1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сопруг/партнер манипулатор

Дискусија во 'Психологија' започната од Viveki, 18 октомври 2024.

  1. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.314
    Допаѓања:
    26.968
    Пол:
    Женски
    Па ајде споделувајте :rofl:
     
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.093
    Допаѓања:
    188.466
    Што да споделуваме? Или сме немале такво искуство или уште не сме се освестиле дека имаме.
    Можам да споделам за дечко, какви идеи имал тој, какви јас, ама не ни се поклопиле идеите и сме заминале секој по свој пат. Нема многу врска тоа со темава.
     
    На Antebellum, Marijana93 и Adidas888 им се допаѓа ова.
  3. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.314
    Допаѓања:
    26.968
    Пол:
    Женски
    Аман, ти викаш тоа нема врска со темата, другата вика дека треба да споделуваме....
    Нека дојде тој шо ја отвори темата и нека каже како треба :rofl:
     
    На neno0o и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.151
    Допаѓања:
    175.074
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ова е многу важна дискусија која треба да ја имаме. Пошто од то шо ве читав сега, многу мислат дека справување со манипулатор е лесно и као видео можи да го реши. Реалноста е дека ... не можи. Многу е лесно да се справиме со некој манипулатор во рана врска одма после розовите наочари, кога не е многу спретен и едноставно ги гледаме неперфектните аспекти негови. Многу е тешко да се справиме со манипулатор во кој сме заљубени и кој е спретен за тоа пошто не сме во можност да видиме шо уствари се случва. Некој од страна можи да види, да и зато системот на поддршка е важен. Едноставно шо сакам да кажам е, жртви на манипулатори се и понатаму жртви. Нема шо тука да се дискутира на долго и широко како некој е посупериорен пошто препознал знаци порано. Се игнорира емоционалниот аспект и се игнорира дека секој манипулатор не е ист. Не можи и не треба вина да се става на жртва во ни една ситуација, па ни во оваа.

    Толку имам да кажам зошто од оние први манипулатори само сум имала во животот, низ кои можиш лесно да видиш. И то не го велам дека ме прај „попаметна“. Оти не ме прај. Едноставно прај да се осеќам како да сум имала среќа до сега да немам посериозно искуство со тоа што не сум налетала на таков чоек. И уствари тие кои ете не сме имале вакво искуство, баш то треба да го имаме на ум. Дека едноставно сме имале среќа да не налетаме на таков чоек или сме имале среќа да имаме систем на поддршка кои успеал да не тргни од таков чоек. Воедно, да идентификуваме дека не секој ја има истата среќа и истиот систем на поддршка.

    Пак сакам да повторам, ако некој е жртва на манипулатор значи дека е жртва. Не бараме вина во жртва и да градиме можни сценарија за ситуација шо се случила.
     
    На butterfly6223, M&M, FridaodaMk и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.366
    Допаѓања:
    90.358
    Пол:
    Женски
    Прво, жртвите на личност со нарцисоидно пореметување на личност, не приметуваат дека се жртви ниту можат да се изборат со овие манипулатори.

    Ќе приметат дека тешко оди комуникацијата, дека не можат да му пренесат што мислат, да се објаснат, ќе приметат извртување на факти, негирање на истите и обвинување и убедување дека секогаш си ти крив од страна на нарцисот манипулатор.

    Ве прави виновник толку ефикасно што почнувате да верувате дека сте вие навистина криви.
    И кога ќе ве измачи и ќе реагирате бурно , ќе ви впери прст и ќе ви рече ете ти реклв не си нормална.
    Тоа е кај сите.
    Единствен начин да се справиш со него, е да побегнеш од него.
     
    На hermosa, Skorpija25, M&M и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Deus ex mahina

    Deus ex mahina Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    314
    Пол:
    Женски
    Затоа што не секој туку оние што во минатотото биле ранливи се лесна мета на вакви манипулации. Деца израснати во нефункционални семејства, нарцисоидни родители и слични злоупотреби кога ќе пораснат најверојатно ќе продолжат да го прават она што најдобро го знаат, да ги повторуваат овие шеми на однесување и страдање и со тоа и шансите да завршат покрај вакви манипулатори.

    Оние растени во сигурна и заштитничка средина, многу побрзо ќе ја препознаат манипулацијата и ќе побараат излез час поскоро. За танго треба двајца.
     
    На Trexane, Mrs. right, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.957
    Допаѓања:
    8.866
    Пол:
    Женски
    Може јас не сум ни соодветна да зборувам на темата, со оглед на тоа што не се работеше за брак, туку за врска и овде излегувањето е прилично поедноствано.
    Кога веќе се вмешани деца, целиот проблем добива уште поголема тежина, ама Адидас е во право што рече, дека мора да се стори се возможно да излезеш од тој брак, оти во спротивно е пекол.

    Дали манипулација е овде и правиот збор или контрола, мислам дека е само нијанса или терминологија. Воопшто не битно. Оти воспоставувањето контрола врз поединецот, е неговата цел за долгорочна манипулација.
    Каков вид на манипулација, што сака да добие од тебе, дали само да си го храни егото, или да профитира финансиски или што и да е, зависи од неговите потреби.

    Јас и ден денес се прашувам и се мислам зар е можно некој со однапред испланирана агенда, да си бара жртва или иде на принцип како значиш, така привлачиш. Не знам.

    Знам само дека јас после таа врска, можам да ги препознаам од далечина и поспособна сум да ги преценам луѓето. Фала му што ја уби наивноста и несигурноста во мене. Ме направи далеку посилен човек.

    @Adidas888 ги напиша фазите ептен убаво, а @Cosmi е во право, дека жртвата секогаш е некој емпатичен, со некоја (нездрава) потреба да спасува и помага.
    А ти си во право дека образованието и интелигенција воопшто не е битна.

    Може ќе звучам нескромно, ама јас себе си се сметам за паметен, работлив и пресметлив човек. Може тоа беше и клучно кај мене, работливост и желбата да сум самостојна. Мислам дека он направи погрешна преценка, што на крај му зададе голем удар на егото, па резултира со уште поголеми глупости.

    Ги поминав буквално сите фази, со шармирање, комплименти, длабоки разговори, па убедување дека никој не чини. Другарките не ми чинат, моите не ме поддржуваат доволно, пријателите се само од корист. Само он.
    Па љубомора со обвинување дека зрачам со некоја недоверливост.
    Барање да сме постојано заедно. Правење дека сум нестабилна. Неговите зборови толку добиваа на тежина, што полека почнував да верувам во нив.

    Мене ми стана премногу, се гушев. Се изгубив јас, моите планови и сонови, не изгледаше нормално. Не бев среќна. Сакав друго, ама како да немаше друго.
    Изгубив една година и ситно со него, кај што емотивниот момент што го искористи против мене беше болеста на мајка му, која после почина и мојата наивност не дозволи да му раскинам, за да не го повредам.

    Ова ми е лекција за четири животи, релативно касно ја научив, никогаш ама никогаш, без разлика во какви околности сте, не заборавајте дека вие сте на прво место во својот живот.

    Почнав да се повлекувам, да пробувам да се социјализирам повторно, да најавам крај на врската.
    Е овде ескалира, почна со уцени, па да ги спамира другарки, роднини, познаници.
    Ми пишуваше од сите можни места, лажни профили, мејлови, броеви.
    Блокирав, ама упорно се враќаше. Велеше дека нема да дозволи да бидам среќна во ниедна наредна врска, дека никој нема да ме сака и онака сум стара (средни дваесети). Да, да со тој филм.

    Е тука веќе збеснав. Не можев да дозволам на гомно од човек да ме тероризира.
    На крај собрав се што имав од она што ми го праќаше, отидов кај адвокат, па отидов во полиција и толку беше. Таквите ликови покажуваат сила најчесто само врз жртвите, инаку се слабаци.

    Прекинав секаков контакт со него. Никогаш повеќе не одговорив на порака или провокација, директна или индиректна. Остава и после некој период, некое глупо чувство на несигурност кај тебе, ама со работа и посветеност на себе си, се враќаш во колосек.

    Никој ама баш никој не е вреден, да трпиш терор од него. Начини се има, храброст треба. А колку подолго некој работел на тоа да ти го скрши духот, толку потешко е.
    Јас мислам дури на крај сфатив дека пробува да ме исече од се' и да ме контролира, не ни бев свесна.

    Како и да е, среќна сум што прекинав пошто сега живеам. Помина многу време од тогаш и јас успеав да си ги реализирам па скоро сите планови, а и многу повеќе отколку што мислев дека можам.
    Една трошка надеж и поинаков поглед на светот, некогаш прави цел еден нов свет.
     
    На GirlLove, Skorpija25, smooch и 34 други им се допаѓа ова.
  8. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.314
    Допаѓања:
    26.968
    Пол:
    Женски
    Мило ми е за тебе :hug:
     
    На Biljarkata, SummerGirl, sino.o.oka и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.489
    Допаѓања:
    10.533
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам што сподели.
    Јас ова што си го пишала го живеев 8 години.
     
    На Ariel, M&M, FridaodaMk и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    10.163
    Пол:
    Женски
    Толку на темава. FB_IMG_1728824582573.jpg
     
    На Larea, Skorpija25, butterfly6223 и 15 други им се допаѓа ова.
  11. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    2.260
    Пол:
    Женски
    Јас не можам да проценам искрено кој е таков,а зошто не знам.
    Порано имав му кажано на еден дека е таков,ме убедуваше дека не е точно,така да...глупа тупа во такви проценки нема до каде :shake:
     
  12. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Си имала работа со повеќе од манипулатор.
    Како и да е, мило ми е што релативно брзо си увидела и си излегла.
    Животот е еден, премногу краток, за некој да ти го ремети мирот и да сака да направи да го живееш како тој смета дека требаш.

    Онака општо, мислам дека самодовербата игра многу улога. Кога се цениш себе си, многу потешко ќе паднеш на манипулација, и да паднеш, многу побрзо ќе се освестиш. Проблем е кога луѓето сами себе не се почитуваат доволно, па лесно може да ги убедат во сешто.
     
    На Skorpija25, Outlook, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.489
    Допаѓања:
    10.533
    Пол:
    Женски
    Зависи колку манипулацијата е јака.
     
  14. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Па да, ама некако широк спектар има манипулацијата.
    Страшно е кога е испреплетена со опсесија или демнеење или слично.
    Меѓутоа, манипулација е и едно просто испревртување на зборовите во банална ситуација, каде последиците можеби не се страшни, но сепак станува збор за манипулација.
     
    На Outlook, Viveki и Emy867 им се допаѓа ова.
  15. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    3.690
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира од каде им нагон и желба за вакво однесување, да контролираш, уценуваш, омаловажуваш некој... Најверојатно од недоволно внимание или...? Си имаат психички нарушување тоа гарант, ама од каде е коренот?
     
    На Skorpija25 и Deus ex mahina им се допаѓа ова.
  16. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.489
    Допаѓања:
    10.533
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е најчесто некоја траума од детството. Коренот е таму, биле жртви кога биле деца на некоја околност, без можност да се заштитат. Па сега како возрасни кога ја имаат контролата веројатно наоѓаат жртви, свесно или не свесно.
    Не знам можеби грешам...
     
    На Skorpija25, M&M, Trexane и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Deus ex mahina

    Deus ex mahina Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    314
    Пол:
    Женски
    Некогаш се маладаптивни нарушувања на личноста, најчесто и самите биле жртви во раните години од животот, кај нарцисоидноста е скршено его кое постојано компензира и контролира а кај социопатија е губење на секаква емпатија поради надворешни притисоци.

    Кај некои други нарушувања како психопатијата се смета дека има генетски фактори, ама тешко е да се објасни која би била еволутивната предност на нешто толку екстремно...
     
    На sonuvana, gjoker4e, Antebellum и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.316
    Допаѓања:
    21.557
    Пол:
    Машки
    А дали може некако да се помогни/излечи и слично?
     
  19. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.721
    Допаѓања:
    98.704
    Не се лечи нарцисоидно нарушување.
    Мн е почесто кај мажи, а кога е појава кај жени е далеку во поблага форма.
    Наследно е (од татко на син), исто ако имал таков рол модел во фамилија го прифаќа како 'нормален' начин на однесување, некаде пишува дека се јавува и кај презаштитени деца...
     
    На mal.ecka, GirlLove, Skorpija25 и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.316
    Допаѓања:
    21.557
    Пол:
    Машки
    Јас мислев со малку повеќе разбирање, љубов и поддршка би биле подобри/задоволни и слично..