1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Состојбата на брат ми...

Дискусија во 'Психологија' започната од Linda.A, 18 декември 2014.

  1. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Незнам дали моево е соодвето за оваа категорија ама чувствувам потреба некаде да го искажам тоа што ме мачи..
    Никогаш не сум имала добар однос со брат ми,значи од мали нозе према мене се понашал како да сум предмет,Додека растевме бидејќи сме разлика 4 години,секогаш ме нарекуваше со погрдни зборови и некои прекари кои беа во голем број.Дури и се случуваше пред неговите другари да му се испушти да ме нарече некако,така да и они се потсмеваа некогаш за тоа..користеа прилика да ме навредат.
    Јас ова за жал не го сфаќав многу сериозно,исто и моите кои се многу конзервативни.Мислев дека ова е само пролазна фаза,ривалство помеѓу брат и сестра и нешто што кај сите постои во помала или во поголема мера.Очекував со годините да се значително да се намали тоа а потоа и да исчезне.но
    не исчезна.Не исчезна и кога почна средно,кога луѓето веќе се менуваат,стануваат позрели на некој начин.Не исчезна,само стануваше поизразено.Не беа само навредите тука беше и ќотекот.Кревањето рака често и без некоја причина беше применувано на мене до пред една година.Значи до мојата 19 година што не е малку.Во моментите додека сум растела,па во пубертет и веќе кога сум била созреана,тоа страшно влијаеше на мојата личност.Имаше ситуации кога безмилосно се удирало по мене,најчесто по глава и еднаш поради тоа се онесвестив.Крајното беше многу страшно и тогаш решив да ставам точка.Точка,во смисол со него повеќе не комуницирам.Точка на малтретирањето и понижувањето.А незнам каде сум згрешила.Отсекогаш сум се трудела да бидам добра сестра,кога бил болен да го гледам,да купам нешто и да му дадам.Но сето тоа без никаков ефект.Можеби ќе ви звичи чудно,но ова е вистината.
    Секогаш си мислам дека за вакво однесување мора да постои некоја причина.Можеби лошото друштво во средно.Се запиша и на факултет но абер нема да заврши.Студира веќе 7 години.Се однесува незаинтересирано.Оди на факултет насабалје се враќа навечер.Исто и јас студирам и добро ми оди а он тогаш уште повеќе збесна,не очекуваше дека јас го можам тоа.Излеа многу ме потценил.И сега кога не комуницираме ова тешко ми паѓа.Тешко ми паѓа кога гледам што прави од себе,кога по цел ден легачи или не е прибран,кога не земал ништо да работи,А најтешко што не покажува ни најмалку дека се променил.
    Незнам што да мислам ама тој е една од главните причина поради кои се борам со депресија.Има тука уште многу да се пишува...Коренот сепак лежи во дисхармоничното семејство.За да биде уште потрагично мајка ми не зборува со него,крајно лута од неговото насилно понашање,а татко ми го форсира иако без успех.Уште поголеми проблеми ми направи во семејството коа сега е речиси растурено.Чувствувам голема одбивност спрема него,колку и да сакам да не е такаГолтам кнедла и продолжувам,но како да немам сили.
    Се извинувам на долгиот пост,само сакав да го кажам тоа што ми тежи долго време.
     
    На Istata od vcera, eloves и Valerin им се допаѓа ова.
  2. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Според мене си донела многу паметна одлука со тоа што си се дистанцирала од него. Очигледно е дека твојот брат има психички проблем, комплекс на намалена вредност или што и да е ова неговото не ми изгледа на арно. Уствари не сфаќа дека не е ништо повеќе од обично егоцентрично копиле кое мисли дека цел свет треба да се врти околу него со тоа што сите ќе ги омаловажува, за да се издигне себе си. Од таквите веќе преку к*р. Ама тука сепак ти си го заебала, кога си му покажала дека те бива, вредиш и ти честитам на тоа. Како и да е, мал милион причини може да бидат наведувани како резултат на што е создадено растројството проследено со агресија, но за тоа главно треба да се разговара со стручно лице кое би препишало соодветна терапија. Бидејќи според начинот на кој опиша очигледно нему му е повеќе од потребен психијатар. Али мене не ми е јасна уште една работа бре девојче.. Каде биле тие ваши родители кога тој се иживувал врз тебе? Знаеа ли воопшто што ти прави, и каква беше нивната реакција на сето тоа? Како и да е, искрено се надевам дека еден ден ќе имаш доволно средства за да се тргнеш од таму и да започнеш самостално да живееш да не мора веќе очи да му видиш (ако веќе не си го сторила тоа).
     
    На eloves, eliesaab и mynameislove им се допаѓа ова.
  3. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Очекував некој да ме праша за тоа каде биле родителите тука..
    Татко ми со кој исто така имам проблеми,но тоа не е за во оваа тема,имам пишувано и во темата за семејно насилство,со мене немал никогаш добар однос.Се случувало и он да крене рака на мене,како и на мајка ми.Отсекогаш си го величел синот и никогаш не ми веруваше кога сум плачела и сум раскажувала што ми направил.Сум преовеличувала,или пак сум требало да не обрнувам внимание ако нешто ми вика.Добро и тоа сум пробала,сум ќутела а он ми викал секако,дури и додека учев шетал лево десно па ми тропал на врата знае дека неќам галама кога учам па и тоа е на некој начин вознемирување..
    А он пред татко ми,ако заслужува така да го наречам не се понашал така со мене,нормално зависен е уште од него па неќел да ризикува.За последното кога ставив крај со него и он дозна,но џабе..ништо конкретно не презема..требало на време сега касно Сега и он се расправа премногу со него но ова никаде не води...А мајка ми знаеше затоа што и пред неа така правеше,не до толку да ме тепа пред неа ама да збори сешто да.Она немоќна ако можам така да кажам.. сакаше да го пријави во полиција ама кај нас се поаѓа од тоа што ќе речат комшиите,а и не би имало полза.А баш и комшиите разбраа што се случува...А како што кажав конзервативноста е голем проблем во нашето "семејство"
    Мојата баба на мајка ми мајка, често кажува за тоа како децата нејзини си ги избрале партнерите и со нив треба да останат,тие си ги сакале...храбра сум да ама и многу несреќна.
     
  4. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Претпоставував дека не си имала добра комуникација со некој од родителите. Но, како и да е единствено чаре гледам во тоа да го завршиш факултетот со време да се вработиш некако, парталите и да те нема од таму. Очигледно си растена во дисфункционално семејство кое оставило длабоки последици врз твојата личност. Во секој случај не се откажувај и биди храбра! Ако имате финансиски проблеми летово место да седиш дома (ако ги завршиш на време испитите) вработи се и полека тргај по некој денар на страна. Знам дека примањата ќе ти бидат мали и ќе изгледа скоро како невозможна мисија, но верувај дека е добро привремено решение. Би сакала да те охрабрам да го пријавиш семејното насилство но, не верувам дека тоа ќе донесе нешто добро со оглед на тоа колку службите се ажурни и дејствуваат со време. Така да најпаметно би ти било да издржиш уште малку дур не се променат околностите.
     
    На eliesaab и mynameislove им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.107
    Вирусот на ХИВ има 6 месеци инкубација, што значи може 6 месеци после заразата да се открие.
    Сосема неважно дали е анонимно или не, дали ќе биде обележан или не. Треба да се тестира за сите типови на хепатит. У осталом, тест од ХИВ бараат на многу работни места, со комплетна крвна слика, се добива за 24 часа. Исто така бараат и за виза во одредени земји. Барањето на анонимност провлекува стигматизирање. Не гледам ништо страшно и срамно во сето тоа. На многу работни места бараат задолжителен тест за ХИВ, како и за работни визи во многу земји. Во секоја приватна лабараторија прават тестирање. Нека си побара комплетна крвна слика со вклучен ХИВ тест и ензими од црн дроб.

    Од друга страна, ХИВ го напаѓа имунитетот, а анксиозноста го ослабува имунитетот. Мислам дека брат ти би требало да го знае ова, исто така луѓето со анксиозни и депресивни состојби потешко се оправуваат дури и од обична настинка. Убедена сум дека ништо не му е, но за да се биде на чисто и воопшто информативно.
    Исто така мислам дека не е ова причината за наеднаш огромниот страв на брат ти, а не е ниту собираното. Многу е погрешно, па дури и страшно кога психолози констатираат - му се собрало. На сите ни се собира, па ете... не доаѓа до тоа. Коренот е многу подлабок, а и веројатно има нешто кое што не го кажува и од кое се срами.

    Другото девојче со насилниот брат.
    Не сте одвоена тема ти и брат ти и односот со татко ти. Тој таквото однесување го научил од татко ти, генерално непочитување на жена. Каков однос имал татко ти со мајка му и дедо ти со баба му?
    Вкоренето нефункционално, не можеш тука многу да менуваш, ако тие не сакаат да сменат, освен да прифатиш дека работите во вашето семејство се такви какви што се... можеш да се смениш самата и да си го тераш патот колку што можеш поимуна на сето тоа, а и што подалеку надевајќи се дека ќе дојде денот кога ќе се опаметат.
     
    Последна измена: 21 декември 2014
    На eloves, Linda.A, Espadrila и 2 други им се допаѓа ова.
  6. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Другото девојче со насилниот брат.
    Не сте одвоена тема ти и брат ти и односот со татко ти. Тој таквото однесување го научил од татко ти, генерално непочитување на жена. Каков однос имал татко ти со мајка му и дедо ти со баба му?
    Вкоренето нефункционално, не можеш тука многу да менуваш, ако тие не сакаат да сменат, освен да прифатиш дека работите во вашето семејство се такви какви што се... можеш да се смениш самата и да си го тераш патот колку што можеш поимуна на сето тоа, а и што подалеку надевајќи се дека ќе дојде денот кога ќе се опаметат

    Можеби си во право тоа за непочитување на жена го научил од него,но е многу многу полош од него.. таков човек никогаш не сум сретнала..незнам ни дали има.Татко ми со мајка му има добар однос наликува и на мамин син кој секој викенд е кај неа затоа што не живееме на исто место.А дедо ми со баба ми..имам слушнато дека се понашал насилно спрема неа,она неможела да има деца некој период па ја тепал поради тоа..можеби имало и други такви моменти во семејството.Иначе после тоа имала 5 деца и овој мојов татко има супер однос со сите нив освен со нас.
     
  7. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Нема ништо смешно во ваквата ситуација, чудно ми е што сите му се смееле, а тој се сомневал за ваква страшна работа. Каде е тука етичноста на лекарите и сите лекарски работници? :?: Сугерирај му да оди да направи анализи, тоа не е ништо страшно (баш кога беше денот на сидата имавме презентација за ова), анализите се прават АНОНИМНО (така ни напоменаја) и потоа резултати по некое време. А, инаку мислам дека ХИВ вирусот може да опстојува во телото и подолго време, затоа ако има големо сомневање (што очигледно има, а и страв за ова) веднаш нека направи анализи.
     
    На Linda.A му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Linda.A

    Linda.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    како што ви ја опишав состојбата на брат ми, после многуте молења и зборења со саати на телефон, на крај се реши и отиде во институтот во Скопје за да направи анализи за ХИВ, како и што очекувавме резултатот е негативен. Таму многу добро се однесувале, го смириле, ама му рекле пошто не поминале три месеци (за две недела три месеци ќе поминат од случката), за да тестот биде сто посто валиден, треба да се повтори откако ќе се полнат три месеци. Така да после две недели треба да се повтори тестот, и него пак не му е доволно овој негативен тест, и сега кој ќе чека уште две недели во страв. Но кога зборам со него малце е подсмирен, се врати на работа, уште не прифаќа да оди на психијатар, вика дека подобро му е, јас не верувам дека му е подобро само ме избегава зашто му станав досадна, плус и ова снегот некако станува невозможно одењето во Скопје.
    сега ќе видиме што како...
     
    На Giovanna и tessie им се допаѓа ова.