Јас тука не сум видела како е освен до маркет не сум била по продавници. Ама знам дека уште пред некој месец пишуваа дека рестораните се планира да функционираат така со негативен тест, впрочем затоа пуштија по сите маркети брзи тестови. Е сега како планираат да проверуваат колку е стар тестот не знам. Ако треба од лабораторија сигурна сум дека никој нема да влезе во продавница или ресторан, не верувам дека ќе им се исплати да се отворени. За вакцините минатата недела стигнаа на ред кај нас комшиите мои 80+ годишни се.
Девојки ми треба инфо за лет до Франкфурт. Пцр знам дека треба. Дали мора на аеродром и цена ако знаете? И за назад од таму за Мк дали има рестрикции Фала ви
Ги проверив сите аптеки на Hbf оти ми е одма практично од работа и на пауза, секаде мора со негативен корона тест за да влезиш внатре. Мош оти како трговски го сметаат Hbf па затоа задолжително Утре ќе излезам да ги проверам аптеките низ градот , дали и таму ќе бараат.
Заборавив да пишам , а таман ќе се гасев од форумот. Само да ти кажам за ситуацијата со аптеките тука : кај оние аптеки каде може да се прави брз корона тест ( резултати после 20 минути ) се влегува само со ТЕРМИН. Кај сите останати аптеки МОРА да се покаже на влез негативен корона тест. Кај вас е поопуштено. Ај ќе издржеме , мислм дека кажаа до 19 Април ќе трае ова со тестовите што бараат на влез, па ќе одлучат дали ќе го продолжат или прекинат.
Мислам можи сам да се тестираш и да потполниш еден документ, па одиш во продавници. Немам лично искуство. Познаничка ми праќаше такво нешто. За во Заксен ова.
Сега ми кажа една мајка децата во школо од понеделник ќе се тестирале два пати неделно. Значи кај и да е и во градинка, ќе ме изненадат со известување до понеделник може.
Трет ден инцидентата над 100! Од кај и текна вакво нешто? Ќе не затворат за четири дена? Не дека ми менува нешто ама да се најдам во муабет. Едит: Сега видов дека три дена била над 100 од 15ти април нови мерки: нема веќе клик унд мит унд клик унд колект, ноктите затвораат и ред други затвораат, фризери остануваат отворени...
Јас од понеделникот почнав со курс германски и синко почна во градинка Нотбетројунг. Во неделата му направивме ние тест, оти мораше и вчера повторно го тестирале во градинка. Им бркаат во носето, ама не толку длабоко како кај возрасни. Секоја недела по 2 пати тестирање. Б. Вуртемберг ова. Ама жално е, само 4-5 дечиња се цел ден, синко прашува кај биле другите деца
Jas procitav nwkade po grupite za testiranjevo i zatoa prasav nie nemame uste nikakvo soopstenie gradinkata e normalno otvorena seuste i bez testovi.
Во некоја градинка во Бранденбург почнале тестови во градинка кај деца со лижавка тест.Се зема само примерок од јазикот и тестот давал 95%точни резултати. Родителите кога ги прашаа дали им е проблем, кажаа не е проблем да се тестираат само градинките да работат.Јас исто велам само да ги отворат градинките и нека лиже лижавче.
И тука за таков кажаа. Требало прво родителот да потпише, да даде согласност дека детето смее да се тестира. Кај нас 6ти ден е над 100 индицидентата. После 3тиот ден над 100 затворија бутици, нокти, скоро се... Да видиме после утрешниот 7ми ден над 100 што ќе се деси. Претпоставувам и утре ќе е над 100 ќе видиме.
Ај за вестине на Сител што зборев дека насловот нема врска со текстот па сега да позборам и за германските вести. Нели еднаш неделно ќе се тестираат вработените во Германија, ајде некаде стварно се тестираат ама некаде ти даваат дома тест на кој треба да плукнеш и утредента го носиш на работа. Епа нели може ни да не плукнеш? Можеш вода и сјај да прснеш, значи се можеш. И зошто вака лажат? Зошто смислуваат глупости ( е вистинскиот збор)? Исто како со ова три дена над 100 затвори, па три дена над 100 отвори. Играчки. Трагикомедија.
Кај нас во Офенбах све е затворено додека во Ханау за некои си 11км од мене се функционира нормално, па така јас во петокот пред киретажа си отидов во Акцион си наземав се што ми треба за малиот дома и сега сум си мирна ниту ми треба да ми отворат кај нас ниту ништо , таму нити пак потполнуваш нешто за да влезеш како во друга држава да си не на неколку км од дома. Хаос е значи. Знам дека децата мораат да се тесираат два пати неделно за во школо за во градинка не знам . Но ни јавиа дека демек ќе почнат градинката нормално со работа од 1мај т.е 3 мај па ќе видиме како ќе биде дали со тест или не....