Никаде не спомнав дека треба да е празен или некому да му се ускрати слободата на движење комплетно! Паркот не е паркче туку ПАРК, има доволно место за сите. Немам проблем со тоа луѓево да излезат, но да се одржува потребното растојание еден од друг. ТОЛКУ Е ЕДНОСТАВНО САМО КОЈ ДА СФАТИ! И ти вака неповикана дојде да ми посолиш памет, ај лапни едно антибиотиче и чилни
Да, и на него недела дена боледувње по телефон му дадоа и рекоа да дојде да го земе некој што е здрав,па отидов јас до на врата. Ни рекоа ако треба да се продолжи исто само телефонски.
Сега слушнав совет на радио.Рацете треба да ви бидат мрсни.Почесто да си ги мачкате со крем за раце.Вирусот сакал суви раце на мрсни и влажни потешко остојувал.Може има и логикаАко ништо друго дома имаме крем за раце Има онлајн за боловање не мора да одите.
Кај маж ми во фирма си работат нормално, никој ни маска ни ракавица ни растојание.. Две колешки се вратиле пд пдмор преку организирани летови,без никакви проверки ни изолации,одма на работа...Една од Турција,една од Шпанија. Среќа нивниот оддел во моментов има слободно,па не работи. Ќе збудалам кога пак ќе почне на работа и да се меша меѓу толку незаштитени,па после дома да доаѓа...
Кај мене е лекар каде секој ден идат без маски и ракавици, им врши основни прегледи од диши диши до даље,па си иде дома не бакнува итн. Среќа имаше одмор во пикот па сега може и да управува со ситуација. Пиша мејл дека не прима никој без маска. Доби известување дека добил наочари, визиер, нараквици и маска за преглед. Јупи Олабавете се и почесто на свеж воздух. Да пренесе преку облека треба некој да му кашла во облека. Мислам не е до толку вирусов не е преку воздух. Само растојание и хигиена, насмевка на лице при дете во скок и добро расположение. Ако комуницирате со некои негативни сјебете ги на мјут. Стварно не ви треба тоа. Купете си акции повторувам уште еднаш (боуинг акции од 90 на 150 денес) и чилајте си со Дејвид Боуви- Чајниз грл на најјако. Немам дуван не е до тоа ако некој прашува. Се е стегнато, а мара не ја дозволија у земја немачкој. Ќе почекаме ќе дојде и Мара слободно за некоја година.
https://www.comdirect.de/ Online, ти праќаат документи идеш до пошта да убервајзоваш идентитет и поврзувш конто со платформа. Ова е од комерцбанк. Парички за два дена се префрлаат од банка конто на акции конто и многу лесно следиш кои акции се сега доле со кризава. За една недела +34% на вложено нихт шлехт.
Епа, женски во Германија и пошироко, ова е инфо на денот, ако не и идеја на годината, данке @FreeMind . Јасно беше дека ќе биде општ крш, и економски и берзански, ама што оди долу, по некое време ќе оди и горе. И обратно. Сега да си најдам јас локални опции, дојчланд нихт мајн хеимат за жал (германскиот крш, знам, знам). Нема на готово за мене, за се треба да се помачам
Фри не ваѓа од од психичката криза сеа и економски ќе не подобри Да проследам информацијава на маже...
Ве ретувам веднаш Ова е од синоќа: Јас уште пред две недели ви реков да си купите, сега берзата се враќа кон точка нула но сеуште е минусна (има време за купување). Само ако се врати на нула како пред корона си во добивка 50%. А ќе дојде за месец дена. Земјите вбризгаа свежи пари во економија и светка зелено насекаде.
Сега се слушнав со мм на работа е. Местеле центар за тестирање кај нив, секој што ќе почуствува симптоми да може да се тестира, плус ќе биде И за градот секој што ќе закаже да може да се тестира. За нив како што сватив нема да треба закажување. Се работи за голема фирма со објекти на повеќе места во два града. Само во тој објект се отприлика 1000 луѓе. Ова со акциите прави да ми е криво што купивме стан. Заштедата ни е многу мала сега. А мислам и недвижности ќе паднат после ова можеби .
И ние исто @Chantal . И очекувам да паднат недвижнини. На ниво од 2008, тогаш стан во Виена се продаваше за 1000 евра од квадрат. Последно беа околу 4000. Сега ми е криво што ќе немам кеш да купам имот на некое море. Ама прво требало да имаш кај да живееш, после луксуз. Му се јавив на брат за акциите, вика не вложувај многу, до кај 5000 евра. Јас мислев 1000 доста се.
Не ве разбирам со одењето во парк, во мали групи. Во околината на Штутгарт, во помал парк покрај бензинска, дошле девојка и дечко со кола и излегле со 2 кучиња да ги прошетаат. За нула време дошла полиција и буквално ги карале. Не е ли секаде исто?
Кај нас е забрането во било каков парк. Одма плаќаш казна на лице место. Дали требаше од сабајле да се шокирам со 6 150 новозаболени во Германија? Е не требаше де. Можеше да почекам до после ама бидна више. А и не дека се шокирав нешто претерано.
Јас сум во Штуттгарт , 4 км од строгиот центар, од плоштадот. Слободно си шетам секој божји ден, па дури и слики ви ставам на форумот за доказ. И не шетам само јас, си има и други луѓе. Единствено што полицијата им довикува на сите се зборовите - ВЕ МОЛИМЕ ДРЖЕТЕ СЕ НА РАСТОЈАНИЕ ЕДЕН МЕЃУ ДРУГ- Друг притисок не се осеќа. ****шетам во природа ****
За недвижности не верувам дека пандемијава ќе направи потрес како во 2008 бидејќи тогаш и самаат светска рецесија дојде од пазар на недвижности односно од свопови (препродажба на долг на финансиски пазар). Од пандемијава ќе се ќари многу периодов на акции, а недвижностите ќе држат линија бидејќи никој во пандемијава не го губи капиталот (владите пуштија субвенции). Можеби Италија да може фино лепо во Тоскана да стане поефтина ама и тоа ќе биде некоја рушевина. Становите покрај приморје во Шпанија се како во Скопје да купуваш не се скапи, ама пак и не се исплати да земаш стан за два пати годишно. Плус деца кога ќе пораснат нема да ти одат секоја година. Јас би во Хрватска нешто мало слатко и на плажа али милиони коштаат.
Ако купам акции колку време отприлика треба да чекам за да си ги вратам парите? На пример со платата да купам акции и за недела две може да добијам плус 200-300 евра?
Да знаев за колку време ќе се вратат ќе бев милионерка Еве пример акцијата на боинг од 90 евра до вчера рипна на 165 евра Значи за седум дена има поврат од 83,18% на акцијата. Пластично објаснето за две акции купени по 90*2=180 евра ако ги продадам денес за 331 евра за една недела ќе заработам 150 евра. Се разбира има 17 евра провизија за брокерската куќа на трансакција но сепак заработката од само две акции е одлична. Ако ме послушаше дрвенава медицинска глава која што не разбира ништо од економија и вложевме 5000 евра на боинг сега ќе имавме поголема заработка. Али таа е што е битно малата ќе си ги дуплира парите за прв роденден. Ако мама не и ги вложи пак за да ги три дуплира до крај на пандемијава. Сега америчките компании се купуваат гледам америка расте бројот попара ќе биде неделава на берза кај нив. Еу се враќа.