Сопруг/партнер манипулатор

Дискусија во 'Психологија' започната од Viveki, 18 октомври 2024.

  1. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.784
    Допаѓања:
    98.958
    Нарцис ќе биде задоволен кога врбата ќе роди грозје :)
    На глава да стоиш, не чиниш.
     
    На mal.ecka, Skorpija25, Outlook и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.415
    Допаѓања:
    27.497
    Пол:
    Женски
    Цк. Многу тешко се лечи манипулатор. Пошо они знаат многу убаво како се чувствува жртвата и го искористуваат тоа во нивна полза за да воспостават контрола врз неа, а притоа НЕ ИМ Е ГАЈЛЕ дека ја повредуваат. И никако не сакаат да сносат одговорност за тоа.
    Значи повредуваат свесно ама не им е гајле. А на човек шо не му е гајле шо ќе му прајш?
     
    На mal.ecka, Skorpija25, M&M и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Deus ex mahina

    Deus ex mahina Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Како лаик не знам, дали личноста останува иста и неменлива или се моделира е можеби прашање за милион долари.

    Има субреддити за луѓе дијагностицирани со вакви нарушувања, и ќе прочиташ дека многумина од нив стануваат свесни за своите постапки главно после поголеми депресивни епизоди. Со многу работа и менторство дел од нив успеваат да најдат некој прифатлив испуст за своите импулси, но патот до тука е долг и непредвидлив.
     
    На M&M, Viveki, Marijana93 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.415
    Допаѓања:
    27.497
    Пол:
    Женски
    Да, ова е точно, ама само ако сакаат. Ако имаат желба да се променат.
    А повеќето манипулатори нема да признаат дека манипулираат и дека им треба помош.
     
    На GirlLove, st-el, Viveki и 2 други им се допаѓа ова.
  5. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.900
    Допаѓања:
    11.047
    Пол:
    Женски
    manje vise vo takva situacija sum
     
    На Viveki му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    57.393
    Пол:
    Женски
    Оф имам за зборување на темава.
    Само тие кои имале искуство со ваква личност знаат како е. Другите ретко кој имаат разбирање, дури се дрзнуваат да ја обвинуваат жртвата дека била глупа и заслепена од љубов. А да си изманипулиран нема врска со интелигенција, заљубеност, туку најмногу со рано детство, рани искуства, однос со родители и сл.

    Манипулатор може да се преправа дека има добри намери и те сака долго време. Успева буквално да те убеди дека има најдобри намери за тебе, и дека ако се сомневаш во тоа си параноична. Сака да те промени и обликува онака како тој сака, притоа убедувајќи те дека тоа е најдобро за тебе и ти веруваш во тоа бидејќи веруваш дека те сака.

    Некои манипулатори се опседнати со тебе, обожаваат да ти го контролираат секој чекор и сакаат да ја поминуваат секоја секунда со тебе, а други се ладни и како незаинтересирани доволно, што те прави уште повеќе да се "бориш" за нивно внимание и валидација.

    Но некогаш, ако имаш среќа, има моменти кога се уморуваат од сета таа глума и енергија која ја вложуваат да те манипулираат, па почнуваат да си го покажуваат лицето. А тебе те мава еден шок, како можеле воопшто толку време да се преправаат, а ти како можела да си слепа. А вистината е дека само си подпаднала под манипулација, си поверувала во нечии зборови бидејќи имало моменти кога навистина се чинело дека имаат најдобри намери и те сакаат.

    Ваквите личности најчесто се лепат за емпати, добри души, што исто така имаат синдром на спасител, што дури и кога ќе сфатат дека нешто не е во ред сакаат да ги "спасат" и да ги натераат да станат подобра личност.

    Но баш како што рече Адидас:
    тие знаат дека тоа што го прават не е во ред, но не им е гајле дека повредуваат. Не уживаат во повредување, едноставно не им е гајле.

    И вистинска среќа е ако манипулаторот сам е иницијатор на прекин на вашиот однос, бидејќи сепак има човечки дел во себе покрај сето пореметување да не ве повредува и понатаму, признавајќи вина за сѐ и пуштајќи ве засекогаш.
    Верувам дека има и повеќе видови манипулатори, бидејќи има разно разни пореметувања на личноста и комбинации меѓу нив. Не се сите "злобни до коска", и тие некогаш биле жртви и се борат со свои демони, само многу ретко кој презема одговорност за тоа за да стани подобра личност. Поголемиот дел продолжуваат со истото, ќе најдат нова жртва, а некои сосема ќе се повлечат во својот свет незаинтересирани за формирање блиски врски со луѓе.

    Ако сте биле во ваква ситуација никогаш немојте да дозволите да ве омаловажуваат дека сте биле глупи, слепи, кај ви бил умот ко сте го бирале. Тие што го велат ова самите не се подобри од манипулаторите чии жртви сте. Едноставниот лек е, бегајте.
     
    На Skorpija25, Ordinary, M&M и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    9.391
    Пол:
    Женски
  8. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.375
    Допаѓања:
    37.496
    Пол:
    Женски
    Не можам цела тема да ја читам?
    Манипулатор и нарцис исто е?
     
  9. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.415
    Допаѓања:
    27.497
    Пол:
    Женски
    Не е исто.
    Манипулаторот сака да контролира и манипулира.
    Нарцисот за себе мисли дека е најубав, најпаметен, најработлив од сите.
    Честопати се случува манипулаторот да има нарцисоиден карактер.
     
    На GirlLove, Skorpija25, Feniksgirl и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.269
    Допаѓања:
    189.647
    Дали е тоа као секоја втора свекрва уствари?:smirk:
    Дали еден таргет имаат за манипулирање или сите се таргет?

    Без иронија и обид да ја саботирам темата, се трудам контекстуално да ја разберам.
     
    На M&M, LiquidLuna, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.415
    Допаѓања:
    27.497
    Пол:
    Женски
    Неее, свекрвичките не мислат за себе дека се најдобри од сите, само мислат дека се подобри од снаата и тоа од инат :rofl::rofl::rofl:
     
    На GirlLove, Skorpija25, M&M и 3 други им се допаѓа ова.
  12. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.464
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Манипулаторот добро ја избира својата жртва, на почетокот гледа да те придобие на секаков можен начин, кога ќе знае дека си тука нема да одиш никаде почнува да те манипулира. На почетокот се ситници, после период веќе се големи работи. Може да те доведе до степен каде ти не знаеш ништо, твоето мислење не вреди, ако влезиш во конфликт секогаш си ти крив, можи толку да ти ја наруши самодовербата до степен да се преиспитуваш каде грешиш, да бараш за се вина во себеси. Манипулаторите се со нарцисоидно пореметување, они пред околината се нај нај, а зад затворени врати ситуацијата е скроз различна. Е сега зависи од себеси дали ќе се свестиш што ти се случува, дали ќе решиш да прекиниш, или ќе живееш во таа токсична средина каде ќе си нарушиш психа за некое говедо на кого му треба помош од стручно лице
     
    На Skorpija25, Outlook, Antebellum и 7 други им се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.375
    Допаѓања:
    37.496
    Пол:
    Женски
    Они свесно го прават тоа или несвесно?
     
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.972
    Допаѓања:
    45.673
    Пол:
    Женски
    Свесно, ама толку се убедени дека се во право и не сфаќаат каде грешат, не им е јасно дека они се лошите, оти се нарциси најчесто и во нивни очи они не прават ништо погрешно. Ретко тие како нив сфаќаат дека они се токсичните и пробаат да го решат пеоблемот, ама со оглед дека нарцисизмот не се лечи би рекла дека нема резонирање до такви особи, само одиш и не гледаш назад.

    Инаку има само манипулатори кои не се нарциси, ама се екстремно љубоморни и тоа е болест, не знаат на друг начин да задржат некого па го манипулираат. И а и нарциси кои не се манипулатори ама и врската со нив не е живот. Има и комбинација од двете што е најлошо.
     
    На mal.ecka, senjorita-v, LiquidLuna и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    10.391
    Пол:
    Женски
    И ова споено у едно е благо речено УЖАС!
    Посебно ако стварно е убав физички, е толку после, свесно ги бираат жртвите, наивни да се, или помали од нив, што немаат мн видено од животот па можат лесно да си играат.

    Бев дел од вакво нешто, прелошо искуство е секако, дури некогаш преоѓа и во психичко малтретирање.
     
    На Tanjamm, eliesaab, Viveki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.972
    Допаѓања:
    45.673
    Пол:
    Женски
    Сакав да кажам и дека обично жртвите се најчесто многу емотивни особи, значи свесно бараат луѓе кои моментално минуваат низ некој тежок период или немаат родители или немаат самодоверба, немаат пријатели, моментално се борат со нешто или моментално се ранлива категорија и сл. Луѓе кои знаат дека може да ги скршат емотивно оти повеќето луѓе колку и да се паметни, во некои состојби емотивноста ќе победи и сите ние во одреден момент сме биле психички послаби, токму тој момент ќе го искористат да те скршат и да издоминираат.
     
    На mal.ecka, Larea, Skorpija25 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    10.391
    Пол:
    Женски
    E баш така, баш такви бараат. Зачаран круг.
     
  18. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    836
    Допаѓања:
    5.686
    Пол:
    Женски
    Точно и во моментот кога и ти ќе се постапиш кон нив како што тие постапиле со тебе, следува блок. Или кога ќе сфатат дека не можат да го добијат она што го бараат од тебе, повредено им е егото и ги снемува од твојот живот....
    Каков благосов е ова...:)
    И како што напомена @Amellie13 ги има со различни комбинации на нарушувања на личноста.
     
    На mal.ecka, Amellie13, FridaodaMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.415
    Допаѓања:
    27.497
    Пол:
    Женски
    Не следува блок.
    Туку следува урлање, викање, заканување, вреѓање, сакаат да те направат луда оти не им дозволуваш да те манипулираат. Сакаат да ти ја скршат самодовербата до крај.
    Неможеш од нив да очекуваш дека ќе те остават на мира ако имате контакт.
    Затоа треба да се прекине контактот.
     
    На mal.ecka, Larea, Skorpija25 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    836
    Допаѓања:
    5.686
    Пол:
    Женски
    Адидас затоа и рековме дека сите не се исти, може и муабет да не ти прави со денови и месеци, набивајќи ти вина неоснована.
     
    На Mumoftwo30 и Viveki им се допаѓа ова.