Нашиот градоначалник одобри децата од 4 год да можат да одат на градинка.Па ми пратија од градинката меил дека Сенатот одобрил и големата може да тргне.Само до кога да видеме.
Девојки не знам дали вчера прочитавте, ама за вакцинација со Астра Зенека е укината приоритизација на групи. Секој кој сака да се вакцинира може од одма да се пријави кај матичниот лекар. Јас сабајлево кај мојот бев прва Ми кажаа штом ги добијат вакцините, веднаш ќе ме контактираат. Со лесно на сите
Јас вчера на Tagesschau прочитав за Астра Зенека. Пишуваше дека е одобрена за сите возрасни групи. Без приоритет, кај матичен лекар. Ама знае некој што стана со тоа дека не е безбедена за возраст под 60 или колку и да беше‽ Политика?! Прашањево ми е озбилно, не сум во тек со нови информации.
Јас едвај чекам да се вакцинирам ама искрено не знам со сите забрани не е безбедна, па безбедна е од таа возраст до таа и слично. Искрено најблиското семејство ми е со тромбози и се плашам, генетика. Незнам дали знаете дека секој вискоризичен пациен има право двајца од неговата околина да се вакцинираат со приоритет. И за трудници важи ако тие не се вакцинираат двајца најблиски имаат право зошто се во контакт цело време. Потврда дава хаусарцт или гинеколог.
Јас последна ќе се вакцинирам, причини непознати. Денес случајно се погодив на место каде што и се вакцинирале. Списокот беше со Астра Зенека и сите над 60 години. После вакцината им викаа на сите да седат тука 10 минути и ако им е добро може да си одат после десет минути. Додека одев па до тука на бесплатен пункт за тестирање долга редица чекаат за тестирање. А јас си имав умислено дека никој не се ни тестира на тие пунктови. И на еден фризер видов дека ако сакаш да одиш на фризер тие бесплатно те тестираат на лице место. А ваму кај што ги вакцинираа само си викам дека ако падне некој и јас со него ќе паднам ама никому ништо не му беше, стари, дотерани и насмеани. Си направив триста филмови дека седев во просторија со штотуку вакцинира, како вирусот лази и доаѓа накај мене. Нели на штотуку измислена вакцина не треба да ги мешаат штотуку вакцинирани со обични смртници? Јас се изненадив колку лабаво се одвива вакцинирањето, а таа што ја боцка вакцината имаше како наметка зелена мрежеста како за комарци и од белите маски. Не беше како во почетокот кога беа докторите ептен наоружани и заштитени, сега лабаво ептен сите. Друго што слушнав дека пред вакцината ги прашуваат дали сакаат уште нешто да знаат за вакцината, а пред тоа не знам дали им кажуваат реакции од вакцината или што ама подолго збореа во таа собата.
Како све може да се закаже за вакцина? Кај матичната кога се јавив рекоа не работат они со вакцини, да видиме на интернет. На интернет гледав завчера ама сеуште немавме писмо за приоритет и нели астра зенека не беа пуштени. Денес отварам стои само дека нема термини во мојот крајс, проверив и во соседниот и таму нема термини. Ми останува да се јавам на бројот? Ама ако е пребукирани сигурно исто ќе е. Има друг начин да закажам? И дали ако се ослободи термин во соседниот крајс смеам да закажам таму?
На страната на фб од мојов ландкрајс сега случајно видов дека снемало термини за вакцина ама од вчера попладне ќе имало 4800 нови термини за наредните две недели. Што направи ти, закажа? Од утре кај нас без тест на фризер и по продавници, во јавен превоз може медицинска маска итн... Ќе се врати по старо кога пак ќе е три дена по ред на 100.
Не се јавив на бројот, ама на сајтот уште стои дека нема термини. Ќе проверувам редовно. Мислам дека во петокот најмалце две големи фирми од регионов добија писма дека им следуваат приоритетно вакцини плус астра зенека за кој сака пуштија и одма све се букирало. Мм има писмо за приоритетна па ќе видиме што ќе го боцнат, а јас решив секако астра зенека да ја примам. Кај нас градинките се затворени една недела па вчера ни стигна дека ако не се покачи бројот во петок би требало да се отворат. Ајде нека падне под 100 И кај нас ептен сум за шишање ама не ми се чека пред тест центар, кога и да поминам има огромен ред.
Види како тука да не има во некои фризерници се тестираш на лице место значи 15тина минути пред терминот.
Мене ова некако не ми е верно. Официјално треба Фајзер да се одобри за деца над 12 сега мислам над 16 е ама и тоа сеуше се чека. За помалите мора прво да чека да се одобрат вакцините. Они возрасните неможат да постигнат да ги вакцинираат ќе прават задолжително за деца. Најдов еден хаусарцт што работи со вакцини, ама ме чуди на сајтов пишува дека Астра Зенека ревакцина за 6 недели. Нели беше 12 недели за АЗ? Има некоја примено АЗ?
Нема вирус во вакцините, не се секирај. Само во кинеските. Другиве се сите модерни, само дел од вирусот имаат. Секако не може од вакцината да се заразиш.
Ама не е во Германија, а иде натака или‽ Сабајлево читав дека од СТИКО не препорачуваат вакцинирање деца, поради премалку информации/студии. Дали се реални‽ Ќе се вакцинираш со Астра Зенека‽ Скроз сум во збунка со вакцинава. Прво не ја даваа на помлади, па еве сега за сите. Па беше ревакцина на 12 недели, сега на 6. Ништо не ми е јасно.
Информациите за вакцинирање деца ги мотаат медиуми од почетокот на годинава, за да испитаат терен. Да, стручната јавност не само што не е за, туку е против вакцинирање деца, ама стручната јавност беше и протов маски на отворено па не дека некој ги послуша. И за многу други работи, политичарите си водат политики, стручната јавност нека си стручнува. Се што видов во Израел, реприза гледам во Германија, би се изненадила да не е така.
Девојки бидна! Сабајлево се вакцинирав со Астра Зенека и вториот термин ми е за 6 недели, 23.06. Сега за сега сум ок. Може и дека немам баш време да се паничам Со лесно на сите што сакате и се вакцинирате
@Chantal @Lianna Anna Во Англија кога почнаа на 3 па скокнаа 12 недели и сеуште е така тука и за Астра Зенека и за Фајзер. Значи сите чекаме 12 недели овде, без разлика со која вакцина е. Дека почна да се копира што Англија прави со Астра а дека е нивна па они знаат е станата 12 неделна за секаде, ма ако му текнало некому тоа дека беше со друга цел да се опфати повеќе народ со прва, па сега Германија распоредила на 6 да биде оти веројатно постигнува со што план има направено. А може и со 3 недели, така и ја тестираа и првично одобрија.
Искрено не мислам дека ќе биде одобрено од комисијата за брзо време. А сега видов имале брифинг. Немам време да го гледам, ги разгледав само коментарите набрзинка. И веќе наидува на отпор. Генерално е недоверба во нова вакцина, направена за краток временски период, дури и од оние кои вакцинираат. Иначе јас ќе се вакцинирам со било која. Пошо сум на мислење дека е било која подобра од никаква.
@Lianna Anna па планирам ако успеам да добијам термин, а сега за сега е само таа за тие што не сме приоритетни. И јас сум со ставот подобро било која отколку никоја.