Здраво. Сакам совет од поискусните... Имам партнер кој секогаш, скоро секогаш Ме обвинува мене за се, почнува да вика, да се кара, да вреѓа и омаловажува... и ова додека му трае да кажам лутината после тоа се смирува и како ништо да не било си продолжува.. Комуникација со мене скоро и нема ни ми кажува што прави, планира, правел ниту го интересира што сакам, дома сум со малиот 3 год. И сум толку осамена што веќе сум во депресија. Сите пријателки мои и роднини не му се допаѓаат и имаат мани и скоро со сите веќе и немам контакт... има денови кога е добар со мене ама најчесто и кога е добро се одеднаш за глупост ќе избувне и ќе бидам јас виновна и неспособна иако по цел ден сама се мачам. Не знам дали е во прашање баш нарцизам или друго нешто, дури сега јас согледувам дека не сакам ваков живот се во карање и контрола каде си... ве молам совет
Тука има елементи на психичко "насилство", иако знам дека има многу луѓе кои оправдуваат се и сешто доколку партнерот не употреби физичка сила. Жртвата често сама на себе си прави "gaslight" за да не се соочи со реалноста и наоѓа изговори за да се убеди дека манипулаторот е во право и си вика "па можда и не е толку лошо, јас преувеличив", зашто и е уништена цела самодоверба до степен да не се препознава сама себе. Тоа е дело на манипулаторот, нарцисоид, кој не знае што е искрена љубов, па дури и да те сака пак те повредува затоа што побитно му е сопственото его и му се допаѓа контролата што ја има врз тебе. Таа контрола за него е всушност валидација за тоа колку е битен и поштуван, но еден ден полека почнуваш да се будиш и сфаќаш дека си осамена, депресивна и целиот карактер ти е потиштен иако си дала се што имаш. Црвено знаменце е да секогаш те обвинува тебе без никаква одговорност од негова страна (едноставно е невозможно да е секогаш он во право, а ти во грешка) и тоа е заради егото негово кое не може да прифати дека он е нешто испод совршен, црвено знаменце е да не те вклучува во одлуките како да не си уопште битна, црвено знаменце е да не го вреднува и потценува твојот труд околу синот повторно за да ти ја смали самодовербата, нестабилност е еден момент да е ваков друг онаков - таква непредвидливост само колку да те држи во константен стрес и анксиозност верувај може да се одрази и на детенцето штом почне да перцепира малце повеке (иако и најмалите деца се способни да почуствуваат стрес и се доста сензитивни), и најголемо црвено знаме е да те изолираа да немаш контакт со твоите најблиски со тоа што нема да ги одобрува личностите кои ги значат, па некако суптилно полека ќе те оддалечи од целата твоја група на поддршка, зашто сигурно си мисли дека повеќе ќе го "сакаш" ако немаш никој друг што е уствари чиста манипулација. Мислам дека си и самата свесна, така што без разлика дали во моментов ќе решиш да го оставаш или пак да го трпиш за да му дадеш уште шанси, за твое добро потруди се да си создадеш опции за себе и синчето. Почни да бараш некоја работа (бидејки пиша дека седиш сама со синчето, него дајте го во градинка веќе од 4 годинки кога ќе наполни и не е толку мал, му треба социјализација и него), зближи се пак со семејството ако ништо друго, а преку работење, и носење на детето во градинка ќе се замешаш и со луѓе малце да не си осамена ќе бидеш продуктивна, ќе запознаеш колешки, ќе запознаеш други мајки на дечиња.
Одличен опис на животот со манипулатор. Единствено што би додала, е дека ваквите луѓе е невозможно да се сменат, и тие што им се жртви ако одлучат да останат со нив цел живот ќе патат, и тоа само ќе станува полошо.
Да, баш точно до збор. Меѓутоа јас како да сум во сон, се обидувам да превземам нешто но имам некој страв... страв за малиот зошто е мал и гледам дека го сака татко му.., ама веќе ми е жал и за себе ајде се тешев ќе се смени, ќе биде добро ама не е, зошто гледам дека секој мој збор му смета и почнува одма со викање по мене и вреѓање, а мене почнува да ми лупа срцево што од бес, што од револт па решавам да траам.. Само не знам дали свесно така прави или несвесно... Во некој момент кога е ок расположен ајде викам да му укажам и гледам дека знае дека не е во ред неговото однесување меѓутоа пак исто си тера, јас виновна за се, јас неспособна, едноставно се што е негативно сум јас според него. Јас дури и како да се навикнав на ова темпо , бев личност полна со живот и позитивна енергија, а сега како да се наоѓам во сон, не ми е битно ништо, дури ни јас сама, единствено гледам за детето и за него живеам..
Реално ништо нема да смени и несвесно да ги правел работите. Ако не е самосвесен, не значи дека му се простува па ти си должна да трпиш. Тоа си е веројатно длабоко вкоренето во него, уште од мал како дете така го воспитале или којзнае какви трауми си имал не е ни важно. Ако ти е за утеха, јас не верувам дека некој си се темпира од чиста злоба па да вика "аха сега ќе се испокарам со нејзе, ќе и смалам самодоверба и ќе и го уништам животот". Тоа што е избувлив си се негови искрени реакции на сопствените емоции што си ги чуствува во моментот- но тоа не ги прави постапките оправдани, зашто ако се вратиме чекор назад и објективно погледнеме на работите - и малите деца нели се учат дека сите емоции се добредојдени дури и разочараност и лутина, ама сите постапки не се добредојдени зашто постапките влијаат врз другите околу нас. Така што, пак се враќаме дека тоа што ти го прави, не е добро за тебе и те ослабува како личност. Ако он не поседува емоционална интелигенција и не е способен на здрав начин да се справи со сопствените чуства, зашто ти да го носиш товарот на тоа да го едуцираш, па да го менуваш, па згора на се да се запоставиш себе си за да бидеш негов спасител. Си имал родители и он, тие како го воспитале, таков ќе си биде, ти втора мајка за него не можеш да бидеш, веќе си имаш едно синче и толку е твојот авторитет само над твоето дете, а партнерот едино може да си се смени сам ако посака да работи на себе со психолог.
Се си во право што ја советуваш членката. Само има еден проблем. Таа е жртва на неговата манипулација, личност полна со емпатија, на која што успеал да и ги наметне своите стравови. Најверојатно на почетокот, и раскажувал за неговото тажно икуство, траума шти ја има доживеано , за да ја наведе да сочуствува со него. Потоа, нејзината емпатија кон него почнал да ја крористи на начин што само манипулаторите знаат, со превртување на реалноста, и почнува да ја криви за се што се случува, и ги наметнува сите негови чуства, и го крши карактерот, веќе е полна со стравови и убедена дека најдобро е само да молчи за никој да не биде повреден. Тоа е како да си фатен во пајакова мрежа, колку повеќе мрдаш толку повеќе се заплеткуваш. Те сфаќам @Sinolicka. , знам како се осеќаш, и знам колку ти е тешко ама верувај дека реалноста не е тоа што тој ти го сервира. Мораш да се избориш да го видиш тоа. Од кога ќе увидиш, следува нова борба да успееш да си ја вратиш самодовербата и да се ослободиш од неговите стеги. Тешко е многу,но не е невозможно.
Токму така, се согласувам. Од освестувањето почнува промената. Чекор по чекор, не мора наеднаш некој драстично да смени све. Но еден мал чекор во низата е веројатно валидација на сопствените чуства, да ги прифатиш како нормални, реални, дека не е проблемот во тебе и секој на твое место би се осеќал така. И во овој дел многу помага некој да те разбере. Затоа сме ние тука на форумот како тивка поддршка, тоа го овозможуваат и психолозите (кој може да си ги дозволи хаха), а и блиските истото би го рекле (само што нив веројатно уште не се осмелила да им се отвори членката, зашто се оддалечила од нив). Валидирање на себе си е можеби мал, но многу моќен чекор до враќање на самодовербата. Верувај си на себе!
Манипулатор со елементи на психичко насилство баш како што опишаа членките погоре. Мајка ми го трпи тоа цел живот а покрај нејзе и јас, додека не се омажив, нормално. Таков човек никогаш нема да се смени. Секогаш јас и мајка ми бевме криви за се, никакви, неспособни и цел живот живеев во страв. Мајка ми не смееше никаде да оди и со никој да се дружи пошо сите беа вакви такви онакви, а и мене ми забрануваше. Дури со браќата не и даваше да комуницира. Најискрено, многу пати сум посакала да избегаме со нејзе од дома далеку од него, многу пати сум посакала да се има разведено, ама она типичното македонче ќути и трпи за да не зборат другите, плус без мајка и татко од млада, и она уште го трпи. Носам трауми за цел живот од него и некои работи уште во детство што ги зборел и правел пред 25 години ги памтам како вчера. Не би советувала дали да го оставиш и слично пошо само ти знаеш како ти е, ама можам само да ти кажам дека ако продолжи тоа и во иднина да го прави, не само ти туку и син ти ќе биде жртва на такво однесување. Извини што го пренасочив мислењево на мое искуство ама навистина ме боли кога ќе слушнам жени што трпат таков маж...
Ти благодарам за постов, ми потврди дека сум ја донела правата одлука. Јас имам ќеркичка, и додека те читав ја замислив неа како зборува. Жал ми е што си морала да поминуваш низ ова, без да можеш да донесеш било каква одлука
Ниедна жена, девојка, ќерка не заслужува да живее со таков тип на човек и да трпи навреди, пцовки, удари, омаловажување, понижување што некаде може да е само психичко а за жал, најчесто е пропратено со физичко насилство. Многу пати сум ја обвинувала и мајка ми што не собрала сили и храброст да замине откај него и да имаме поубав живот, мн касно сфатив дека она е само жртва и така знаела и умеела, ама дефинитивно знам дека не мислела на мене тогаш, затоа што ако не сакала сите трауми од нивните кавги да ги преживувам и јас, директно или индиректно, ќе си заминела. Ама се помирив со тоа дека така знаела и тоа е тоа. Сега имам прекрасен сопруг и син, ради кои не дозволувам тие трауми да ме обликуваат како личност која преживеала тешко детство. Знам дека на крај на денот на мајка ми и е сто пати потешко. Многу ми е мило што мојов пост ти е валидација дека си го направила правилниот избор, и никогаш да не се сомневаш во тоа! Подобро среќно дете на разведени родители, отколку истрауматизирано дете во токсично семејство.