1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сорос - за и против

Дискусија во 'Политика и настани' започната од daylight, 5 февруари 2017.

  1. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.587
    Допаѓања:
    34.116
    Сите знаеме кој е Сорос...Тежок психопат.
    Но сето тоа се банализира со обвинувањата од ВМРО дека он е крив за се, дури и за тоа ако врне утре.

    Ма да ако размислам , и Вемеро имаат лапано парички од него, така да он е крив што се уште се на власт. У право се дека ни ја упропастува државава...:smoke:

    Ех, што беше лесно порано, се знаеше Бранко дека е крив за се...:!:
     
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Никако! Темата е направена за да секој кој сака го изнесе својот став дали Сорос организациите влијаат добро или лошо и да се изнесе објаснување што тоа влијае лошо и како тоа го прави, или што тоа влијае позитивно и на каков начин. Освен @V.odolija и @Liu никој до сега не даде поконкретно образложение во врска со темата.

    Мислам дека спомнав и претходно на некоја тема дека можеби Сорос 2015 год. дал пари за фарба која ќе се фрла по згради од СК2014 ама незадоволството кај граѓаните (особено уметниците и архитектите) си постоеше уште кога проектот беше најавен со видео спот 2009 година. Ете јас лично фрлање фарби не одобрувам, некој уметник во Африка нема фарба за портрети и пејзажи а ваму по згради се фрла, но не гледам како со тоа штетно влиае Сорос под претпоставка дека дал пари за шарената револуција? Да дал пари за бомби и пушки да разберам дека имал штетно влијание...
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Во право си, ајде поконкретно ќе пишам на темава.
    Митот за Сорос како врховен непријател е потегнат со цел да се дефокусира вниманието на јавноста од криминалите на дпмне и нивното неуспешно владеење кое ја доведе државата во пропаст. За да се дефокусира вниманието на народот, психолошката стратегија вели да се обединат околу заеднички фиктивен непријател кој нели, сака да не уништи.( Друг дел од таа слика е градењето на мит за суперМакедонецот и Македонија вечна, ние сме најдобри и најубави и сите ни љубоморат и сакаат да не уништат ама ај да не навлегувам сега и во тоа).
    Фиктивните непријатели беа сите наши соседи, и Срби и Грци и Албанци и Бугари. Потоа Странски служби од ЕУ. Потоа Бранко. Сега е Сорос.
    Заедничко за нив е што се строго за внатрешна употреба за подгревање тензии и градење култ кон дпмне и Груевски дека тие се нашите суперхерои кои ќе не заштитат од злото.
    Ако Сорос е навистина нашиот државен непријател и постојат толку многу докази против него, досега со тие докази ќе се поднесеше тужба до Меѓународниот Суд на Правдата :)
    Ама како што реков, митот за Сорос како врховен непријател е потегнат исклучиво со цел да се дефокусира вниманието на јавноста од криминалите на дпмне и нивното неуспешно владеење кое ја доведе државата во пропаст, и за да се најде изговор за убивање на слободната мисла во државата чии носители се невладините организации. Така ќе биде уште полесен преминот кон едноумие и диктатура.
     
    Последна измена: 8 февруари 2017
    На blackwave, Bender Rodriguez, Priroden и 2 други им се допаѓа ова.
  4. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.798
    Сорос е против се што не е во негов интерес тука не е само Мк,тука е и Сад,Украина,Унгарија и уште еден куп држави што се многу помоќни и неможат да се спротиставаат а камоли ние како мала држава.
    Факт е дека сорос го финансира Сдс за да направи штета на државата да биде вечно нестабилна,поделена и уништена.

    http://telegraf.mk/aktuelno/makedon...a-organizacii-sto-pottiknuvaat-nasilstva.nspx

    Еве многу убаво пишува тука
     
    Последна измена: 8 февруари 2017
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Во која смисла „строго за внатрешна употреба„? И како би изгледала евентуалната надворешна употреба?
    Во ред, но што е тоа што конкретно му пречи на Сорос, кој е конкретно неговиот интерес од вечната нестабилност на Македонија?
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Внатрешната употреба е тоа што го набројав, се настапува со обвиненија против Сорос само пред домашната јавност. Надворешна употреба би било ако се истапи и надвор, пред меѓународни судови и институции со конкретно обвинение против Сорос за креирање противдржавен заговор.
    Пази, држат прес конференции, а не покренале ниту едно обвинение на суд, ни кај нас, а ни надвор :)
     
    На daylight, blackwave и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  7. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Не само за темава али една генерална констатација.

    Кога ќе видам дека заради поседувањето повеќето медиуми ВеМеРо што и да има да каже допира до цел народ. Одма се согледува машинеријата за перење на мозок. И најлошо е што секад мнозинството верува.

    ВеМеРо велеше дека Бранко е крив за се. = Мнозинството веруваше но сепак пројде.

    ВеМеРо на предходните избори велеше дека Заев ќе го сменел името = мнозинството поверува

    ВеМеРо на овие озбори пропагираше дека Заев ќе ја Албанизирал, кантонизирал Македонија = Мнозинството не верува ама пак пројде до некаде ( Среќа беа политичките бомби)

    ВеМеРо сега пропагира дека СОРОС е крив за се со неговите влијаниа ..


    У пм ВеМеРо се знае. Сите се косат со одлуките на ВеМеРо. Секој што не е со ВеМеРо е непријател. Секогаш пропагираат со плашење на лугето дека секоја опција освен ВеМеРо е погрешна.

    ОДМАРАЈТЕ ЛУГЕ !! Читајте и други медиуми освен Сител, ТвНова; Алфа; МРТ, Канал 5, ,,, а би ме прашале па што преостана да гледаме ? ... Animal Planet би ви препорачал ..

    :rofl: :rofl: :rofl:


    ПозЗ3³ ®
     
    На blackwave, LollySky, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.798
    Све им пречи што не е во негов интерес тие се деструктивни,направени или создадени да рушат држави,влади.
     
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    [​IMG]


    [​IMG]
     
    Последна измена: 9 февруари 2017
  10. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Со ова сакаш да кажеш дека сум платеник на сорос ако не се лажам, а не си во право....Сорос ама баш за ништо не ти е виновен. Додуша за вас е бидејќи престана да ја финансира твојата партија и вашето претседателче така да, во право си :D
     
    На blackwave му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Машки
    Мислам дека досега ништо не излажа .
    1.Точно е дека Бранко ја уништи македонија- Го смена Името , знамето , ги отпушти луѓето и ги испокраде сите фабрики заедно со неговата олигарска тајфа . Исто рака цо 2004 ја направи најлошата поделба на локална самоуправа каде Дтруга И Кичецо заминаа не се повеќе македонски гр.
    2. Точно е дека Заев сака по секоја цена да дојде на власт и дека за тоа му е потребна помош од Албанците , а за возврат ќе им даде и газ ако треба .А за тоа дека ќе го смени името 100 % е точно само да му се пружи прилика ќе се увереш во тоа .
    3. Јавна тајна е дека Сорос работи во уништување на помлади држави како нашава јадна , секаде финансира пари ама на луѓе кои се влијателни фактпри во државите како Политички партии , медиуми , невладини организации, новинари и што уште не ...Финансирајќи т.н борци за права кој немаат никаква врска до обичниот човек...
    Ако имаш малку свест и ако ја анализираш работата ќе сватеш колку штета нанела оваа багра што погоре ја набројав на нашава држава ...
     
    На Abeja, PaLaVa и okcenzi им се допаѓа ова.
  12. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    @ADOKI сакаш поточно да кажеш дека останатиот дел од народот кој го води ДПМНЕ и самата таа партија се патриотски настроени, и само добрини прават овде. Немој да ме јебеш бре...
     
    На blackwave му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки

    Читам и цело време се обидувам да те сфатам на шала. Ама ти си била сериозна според историјата на твоите ставови. Не ми се верува .. навистина веруваш во тоа .. (facepalm)

    Драга, ти си доказ дека машинеријата на дпмНЕ удира у мозок на кревките умови. ( без навреда )


    450 000 ве има у пм (facepalm) (facepalm). Да се преселам си велам да се спасам од вас, ама од друга страна ќе останам бе, чим едно дпмНЕ може да ве измами па и за мене и лугето кои мислат поотворено нема да биде проблем да ве вратиме у некоја нормала. Тешко ќе оди ама ќе заоди ..

    П.С. Те молам не ми реплицирај, пошо ме мрзи да ти враќам. Пишанава форма е само губење на време.
     
    Последна измена: 9 февруари 2017
    На blackwave, Yowannty, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Frose Nose

    Frose Nose Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2017
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Јас сум за, затоа што ако не е Сорос USID и ним слични организации нашево општество ке биде бетер од некои земји од од Африка. Колку и да изгледа дека тие ни се мешаат во внатрешните работи нивното присуство овде е неопходно. Она што тие го прават е балансирање колку толку да се слушне и поинакво мислење од она на владините мегафони преку финансирање на одредени проекти. Па само сетете се во изминативе години USID колку школи реновираше, колку опрема... додека нашиве градеа тркала, споменици.... а учениците седат сеуште во распаднати и ладни училници. . Ако она што го прават организациите финансирани од Сорос е мешање во внатрешни работи, тогаш што е она што ни го прават нашите власти кои згаснаа буквално се што имаше поинакво мислење од нивното? Ова со Сорос може да го решиме за 2-3 месеци, но колку време ќе му треба на ова општество да се опорави од она што му го прави власта?
     
    На daylight, blackwave, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  15. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Машки
    Ne bi sakal da te jebam kako sto vikas ti bez da posakas .
    Samo ako si pomlada ke te svatam bidejki ti ne ja pamtes raa mafijaska tajfa koja ja unisti makedonija i makedonskata gordost ...TAT ne ja spomnav 350 mil EU od narodot opljackani od Sonja Nikoloska I togasniot gradonacalnik na BITOLA i nivniot Šef BC
     
  16. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Машки
    Si nemal potreba da me citas .Citatelu !
    Pa kakov Citatel si ti ako te mrazi da citas ...
    I BEGAJ AKO NETI SE DOPAGA kaj nas ...Nie sme za.Makedonija neznam za vas !
     
  17. Frose Nose

    Frose Nose Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2017
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Последиците од владеењето на сегашната тајфа тек следуваат, не само финансиски туку ќе трпиме и политичи реперкусии како последица на нивното неодговорно владеење. Многу држави од наши силни подржувачи ги направиме наши непријатели т.е од статус на жртва каде голем дел од државите беа на наша страна сега преминавме во улога на провокатори со некои непромисленми чекори.
    Да ја продолжевме таа мудра политика што се однесува до надворешната политика на минатата власт сега ќе бевме во ЕУ и Нато под референцата и една по една државите ќе не признаеја под уставното име а референцата сама од себе ќе исчезнеше.
    Наместо да го верглате нон стоп тат и приватизацијата не спомнувајки го тука телеком кој можеше да биде златна кокошка на ние го продадовме за да они неколукратно заработат кажете шт оваа власт направи за да се приближиме на евоинтеграциите?
     
    На blackwave и Yowannty им се допаѓа ова.
  18. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.798
    Девојко ти малку си ги помешала лонците,сорос не дели пари за државата туку дели пари за уништување на државата.
     
  19. Згодно Момче

    Згодно Момче Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    4.979
    Не велеа баш така и ДПМНЕ и претцедник Хорхе во 2003/2004 кога беа опозиција...
    ама нели пусти слатки пари...

    [​IMG]

    ФОКУС АРХИВА: http://fokus.mk/pochnuvam-da-se-somnevam-vo-iskrenosta-na-tsrvenkovski/ (Н.Г. 2003 за СОРОС)

    [​IMG]
     
    На daylight, blackwave, Cinderfakinrella и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Frose Nose

    Frose Nose Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2017
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Државата ја уништија тие што се на власт а не Сорос. Нормално дека не дава пари дирекно на држават туку на граганскиот сектор за да се разбие колку толку ова сивило. Пушти ги само вестите на македонските телевизии и ќе ти биде јасно за какво сивило зборувам. Одгледај ги вестите па излези надвор за да споредиш дали онаа вистина што таму ни ја презентираат е таква и во реалниот живот.
    Дали знаеш колку пари се даваат во мегафонските телевизии и портали за да се пере мозок на лугето? Зошто ја уништија А1? Мислиш дека Ѕинго е чист како солза и дека по исти принцип не може и кај Сител да се примени да и стават кључ на врата? Дали тебе би ти било ок да имаш со некого ист бизнис а да на конкурентот државата му дава милиони а тебе ни денар? Дали мислиш дека сме до толку дебили за да не учат дека детето ќе не сака какви и да сме, дека децата се исти без разлика на која националност се и за тоа даваат милиони на телевизиите кои се нивни мегафони? Наутро не учат како треба да се сакаме а навечер не трујат со национализам, како ќе ни ја земеле државата и слични глупости.
    Нас најголеми непријатели ни се нашите политичари кои сакаат да владеат како во турско они да бидат судии они кадии а не Сорос.
    Како што реков, Сорос ќе го забраниме и готово ама што со нашиве?
     
    На daylight, blackwave, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.