Последниве месеци сè позачестено можат низ македонските медиуми да се слушнат негативни ставови и обвинувања упатени до организацијата на милијардерот Џорџ Сорос дека таа се меша и штетно влиае врз збиднувањата во земјата. Слични обвинувања можат да се слушнат и низ други земји како што се Русија или неговата родна Унгарија (веќе долго време живее во САД). Што мислите, дали тој преку неговите фондации и организации има повеќе негативно или повеќе позитивно влијание врз развојот на македонското па и другите општества? Тој самиот велел дека целта на отворањето на неговата фондација во 1984 година во Унгарија уште за време на социјализмот имало за цел да го промени политичкиот систем во подемократски. Тоа и се случило и генерално унгарците се среќни поради тоа. Интересно во неговата родна земја токму оние кои најмногу го напаѓаат (политичарите кои се на власт) денес се оние кои ги користеле неговите фондови во форма на стипендии и друга финансиска подршка. Испаѓа, доцните осумдесетти и раните деведесетти години од 20. век Сорос организацијата им била добра, но сега кога истата ги критикува (или можеби клевети?) повеќе не им чини. Немам слушнато но претпоставувам дека и македонските политичари било да се десно или лево ориентирани биле корисници во минатото или денес на услугите на оваа фондација. Несомнено дека таквите организации можат да имаат влијание врз општествата, но сметам дека не може нивното влијание да се гледа исклучиво црно - бело. п.с. Не сум соросоид, ниту вмроид и никогаш немам користено нивни фондови и услуги.
Против.....тежок психопат, мислам дека ако бил нормален човек немало да ги прави некои работи не само кај нас туку општо по светот
Стварно мислите дека Сорос ви е крив за бедата и мизеријата во државата? Е многу гледате Сител. Што добива Сорос ако штетно влијае во Мкд? Сорос ги исели младите и по цели фамилии во странство? Сорос го воведе глупавиот Кембриџ систем во училиштата за децата да немаат детство,тој да не си ставил пари во џебот од овој апсурден проект? Сорос ги управува фабриките како Дрекселмаер каде работниците работат како робови? Сорос ја испразни источна Македонија? Нити сум сдсм нити вмро ама тоа труење на народот мора да запре. И погоре дел од коментарите да не се тажни би биле смешни.
Jas vaka naiven post odamna ne sum videla ... ako nikoj nema nikakvo vlijanie nikade i interes, zs im se razuznavacki sluzbi pusteni po cel svet, zs sluzbite sorabotuvaat megju sebe, zs CIA dobi naredba da ne sorabotuva so Soros ... mn naivno ili taka treba da izgleda za da se frli fokusot na odredeni temni damki kaj nas, a da se ispere drug ... i kako Kembridz im go odzema detstvoto na decata ? ne deka e sovrsen megjutoa non sense e, plus toa samo nekolku predmeti se po toj sistem.
Ахам ,да заради разузнавачките служби на Сорос голем дел од народот тука е без работа а уште поголем дел заради тоа е иселен од Македонија.
Никој не спомна дека Сорос е крив за тешката состојба во земјата. Изгледајте некој документарци за Сорос и заинтересирајте се за неговата биографија и животот, ете не мора наши нека бидат странски документарни филмови многу работи ќе ви станат појасни......инаку тука нема врска вмро, сдсм....сиромаштија, напуштање на земјата туку визијата на еден човек која сама по себе претставува комплекс. Инаку ете колку за почеток тој бил евреин а потоа во втора светска војна на негови12 години посвоен од богат државник за да не биде убиен од нацистите .....Подоцна учествува во конфискација на имоти и протерување на евреи. Во деведесеттите ја предизвикува ,,црната среда'' во Британија. Односно за време на британската валутна криза преку својата фирма Квантум со позајмени пари ја става во ризик британската фунта и заработува билион долари кладејќи се на самата фунта. Народната банка на Британија ги троши сите резерви во неуспешен обид да ја спаси својата валута,а тој станува познат како ,,човекот кој ја урна Британската банка'' . Британија ја доживува најголемата економска криза. Ова тој си го смета како голем личен успех. И ред други работи. Овде не се работи конкретно за влијанието во Македонија ( иако доста навлегува преку ,,Отворено опшество'' и ,,Метаморфозис'' ) туку работите кои тој ги предизвикувал во текот на неговиот живот.
Da, tocno taka, najdi analizi I planovi za toa kakvo naselenie treba da IMA balkanot, za koi Plato da raboti I tn. Citajte I gledajte podlaboko.
И мене не ми јасно за ова перење на мозок. За се е крив СОРОС па дури и за загадениот воздух, а она па протестите за десоросоизација ми се смешни...
Не бе @Outlook зошто да се мачам да барам анализи кога вие се знаете,ама заборавате дека по форуми и интернет има и малку по паметен народ а не се пензионерите кои слушат Сител па тешко дека ќе им ги наметнете вашите налудничави ставови. Еве ќе почнам да праам анкета од другарките и пола клас од средно кои се по белиот свет што најмногу ги испровоцира Сорос што си фатија патот од Македонија Боже што се нема да слушнеш,претпоставувам дека ти е идол Каракамишева па и дека младите заминаа од невозвратена љубов,ама пак Сорос умешал прсти Инаку,за се си во право ете ај така е (тап тап) не ме цитирај прескокај ги мислењата кои се косат со твоите и мирна глава.
A mene voopsto ne me voznemiruvaat tvoite mislenja, IMA I kriticka masa vo drzavava Sto ne stavaat se na ime na Latas pozz
На мене искрено незнам дали таквите мислења повеќе ми се тажни или смешни,ама ни најмалку не ме вознемируваат. Имај убав ден
А-ха, зошто тогаш не испитуваш овде кој што и како мисли ако не си ништо од тоа... па уште анкетата јавна, аман веќе, ни во форумов немам верба. Шегата на страна, бидејќи ѓаволот ја однел Ни треба и тема за Чадорот
Редно е, да, никогаш не сфатив кој е тој чадор за кој блада Мирка. И за жуто комбе, странски служби и Бранко е крив по една тема Паранојата е страшна работа.
Causality, не можеш да имаш непрофитаблина организација без злодела, како ќе опстои ако не постои ПРОФИТ.
Овде нема продадени души т.е. такви кои се против државата. ставете си го вглава тоа, и доста ви вртат центрифуга. Дај малку заозбилете се...