата на фраеров.Не го барај,не го моли се надевам дека еден ден ке сфати што направил.Кога ке ги нема неговите родители тој ке остане сам како пес на улица во зимска нок.Да сум како тебе нема да дозволувам да го гледа детето кога ке се роди.
Мислам дека по ново законот како што е, него би го гонело социјалното ако и после разводот нема никаков контакт со детето. Ама, ете, пак ќе речам не сум сигурна, од комшиски муабети ми е сознанието, така ми кажа една пријателка на свекрва ми, синот шо и е разведен. И не мора кај тебе да одат, обично мајките ги носат децата кај таткото и си одат и после децата си ги чекаат на враќање, нема потреба и многу да комуницираш со него. А за свекорот и свекрвата, ич да не му ја мислиш, тие се ко шо викаат Србите задња рупа на свирали и немаат некои ексклузивни права врз детето, нели на суд се разговара за старателство со сопружниците. Тоа е ваше дете, не е на свекорот и свекрвата, нити на комшиите. Е сега вака. Доколку имаш поддршка и можност, остави го! Ќе биде тешко сама да го гледаш детето, ама се надевам дека родителите, роднините ќе бидат тука да ти помагаат кога ќе бидеш на работа на пример. Да знаеш дека ти направил услуга како форумџиката над мене што пиша и верувај утре синот ќе ти биде благодарен затоа што си му пружила детство со помалку стресови и многу мајчинска љубов. И не го штеди маж ти од одговорности, барај си и алиментација и се Спојлер (за среќа сега ако не е пријавен некаде а зема плата, има бесплатен број да ја пријавиш фирмата, па ако не плаќа да си остане и без работа) . Штом сака да го гледа, ќе си сноси и одговорности.
јас како што свакам од ситуацијата вие сте живееле посебно од вампирите во приказнава...така да еден мој совет: иди на време кај адвокат објасни ситуација идете во суд пријави дека те напуштил кажи СЕ...скоро исто се деси со моја пријателка па сега и е по мирна главата...поради тоа што сопругот ја напушти во тек на бременост а она на време се тоа го пријави во суд и поднесе развод сега овој има право само преку два викенда да го гледа детето а алиментација секој месец...на овој родителите имат забрана на детево (бидејки бабава беше го еднаш тепала детево кога имаше 2 години и пријателката моја одма на болница и медицинско увереније доби) и сега и е мирна главата бидејки е подалеко од нив...така да мила бојле спречи него лечи не би да те плашам но ако оставиш на времето можат само да те нервират па за на крај да те извадат психички неспособна... а ти глава горе и да му пружиш најмногу љубов разбирање и почит на тоа детенце кое не е ништо криво што татко му е најголем дебил
Тешко е на почеток,но сега ти имаш за што да се бориш и да живееш,детето ќе ти дава сила да продолжиш а се си мислам дека кога ќе се породиш тој ќе дојде со наведната глава и ќе те моли ,имај трпение иако е тешко но ти не си крива за ништо ,образот ти е чист и со гордо крената глава продолжи напред ,времето лечи се . Ти посакувам сила ,храброст и среќа и да вистинскиот сепак е тука некаде ако не е твојот сопруг има друг не е ничто стршно НИКОЈ АМА БАШ НИКОЈ НЕ ЗАСЛУЖУВА ДА СЕ НЕРВИРАШ ТИ И ДА ЛЕЕШ СОЛЗИ И ДА СЕ ПОЛНИШ СО БОЛЕСТИ,ЗНАЕШ НЕРВОЗИТЕ ШТО НОСАТ НЕЛИ? А ТИЕ МОНСТРУМИ НЕ ЗАСЛУЖУВААТ ТИ ДА СТРАДАШ И ТВОИТЕ ОКОЛУ ТЕБЕ,ИМАШ СЕМЕЈСТВО И ПОДДРШКА И ИЧ НЕ СЕ СЕКИРАЈ ------ ХРАБРО ПРОДОЛЖИ НАПРЕД ЗА БЕБУШОТ
Уште овде ми остана да побарам утеха. Останав одамна без двајцата родители. Цел живот се мачев, но успеав да се исшколувам на факултет и да се вработам. Имам брат, кој е женет и има своја фамилија, но секогаш ми помага кога ми треба нешто. Се заљубив во еден човек кој ми го промена животот на подобро. За прв пат се почувствував сакана и имав некој покрај мене. После четири години врска се преселив кај него. Тој живее со мајка си. Многу се трудев таму. Одев на работа, пазарев храна за сите, плаќав сметки, чистев по дома, готвев јадење, не оставав ништо на мајка му која е болежлива жена. Отсекогаш самата се грижев за себе си, па затоа не ми беше тешко да работам таму. Кој ќе влезеше во куќата ме фалеше каква невеста донесле. (Пролетва планиравме да се регистрираме). Но, мајка му се промени преку ноќ. Почна да ме навредува што сум сирак. Почна да ме навредува за физичкиот изглед. Почна да ме навредува за облеката која ја носам. Почна да се зајадува за сите ситници. Никогаш не ми рекла погрдни зборови, но индиректно многу ме навредуваше. Јас од на работа почнав да се затворам во соба и да плачам над мојата судбина. Дечко ми ми велеше дека претерувам, дека воопшто не сум јака и да престанам да се однесувам како дете. Потоа тој почна да излегува навечер сам. Секој викенд се враќаше пијан. На мобилен му се јавуваа нови другарки. На фејсбук секогаш беше на чат со нови другарки. А, мене не ме ни погледнуваше. Ќе ме искористеше за секс и ништо повеќе. Тоа траеше цела година. Се разболив од нервоза. Ја изгубив и работата. Станав беспомошна. А, нивното однесување не се промена. Потоа почнав да си ги барам своите права, а тоа ги разлути уште повеќе. Карањето беше наше секојдневие. Еден ден ги најдов своите работи во неколку црни кеси. Повредена, ги зедов и заминав оттаму. Дојдов кај брат ми, кој ме прими и ми даде слобода колку сакам да седам кај нив под нивни трошок. Дечкото го видов неколку пати во друштво на непознати девојки. Многу ме повреди. Не знам со што заслужив да ме исфрлат како партал? Не сакам да му се јавам, да го молам, но многу го сакам. Не можам ни да замислам да се разделам од него. Се прашувам дали може да се потруди да се промени? Се прашувам каде згрешив?
Прво ми е многу жал за се што ти се случило и мислам дека не сум доволно зрела да ти помогнам. Секој од нас заслужува многу повеќе од тоа што добива. Сите заслужуваме да бидеме сакани и да не исфрлат после се направено како партал на улица. Навистина ми е жал за тоа што толку немале луѓето жал за на човечен начин да седнат и да ти кажат што е работата, а не така бездушно да ти ги стават работите во црна ќеса. На што личи тоа? Понекогаш се прашувам имаат ли луѓето во денешницава душа? Многу ми е жал!
За жал денес лугето се такви. Нема повеќе човечност, па дури ни кога си близок со некој. Ти фактички веќе си била таму, си била дел од тоа семејство, а се однесувале така. Дотогаш биле беспомошни и затоа биле добри , но кога виделе дека има некој кој им угодува во сѐ и сешто, си ги покажале рокчињата. Затоа во ова време народото е расипан, имаш искуство со секакви личности и да си добар, ќе станиш лош. Но ова нивното е веќе нечовечност. Затоа памет за друг пат, немој никогаш ама никогаш повеќе така некому во сѐ да му угодуваш. Биди си добра, онаква каква што си во душата, ама биди секогаш внимателна, биди итра и прати ситуација одоколу. Немој ни да помислиш да му се вратиш и да те бара, колку и да ти ветува дека ќе се сменат работите. Еден ден ќе дојде твоето, и сигурна сум дека ќе завршиш на среќно место со човек кој вистински ќе те сака и почитува. Но запамти, очите секогаш отворени цел живот, и баш тогаш кога си мислиш дека можеш да се опуштиш и целосно да им веруваш, немој ни тогаш. Угодувај, но со мера.
Оф, колку само ме потресе...душичка. Вака (иако можеби тоа не е најбитно во моментов) не си смеела да дозволиш да ја изгубиш работата заради такви вампири (извини на израз). „Секогаш надевај се на најдоброто, а очекувај го најлошото“, јас се водам според ова правило. Затоа што во животов не можеш да бидеш сигурен ни во твојот родител, а не пак во некој друг. Да, сакам, сум правела жртви и сум се борела за љубовта, но никогаш не сум престанала да се борам и за себе и за својата независност од други луѓе. Кога почнавме да живееме заедно, тој период јас станав многу повлечена од траумите кои ги доживеав за кои имам зборувано по форумов и лекар ми препорача да си водам дневник во кој ќе ги внесам и моите најдлабоки стравови и најскриени намери кој никој го нема видено, дури ни мм. Еве баш твојава приказна ме натера да го отворам и да споделам 2-3 реда од тоа што го имав напишано неколку дена пред регистрацијата. Никогаш, ама никогаш не смееш целосно да се препуштиш некому во животот. Луѓето грешат, но грешките не можеме да им ги предвидиме и ма колку и да ги сакаме, мора да бидеме подготвени за нив. На врската и бракот со ова муле, поарно ти е да пишеш пропало, и да сака назад, јас лично не би му простила. Крени ја главата и продолжи понатаму. Знам, боли, најверојатно никогаш не си се ни надевала на вакво нешто. Кога ќе се чувствуваш подготвена, повторно отвори го срцето, но секогаш чувај дел од него и за себе. И кога ќе бидеш со некого во иднина...гледај од самиот почеток да застанеш за своите права, не чекај да се влоши состојбата. Јас не сум сирак, но моите беа многу лути, сакаа да се откажат од мене, ме отпишаа од тестаментот и секаде зборуваа најлошо за мене, исто како да немав родители. Но тоа не ме направи несигурна, од прв ден ги седнав сите на маса и разговаравме и им кажав јасно и гласно какви видови на понашање нема да толерирам. И толку беа запрепастени од мојата силна воља и самодоверба што не се ни осмелија да ме прашаат „А шо ако не бидеме фини?“ Туку видоа дека разговараат со зрела личност која е тотална спротивност на она кое се зборуваше за неа. Добра сум, карактерна, постојана, сакам да помагам, зашто да не го добијам истото за возврат, нели?! И најважно, во иднина, увери се дека човекот покрај тебе е доволно силен да се бори за тебе. Во спротивно, џабе те сакаат негови роднини од 1 до 15то колено. Среќно !
Си му се сервирала на тацна ете таму си згрешила. Луѓето имаат една лоша особина да не го ценат тоа што лесно го добиваат. Од тебе добил сѐ, жена, слугинка, готвачка, перачка, секс кукла и си му досадила. Не е во тебе проблемот у никој случај, чим те исфрлиле со црни кеси да се надеваш таму да се вратиш ќе ти биде нешто најглупо што можеш да замислиш освен ако немаш потајна желба да живееш како робинка и да бидеш константно понижувана и варана. Врти нов лист, бриши ги сите фотографии и телефони и почни да излегуваш со луѓе да те види воздух. Ова сфати го како едно непријатно искуство да научиш какви луѓе има и дека не смееш друг пат толку да трпиш. Секое искуство се плаќа, сметај дека еднаш скапо си платила и да нема втор пат.
Нејзината добрина и понизност немаат никаква врска со нивните погани и расипани души. Во вакви ситуации, жената е најмалку виновна. Секому може тоа да се случи, за жал.
DigY девојката има проблем, а ти извини така ама не знаеш што пишуваш Знам дека ти си разведена и знам дека можеби те потресало сето тоа што ти се случило ама не мора да велиш и на другите дека ќе имат уште многу такви што ќе ги напуштат.
Искрено извинете ако се сконцентриравте баш на најНЕбитниот дел од мислењето. Највеке што сакав да кажам е-главата горе. Може на погрешен начин го кажав тоа. Се извинувам уште еднаш.
Оваа тема многу ме погодува иако немам а се надевам дека и нема да имам вакво искуство. Што им е на ваквиве мажи ке оформат семејство и утре сакат да го напуштат. Жените им перат ,чистат , готват и на крај да ги остават срамота. Затоа прво себе сакајте се а потоа мажот , негувајте се пазете и малце себичност не е на одмет. Никој не е над вас и вие не сте должни на никој да му бидете слуга.
Дали знаете што се случи со Бранкица?се потсетив на нејзината приказна,а не кажа како заврши,се породи,како е?знае некој?
во денешно време на нас девојките да ни е страв да помислиме на мажачка од вакви проблеми-кои можат да настанат или да излезат на виделина кога најмалку очекуваш Господ нека ни е на помош, и секако очите ширум отворени
Вака ко прво ке ти кажам ни под точка РАЗНО немој да се обвинуваш себеси и да му се молиш да ти се врати, уште го сакаш? Верувај ми сега си само исплашена затоа што си останала сама, мислиш дека без него не можеш да живееш бла бла. Соземи се, одмори се од измеќарството, полека крени се на нозе, побарај работа, разубавувај се. А тој неизживеам вол ке те моли на колена да му се вратиш, ке видиш, затоа што во денешно време е тешко да се најде таква жена како тебе, сите гледаат да ги налакираат ноктите и нозете во вис. И немој да заборавиш случајно како те навредиле и понижиле во таа куќа, како те искористувале ко да си некој предмет. Запамти ги овие денови и сите претходни солзи заради тие двајца монструми. Немој, немој да се понижуваш и да му се молиш, да се прашуваш до бесконечност зошто и каде згреши. Ова нека ти биде поука, немој да бидеш толку наивна и на сите да им веруваш, намој да дозволуваш да бидеш малтретирана и третирана како слугинка, ало? Баш дека си без родители, треба да те ценат повеќе, а не да те потценуваат, сама си се изборила во животот, треба нозете да ги бакнат такви паразити како нив. Имаш факултет, имаш брат кој те сака бескрајно, имаш големо срце. Нема зашто да паѓаш у очај, можеби подобро што вака се случио, намаш детенце кое би ги трпело овие понижувања и проблеми. Почни нов почеток. Со среќа
Среќа само мила, среќа и ништо друго. Секако, кога ќе дојдат тие работи 16 очи мора да отвориме, ама факт е дека никогаш не можеш да си доволно претпазлив.Какви се` не глумци има, родителите можат да ни` ги прелажат, не пак нас самите, глумат цели врски, 10 години брак ќе ти ги изглумат како ништо... За жена само среќа да има...
Во никој случај немој да се обвинуваш себе си само биди благодарна што си се тргнала од такви луѓе.Жал ми е за се што ти се случило и знам дека колку и да ти збориме ние тука нема болката да помине туку така но барем колку толку да ти ги отвориме очите и да видиш дека од сето ова има и позитивни ствари а тоа е што повеќе не си со него,извини можеби звучам малку сурово но така е таков човек не те заслужува.Замисли утре во брак со него па и дете цел терет во куќата на тебе а одозгора и неблагодарни и ке трпиш тортура.Не можам да сватам само што е со луѓево што се вика ти со леб они со камења.Немој ни да размислуваш да се вратиш таму затоа што ништо вредно не си изгубила,смири се малку почни си од почеток ако ти е тешко исплачи се и со тек на време ке помине,среќата му стои на секој.Во иднина отвори убаво очи биди малку посебична не давај се до себе гледај другата страна да биде таа што ќе прави повеќе и што ќе се труди.
Ви благодарам од се срце за подршката и убавите совети. Знам дека ќе ми треба многу сила за да можам да го пребродам овој период. Најтешкото ми е што сум сама. Имам голема подршка од брат ми со снаата, но сепак тие се едно семејство и не сакам да им бидам на терет. Кога конечно мислев дека најдов свој дом, дека си ја најдов среќата и човек кој неизмерно ме сака и почитува, јас изгубив се. После толку време што поминавме заедно, тој одма се препушти на други жени. Тоа е плус, за што не би му се смирила...
Заборавај го! Тој не е човек. Не заслужил девојка како тебе. Тешко е но почни да живееш нов почеток ... Веројатно е ова нешто што се случило со причина. И подобро сега кога и не сте биле толку сериозно навлезени во брачни води и плус со деца, тогаш би било многу потешко. Среќа што братот и снаата ти се нашле во овој лош период. И научи дека не треба да повладуваш секому, научи да си прво ти најважна сама на себе, стани по себична во секој поглед. Времињата се многу по сурови мораш да бидеш резервирана со секого, да очекуваш се и немој да си никогаш сигурна до крај за било што. Сметам и дека ќе научиш како да се измениш за свое добро. Ти посакувам многу подобар почеток и многу посреќен живот понатаму.