1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Состојбата на брат ми...

Дискусија во 'Психологија' започната од Linda.A, 18 декември 2014.

  1. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Дај боже да им беше дискрецијата на толку високо ниво, но за жал не им е, неретко лекарите и средниот персонал знаат да ги споделуваат искуствата со пациентите. Затоа и го предложив дарувањето крв доколку се тестираше во неговиот град, од причина што голема е веројатноста дека ќе има некој познат во одделот што ги врши тие тестирања па да не му биде непријатно кога и онака не е во добра психичка состојба.

    Како и да е, штом решил да се тестира во Скопје, тогаш верувам дека нема да има такви проблеми, нека се тестира па се надевам дека ќе се ослободи од овие маки што моментално ги доживува, а и веднаш ќе го знае резултатот.
    Доколку даруваше крв ќе поминеше повеќе време додека (воопшто) го известат, а тој ќе продолжеше да се измачува дали ќе му се јават или не. Вака неизвесноста е кратка и знае на што е.

    Линда се надевам дека ќе пишеш како поминале работите, бидејќи најчесто сите што отвараат теми во кои имаат проблем и бараат совет потоа не пишуваат кој е крајниот исход.

    Ви посакувам среќа.
     
    Последна измена: 18 декември 2014
  2. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.295
    Пол:
    Женски
    Не треба ни здравствена легитимација,ни упат,ни пари,плус мислам дека таму може да се посоветува и со лекар тоа се анонимно,нека дојде утре во Скопје во Државна нека го најде Институтот за јавно здравје и со среќа,се нека помине ок
     
    На Linda.A и Nezna28 им се допаѓа ова.
  3. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    15.987
    @Linda.A прелистај ја и темава набрзина. Има информации каде може да се направи тест анонимно.

    http://forum.femina.mk/threads/Дали-можеби-имам-сида.2916/page-5

    Инаку и јас не верувам дека има простор за сомнеж и страв, но нека не го одложува тестот.Колку побрзо го направи, побрзо ќе заврши агонијата во која се наоѓа моментално.
     
    На tessie, Linda.A и sesilija им се допаѓа ова.
  4. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    На Linda.A му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Linda.A

    Linda.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Многу ви благодарам на сите, ми дадовте многу корисни информации и совети.
     
  6. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.940
    Можеби ништо не кажав ни мислење ни совет ама ве читам и навистина ми е жал за ситуацијата во која се наоѓа брат ти. Ајде со среќа и со убаво да помине на лекар па кажини што ке биде, може? поздрав до тебе.
     
    На Linda.A му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Извести не какви ќе бидат на крај резултатите @Linda.A . :)
     
  8. Linda.A

    Linda.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Обавезно ќе ве известам, инаку ситуацијата не е многу сменета, вчера требаше да оди на психолог кај една моја другарка, не одел. немал храброст. ја познавал девојката. Инаку од предходно имал упат од стоматолог за Скопје, дур му ги поправаат забите му искача вилицата, треба да му ја намести докторот, или кога зева. За да не прави дупли трошоци земал термин и за таму штом оди во Скопје. Ама термин му дале за во вторник, па вчера кога зборевме му беше тешко и ми вика не може да чека до вторник, батали вилица ќе одам утре (за денес). Денеска не сум зборела. Не знам што направил. Преку ден обично е подобро. Преку ноќ има како напади, не може да спие и не може да чека да се раздени па да се испита. Потоа зборел со некои другари, едниот му признал дека од семејството некојси братучед се тестирал за ХИВ пошто имал ризични незаштитени односи, некако вика „имам погрешна перцепција за времето во кое живеам, за луѓето..“И тоа го прави многу да се преиспита себеси и околината. :(
    А вчера како што зборев психичката состојба не му е добра, и татко ми приметил, го прашал, за да бега од нив отишол на работа :(
     
  9. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    А дали отсекогаш бил паничар или сега му се случува тоа?
    Чудно е да се нарече хипохондрик штом никогаш не се разболувал, па да бара лекарска помош. После инцидентот да не осетил некој симптом, па да се исплашил? Не знам...

    На светлата страна, шансите да е заразен се исти ко и шансите да стане крал на Британија.
    ХПВ преку допир се префаќа ако свежа рана на здравиот се допре до „отворена“ брадавица кај болниот која настанала како последица од вирусот. А тие брадавици се претежно околу гениталиите, преретко на било кој друг дел од телото.
    Да се закачи ХИВ реку раничка, ризикот е речиси непостоечки затоа што се работи за површински контакт за кој сепак е потребен крв со крв контакт, не иде тоа директно низ вени, па да оди низ цел организам како при трансфузија или било какво вбризгување со игла.

    Вмешајте ги и родителите ако не знаат. Сепак можат да го утешат и да му дадат поддршка и поттик да побара помош, не е ништо срамно.
    Психијатар е и повеќе од добредојден т.е. најпотребен во ситуацијава. Три месеци во страв не се малку.
     
    На galapce, Linda.A, evangelina.ina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. ReallyThrill

    ReallyThrill Нов член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Пред се ја разбирам состојбата во која моментално се наоѓа твојот брат.Сигурен сум дека му е многу тешко и дека е вознемирен.Единствено нешто кое би можело да го смири е тоа да дознае дали неговиот колега е носител на некоја инфективна болест како што е на пр.Хепатит,Хив.Најдобро би било да ја објасни неговата загриженост на колегата и да го замоли да изврши тестирање за хив.Кај твојот брат во моментот не е можно да се утврди дали е носител на вирусот бидејки потребно е најмалку од 3 до 6 месеци за да бидат присутни антителата односно маркерите на хив вирусот во крвната плазма.Што значи недајбоже моментално да е ностел на вирусот и доколку сега го направи тестот ке излезе негативен.Веројатноста дека е инфициран е многу мала 1:1000.
     
    На Linda.A му/ѝ се допаѓа ова.
  11. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Како пак тогаш може човек да се зарази преку сексуален однос?
     
  12. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Може затоа што тогаш доаѓа до директен контакт преку гениталиите на луѓето што општат.
     
  13. ReallyThrill

    ReallyThrill Нов член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Вирусот е присутен во телесните течности како што е спермата или вагиналниот секрет кај жената
     
    На Espadrila му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Според ова што го кажуваш брат ти во моментов пати од акнсиозност и секојдневно со секоја случка само си го потхранува овој за нас нереален страв, но за него верувајте тежок како планина. Без разлика што тој досега бил многу одлучен и самоуверен, не значи дека оваа психолошка состојба се јавува само кај одредени профили на луѓе, напротив се јавува кај секакви типови, па доста често и кај навидум јаки личности и во денешницава многу луѓе се борат со неа, само треба да се случи одреден тригер за ова да излезе на површина...ете тоа за него била оваа случка, каде што прв пат вистински се исплашил за сопствениот живот.
    Повеќе од 20% од вкупното население живее во таков страв, секако со различен интензитет, така што не е ништо за чудење.
    Како и да е џабе ќе го убедувате сите од страна дека не му е ништо, додека не види резултати црно на бело, никој жив нема да го убеди во спротивното, а штом веќе поминале 3 месеци може слободно да оди да се тестира и да добие реални резултати. Реакцијата на лекарите била крајно непристојна и требале повнимателно да се однесуваат кога виделе дека станува збор за некој што е смртно преплашен. Можеби сакале да го утешат и да ја омекнат ситуацијата, но одбрале многу глупав начин кој не им доликува на професионалци на кои треба да им се познати вакви секојдневни психолошки состојби.
    Вие најблиските бидете тука за него, тешете го но и убедете го да оди најбрзо што може на тестирање за да си ја смири душата. Пожелно е секако и да посети психолог или психијатар за да си поработи малку на себе и за во иднина кога ќе се случи некоја слична ситуација на него или на некој близок да може да ја издржи стоечки и да не запаѓа повторно во таква паника која ќе го спречи да функционира нормално во секојдневието. Секако треба да не му се наметнува тоа, знаејќи како повеќето луѓе реагираат на таа идеја и одма сметаат дека ќе бидат мета на озборувања ако некој ги дознае. Видете прво како ќе се однесува после резултатите од тестот, па одлучете кој ќе ви биде следниот чекор.
    Во секој случај не го омаловажувајте и не му е потсмевајте затоа што тоа за него во моментов е многу реално, што дури можеби дури и психосоматски му се одразува па чувстува и дел од симптомите за кои прочитал дека се карактеристични за сидата.
     
    Последна измена: 19 декември 2014
    На Linda.A му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Linda.A

    Linda.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Никогаш не бил таков, дури и болен одеше на работа, никогаш не се жалел за неговата здравствена состојба. Се грижи за исхраната, се грижи да не се здебили по што е склон кон дебелеење, вежба, и јас најмногу се чудам по што баш од него не сум чекала ваков испад. Секогаш покажал многу цврст карактер, одлучлив, ама како поголемиот број од младината премногу разочаран од секојдневието, нема работа, нема пари, нема влијателни родители, и секогаш знае да каже ме гуши овој град. Не искажува чувства но ова не значи дека навистина работите се така како што тој ги прикажува.
    Фала мила за пораката, родителите и да ги вмешаме, не можат многу да направат, не се во можност. само ќе се секираат, ќе се разочараат од него, тие од него чекаат, и не се некои кој се упатени во овие психички растројства, чудно ама ми изгледаат психички многу поздрави од нас младите, иако имале тежок живот.
    значи како и секој друг проблем ако му влегуваш подлабоко излегува дека е многу покомплексен и потежок за решавање.
     
  16. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Мила, воопшто не е препорачливо да оди на психолог или психијатар кај некоја што ја познава, а уште помалку ако таа познава некој негов близок. Целта на одење кај тој вид на стручни лица е тоа да тој може да се отвори и да каже можеби некои други работи кои не би ги споделил со некој близок.
    Знам дека ти би сакала да дознаеш се, но веројатно тој не би можел да се отвори пред особа за која знае дека се што ќе и каже ќе пренесе на некој близок.
    А, да не имал однос со некоја за која после тоа дознал дека е сомнителна? Инаку малку ми нема логика толкава паника заради допир со повреден човек кој крвари. Можеби токму тоа го мачи па е западнат о таква тешка депресија. Секако само нагаѓаме ние, вистината ја знае само тој. Во секој случај моето мислење за погоре напишаното останува исто, не е пожелно да оди кај психолог кој веќе ја знае лично и има шанси утре повторно да ја сретне.
     
    На Linda.A му/ѝ се допаѓа ова.
  17. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Не е воопшто чудно или срамота млад човек да оди да провери дали е здрав, срамота е таква нечовечка реакција од докторите.
    Јас искрено мислам дека посериозен проблем е психичкиот проблем на брат ти, и мислам дека е подлабок од тоа што мисли, отколку сомнежот за ХИВ, со сериозно минимална шанса.
     
    На Linda.A му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Linda.A

    Linda.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Да и јас му реков, но дечкото се вратил во Косово, и тој не сака ни да збори за случката,
    за жал му се влошува состојбата,
    денеска се гушел, не можел да дише, другарите му помгнале, викнале брза помош, ама му поминало, не сака да ја прифати состојбата, не сака да биде таков, ама не му е под контрола.
    Јас зборев со една другарка психолог која ни е блиска братучетка па не познава како фамилија,
    ми вика дека под хитно му треба психијатар пошто или има вистинска причина да се грижи, како што е ризични сексуални односи, (па не сака да каже) или има анксиозни напади. Како што вика таа, приказните на пациентите се како црно кафе, тоа што го кажуваат е само кајмакот, па кај е црното кафе, па кај е талогот, тоа е цел еден живот.
    Неговата состојба е во стилот се собрало се собрало па пукнало, значи незадоволство, се наоѓа во животна криза, се плаши, нема подршка од семејството, има премногу обврски за кој што му врши притисок фамилијата и околината, како што е женење, свадба, и секако за него се многу, ќе му помине, било дел од созревањето, некои потешко го доживуваат :(
    Би сакала да прочиташе што пишуваме тука, но не сака, не е заинтересиран,
    зборам со него секој ден, ми признава дека не му е добро, не сака да зема резултати од тестот, затоа што ако излегуваат позитивни ќе размисли добро дали ќе живее. Му реков дека е забрането во нашата вера самоубиство, но не пали кај него, не е религиозен :(
     
  19. Linda.A

    Linda.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Фала џована,
    се согласувем потполно,џабе се трудиме, и не крие многу, збори и со другарите, само почнав да се сомневам дали е реален во тоа што го кажува. ништо, останува да бараме психолог надвор од градот, во мал град секој со секого се познава, нема разлика ни нацијата, не дека не им верувам на медицинскиот персонал туку за него да биде полесно да се искаже.

    Сепак фала на сите,
    ке видиме што следно...
     
  20. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Тогаш и мене ми алудира, ко што спомнаа погоре, дека можеби се работи за ризичен однос за кој му е срам и страв да зборува. Таков цврст карактер не покажува толкава анксиозност за ич ништо.
    Малку е непријатно, ама пробај некако да насетиш одоколу дали можеби се работи за такво нешто.
    Почни ја темата за пренесување болести преку ризични односи, дека не е ништо срамно и дека, ако можеби осеќа некакви симптоми, може тоа да е само обична, габична инфекција која се лечи рутински.
    Лошо е за него што со 99% сигурност нема ништо од тоа што мисли, ама се уништува на друг начин.
    Психата знае да е многу лоша. Во втора година развив страв од професорката по физика до степен да посакувам да сум болна за да не одам на час. Знам само дека бев втора смена и дека лежев ко папсана, тресејќи се да не одам во школо...до 13 часот веќе бев со 40 температура и три недели ми го изрешетија газот и не мрднав од кревет. Мислам дека оттогаш ми дојде паметот.
    Нека не се зафркава и нека не се гуши ако нема солидна причина, а ако ја има причината - нека бара лек, не вака да се самоуништува. Донеси го и нека чита овде, ќе го карам до 101 и назад. :D
    Како и да е, среќно нека ви е, со лесно и се надевам на најдобри резултати. (fingers)
     
    На Valerin и Linda.A им се допаѓа ова.