Рекоа во летото ќе ги одобрат на фајзер за деца.Мислам дека логички ќе направат ако сакате градинка боцнете го детето против ковид. А знаете ли од каде ние оздравеноте треба да извадиме потврди?Гледам велат со позитивен тест не постар од 6 месеци може да се движам слободно.Ама јас не добив никакви разултати само ми се јавија од гезудххајсамт дека сме позитивни.
Јас прашував во гезундхајсамт и ми рекоа дека веќе сме заверени во системот дека сме биле позитивнии. Резултатите од тестирањето или решението за изолација (тој првиот лист) да ги носиме со нас.
Која јака фора! Вакцинацијата не е задолжителна, избор е! Ама одберете вакцинација, ако сакате детето да иде у градинка/школо. Исто и за возрасните. Нема рестрикции за вакцинирани! Иначе ќе почнат и негативен тест пред тест да бараат. Скроз сум за вакцини, ама вакви реторики на избор, наспроти издржани аргументи зошто за вакцинација, ми се стварно пресмешни. Особено во време на пандемија, кога се експонира недоверба во нова вакцина. Мислам, луѓево едвај за сами себе одлучуваат да се вакцинираат. Не знам како ќе одлучат за децата. Одма тука има промена на перспектива. Иако искрено имам и кај себе забележано ваков манипулативен наратив. Пошо не сакам да живеам на планина, туку нормално, како некогаш. А некогаш се чини далечно. Ете пак! А за целосно вакцинирани и прележани, уствари не важат рестрикциите? Со исклучок на постојано тестирање нели, мислам на маски, ограничување контакти, термини за продавници и слични ограничувања. Ако на пример, родителите се вакцинирани, а децата не (пошо мали) какви ќе бидат ограничувањата тогаш за нив, на пример во продавница‽ Ќе ги тестираат или како‽ Не знам дали е нелогично или валидно прашањево. И каде е @FreeMind
Така е добра манипулација, не е задолжително ама ако сакате ова или она морате да се вакцинирате.Вакцинираните имаат предност.Бесплатни се вакцините , а ако не сакаш вакцина плаќај тест.Јас исто не сум против вакцина и старите мои и на мм ги натеравме да се вакцинираат и се вакцинираа. За целосно вакцинирани и оздравени како и со негативен пцр тест има некои ослободувања.Пр. на фризер без тест, во продавници,да патуваш слободно во неризични земји без карантин итн.Маските сеуште важат за сите. За деца како е не знам.Се уште и они не се сигурни што ,како и кој има ослободување. Фри не напушти во најтешките моменти.
Фри отиде на север. За децата ние имаме потврда од тестирање на училиште, за малите немам појма. Не знам дали ме нервираат или ме тераат на хистерично смеење. Одлуки од министерството за чукнато одење. Уствари реагирам зависно од денот. Денес на пример ќе се смеам. Во понеделник ќе пцујам пошто секоја недела имаат смени во режимот на функционирање на училиште, па треба да бирам меѓу мојот комодитет и евентуалните трауми на дете. Као, можеш да бидеш присутен на тестирањето ама те обесхрабруваме. Ако случајно најдат позитивно дете не сакам да замислам што се дешава, прават евакуација на зграда а детето го изолираат во подрум дури да си го земеш? Ко ќе надминеш извесна возраст немаш многу живци за булшит. Јас немам проблем да живеам на планина, само 5 биткоини ми фалат. Anyone willing to FundMe?
Можеш слободно да патуваш без карантин во неризични земји или за сите земји важи? Јас за мк да можам да одам планирам да ставам вакцина и се надевам да избегнам карантин. Кај нас во градинка од понеделник со негативен тест. За понеделник ми рекоа каков тест имаш дома а после ќе ви дадеме лолитест. Е во меѓувреме сретнувам една мајка од комшии и вика незнам дали ќе ги носам моите тој лолитест е од канцероген материјал. Јас не сум прочитала нешто посебно за тој лолитест. Знае некоја нешто? Тестирате другите за во градинка?
Јас пред све вакцинирана ќе одам зошто моите ризични се, уште немам работа мене не ми менува карантин, ама ако мора за кај нас тогаш изгледа сама ќе морам за мк. Имаше по групите на ФБ дека ослободувале од карантин ако наведеш дека си бил во посета на прво колено роднини само со негативен тест (не знам лично некој што вака го ослободиле само на ФБ што сум прочитала). Па ми нема логика така да те ослободат од карантин, а вакциниран да не си ослободен.
Девојки од неодамна се преселив во Германија, поточно Минхен. Ме интересира како оди постапката за матичен лекар? Германскиот ми е базичен, ако има некој да ми препорача некој лекар македонец или балканец.. Фала многу
Се јавуваш и прашуваш дали примаат нови пациенти. За матичен лекар македонец или балканец најдобро е да прашаш во фб групите Македонци во Германија. Јас лично би ти препорачала матичен лекар со кој ќе зборуваш само на германски како побрзо би се интегрирала. Па откако ќе го усовршиш германскиот можеш да си најдеш македонец или балканец. Мој совет.
Ти ја разбирам интенцијата, ама кога одам на лекар приоритет ми е убаво да се објаснам и разберам, место да се интегрирам, затоа барав некој што е балканец. Ке прашам и во други групи, ако знае некој конкретно да посочи!
Можеш да прашаш дали може на англиски. Мене никаде не ме одбиле досега кога сум побарала на англиски да зборам, сите знаат англиски, посебно по ординациите и клиниките. Со балканци не ти препорачувам да си имаш работа, преполни се со пациенти од нашите краеви и не сим сигурна дека ќе ти обрнат доволно внимание.
Фала на советите девојки. Англиски ми одговара уште повеќе, само ме загрижуваше фактот дека мора на германски ипак е сензитивна тема, затоа инсистирав да биде балканец. уште да знаев како да дојдам барем до некој, како функционира потрагата. Членката погоре пиша се јавуваш и прашуваш. На кој сајт треба да ги барам за да дојдам до броеви, дали до болница или има листа со лекари на располагање. Некој ако може да ме посочи, би била благодарна
Гуглаш хаусарцт Минхен и ќе ти даде на мапа гледаш кој дел ти одговара, читаш критики и се јавуваш да прашаш. И прашај дали докторот зборува англиски зошто има и такви кој што не сакаат да зборуваат англиски.
Па пишуваш на гул пример Frauenarzt in der Nähe и ти излегуваат доктори во близина.Пример некој доктор Шмит ти се допаѓа имаш како глобус ако има веб сајт и кликаш таму и тражиш број во контакт.Ако нема обично кај глобусот има потолу број . Спојлер: Еве вака После се јавуваш и прашуваш. Пробај со jugoslawischer Frauenarzt in der Nähe.
На гугл пишуваш Hausazrt и на пример областа кадешто живееш. Ќе ти излезе цела листа, и како што ти погоре, ќе ги разгледаш, ќе прочиташ reviews, ќе одбереш и ќе се јавиш. Исто така можеш да пребараш "English speaking general doctor/.. Munich" и ќе ти излезе исто листа. Јас така барав за гинеколог конкретно и беше успешно. Инаку Минхен е интернационален град во којшто секој четврти жител е странец. За почеток јас се снаоѓав секаде со англиски и никаде не ми беше кажано дека мора на германски, посебно не по докторските врати. Секаде има млади сестри и асистенти кои зборуваат англиски а и лекарите исто. Како ќе го поднаучуваш јазикот веќе и сама ќе сакаш да го вежбаш па ќе почнеш на германски. Ама на почеток е тешко затоа ќе се снаоѓаш како знаеш.
Како е кај вас по градинки? Треба да се тестираат? Кај нас после месец од кога почна синко затворија две недели само нотбетројунг одеа, сега отворија ама мора со негативен тест или дома направен или таму да правиме и пола деца нема. Синко таман беше супер привикнат овие два дена со плачки е ( цвили како кутре не плаче) ама ми рекоа дека тие деца со кои највеќе си игра не одат па сега малце проблем ни е градинката. Некако многу родители против тестирањето. Не дека јас сум за ама па жал ми е да му ја кратам градинката баш сакаше да оди предходно, а и супер му влијае почна повеќе да се пушта со зборењето и германски зборови многу учи, а и јас од него инаку како би знаела што е Vogelscheuche.
Во нашиот крајс моментално функционира само Notbetreuung. За децата кои одат 5 дена е задолжително 2 пати тестирање во градинка, а за оние кои одат 3 дена се тестираат само еднаш. Бидејќи мојот е најмал и мене ми понудија тест со лоли, ама за него требало да е гладен на сабајле. Тоа е невозможно Аман веќе со тие глупости, канцерогени биле...а таа учествувала во изработката на тестот како лоли, запознаена со сите фази на продукција или.... Ајде антиваксери, ајде....па сега и тестовите се опасни по здравје...е тоа прави демократијата. Секој еден, компетентен или не, ќе кажува сешто и ќе предизвикува страв кај останатите.
Па зошто тогаш не ја укинат демократијата. Не мора веќе секој да мисли со своја глава и да одлучува за себе и своите деца. Едноставно нека биде како што ќе кажат и одлучат големите, ние како овци во строј ќе правиме тоа што тие ќе кажат. За недовербата во "компетентите" се криви самите тие затоа што голем дел од нив се продадоа за големи пари. Значи ако не се согласуваме сите со шаблонскиот начин на размислување и едноумието кое го сервираат медиумите тогаш ние сме "антиваксери". Секој може да се согласи да му го тестираат и вакцинираат детето но нема право да го осудува тој што мисли поинаку и донесува различна одлука!