Луѓе дали вие сфаќате дека жртвата на манипулатор не е ни свесна дека е жртва? Дека нема да побара помош на ниту еден начин, затоа што е изманипулирана до тој степен да мисли дека е таа виновна за се што се случува? Дали навистина мислите дека ако е некој свесен до тој степен да гледа видеа за манипулатори во брак, би дозволил да се случува се што се случува? Еве пример опишала @1209 подолу за да сфатите што зборувам... И тој што е жртва верувај најчесто нема ни инстаграм, затоа што манипулаторот ќе се обиде на секаков начин да те дистанцира од светот за да заборавиш што е нормално и да веруваш само во неговите зборови. Да може да те контролира.
Сум бил во таква врска. На почетокот мислев дека сум будала, шлакнат, дека нешто ми фали. Сосема случајно наидов на такво нешто и прогуглав нешто повеќе. Инаку да, во поголемиот дел не се свесни за жал...
Да, мислам веројатно жртвите нема да гледаат видеа, овие едукации се повеќе за луѓе што се во близина на жртвата да препознаат ако треба да делуваат, оти жртвите особено ако се слаби со подршка од околината(а манипулатор најчесто ќе се погрижи за тоа) нема да се свестат, нема ниту да превземат нешто оти буквално манипулаторот ќе ги убеди дека тоа не е така…
@1209 па не ми личи ко дедо ти да е манипулатор и нарцис во блага форма, после се што и сторил на баба ти, а ти уште го сакаш и почитуваш... Исто како што ја манипулира неа, така и вас. Ќе да е некој социопат.
Да точно, за сите други е најдобар. Ние касно му го сфативме понашањето оти како деца не разбиравме такви работи, ама мајка ми вели дека додека биле млади не било вака изразено, мислам вели дека особено сега во староста се има многу сменето, може предходно баба ми имала повеќе сила и не дозволувала до тој степен да дојде, може он со текот на годините се сменил(фактор е што пак почна да пие пред некоја година, од моето раѓање па до скоро 5-6години не пиеше значи 30+ години трезен) може алкохолот кај него правел нешто. Не знам, искрено не можам да не го сакам, направил многу за нас и и за моите, секогаш ни бил од помош за се, никогаш не не има одбиено за ништо, на сите сестри исто и финансиски и секако има помогнато, внуците сме му се на светото, буквално ништо лошо немам лично од него освен тоа како ја третира баба ми, ама секако ние не дозволуваме да има толку моќ. Сега брат ми е таму и го контролира, и не сме дозволиле баба ми да страда ради него, секако дека оди и на лекар и се што треба и е купено. Него сакам да посочам дека на стари години станува уште пострашно кога жртвата нема веќе избор.
Искрено, мислам дека секој е манипулатор на одреден начин, поготово во брак и поготово со деца, секој еден гледа да си олесни, да изманипулира барем малку за да префрли товар или вина. Може сум песимист во овој поглед, ама нема човек да не се жали дека понекогаш е манипулиран од партнерот, за одредена цел. Едино степенот на манипулација што се разликува, ете има нарциси и социопати што тоа го прават во секоја прилика и секогаш, притоа не чуствувајќи грижа и срам. Со таков ако решиш да живееш само сурово и храбро, треба да си свесен и постојано да се бориш за себе, ама па што живот е тоа.
Не мора да значи дека е до толку. Можеш ти да имаш и иг, и да не си дистанцирана, ама сепак да ти ги знае слабите точки и тоа е и повеќе од доволно. Ете најчестата - ЌЕ ТИ ГО ЗЕМАМ ДЕТЕТО. Убаво кажа @MissChievous , со такви само сурово, храбро, тој едно-ти пет, ама тоа живот не е секако.
Цк. Манипулаторот баш тоа го сака, ти да реагираш на неговата манипулација за да може да те направи луда. Тој едно - ти блок. Така само со нив.
Абе ти секако си луда за него, тој е топ де ла топ. Ама знаеш дека еднаш блок, два, три, пет пати...и после веќе посилно е од тебе. Така блок по блок и скроз ќе се опушти, не дека и така не е опуштен. Немаат кочници, нема живот со такви, ама дефинитивно премолчување на такви - не.
Ако некој решил да живее со таков партнер, како ќе функционира со блок? Според мене треба нонстоп да се дава до знаење дека не може да го погази. И вадење низ нос сите постапките нарцисоидни.
Епа добро кажа. Живот со таков човек не е живот. Џабе ќе се мачиш. Затоа викаме дека един спас од манипулатор и да го тргнеш од животот и да прекинеш секаков контакт. Само тогаш он нема контрола врз тебе. Инаку се повеќе ќе пропаѓаш.
Пишав горе. Тоа веќе нема да биде брак, туку борба на 2 гладијатори, ќе ти се наруши психата. Со таков човек не треба да се живее.
Да го сториш тоа, треба прво да си свесен што ти се дешава. Проблемот е додека укапираш дека некој по некаков начин те манипулира. После можеш да правиш план, како да се спашаваш. Нормално дека блок и игнорирање е најдобро, ама како ако те вози психички постојано и секој ден работи на тоа, ти да се осеќаш мал и незначителен.
Е тоа е зафркнатото. Оти прво ќе се напраеш од гомно понадоле додека сфатиш оти треба да си заминеш од таков човек.
Види, ова е многу длабока и комплексна тема. Да немаш дете и да избегаш подалеку е најлесниот пат. Се' друго со вакви луѓе е многу тешко решливо, со дете уште потешко, земајќи во предвид дека живееме во земја во која нема закон. Посебно па ако е повлијателен, не знам баш дали е така лесно како што го опишуваш. Во земја на продадени души, за некое евро во џебот на тие што треба, има мме да ти расплаче.
Абе знам, не ми кажувај на мене. Го поминав тој пат. Затоа пишав во првиот пост, барајте помош луѓе, од било кого, од фамилија, пријатели, полиција, било кого. Друго е кога имаш грб. Тешко на оние кои го немаат.
Епа баш тоа е темата бе Адидас, да споделиш како си паднал у замка, што те освестило и како си се спасил.