Па кога ќе размислам вака, и не е лоша идејата. Ама и за да се укине демократијата, мора да се гласа...хм...демократски. На тема вакцини, за и против не е соодветна тема за дискусија, прво. А второ, таа дискусија е беспредметна ако не се темели на медицина базирана на докази.... Едноумие....ах....што фино вака звучи откако го напиша...еден мисли за сите нас. Милина
Kaj nas vo gradinka se e normalno site idat i nema testovi. Nego kakvi vi se planovite ke odite li nadolu nakaj Makedonija i planirate li nekoj odmor nekade
Сега гледам дека нашиов крајс паднал испод 100, така што очекувам и се надевам и кај нас да почне да функционира регуларно од идната недела.
Па да ние Македонците тоа сакаме најмногу, друг да мисли за нас, ние мозокот да не си го трошиме. Единствен проблем да ни биде на Македонска Софра да прашаме зошто пачата не ни се стврднала. Не мора да се гласа за укинување на демократијата, тоа се прави веќе со укинувањето на основните човекови права и условувањето со вакцинација за да ти се вратат делумно. Ама сетоа тоа се остварува благодарение на тие како тебе кои се потпираат на тоа што ќе одлучат "компетентните".
Искрено, сега ми е полесно. Сега дури сфаќам на тие како мене, колку ни е полесно што постојат луѓе како тебе..ти благодарам. А верувам , бидејќи јас таков човек сум, им верувам на луѓето, дека сигурно си добро поткована со сите информации за болести, вакцини, дијагнози, лекови . Верувам дека и сигурно високо котираш во научните кругови во Европа. Ние другите македонци сме тука дојдени или како обични доктори или економисти или некоја друга професија која ни оддалеку не е така високо поставена како твојата... Ама тоа е, не сме сите исти... Ние можеме само да ти завидуваме и да се надеваме дека повремено ќе не удостоиш тука со некоја нова информација од високите кругови.
Тестирањето е фрајвилиг,ама доколку не сакаш не може детето да оди во градинка Многу е едноставно Исто е секаде ваљда со тестовите Моите непрекинато се во нотбетројунг и веќе еден месец се тестираат Немаме проблем со нив,им стана рутина која мора да се прави доколку сакаат во градинка...заради колоната Ќерка вели -во име на короната и го става стапчето во уста Се е лесно и едноставно само треба да се објасни на децата и функционира
Во мојава “населба” од три градинки само во една ако родителот сака го тестира детето, ако не не, ама сите деца смее да одат во градинка. Вака е веќе па два месеци мислам ништо се нема сменето. Во нашава градинка се уште нема тест. Јас не би сакала да се тестира за да не треба по 6272828 пат во карантин, би сакала да се тестира ако мора за да може во градинка да оди.
И како е прифатено од родителите тестирањето? Кај нас од две групи пола група дали оди. 90%што имаа нотбетројунг сега не одат заради тестирањето. Од децата со кој си играше синко ниедно не оди, денес едвај го оставив и ќе одам да го земам во 11 од ново привикнување. Од дете што плачеше кога го земавме овие три дена стана дете што плаче зашто мора во градинка.
2 пати неделно моите внуци на граница со австрија живеат, германски дел од италија се тестираат во школо/градинка веќе од јануари мислам може и порано да беше. Не им било проблем да децава. Вика ако не сакаат да се тестираат ќе учат од дома онлајн, ако сакаат на настава 2 пати тест неделно. И сите одат и се тестираат цела учебна година.
Кај нас одат сите деца,мојата почна една недела порано до сега не ни спомнале тест.Може оти прележани сме. Ние сакаме за Мк да одиме во јуни здравје и со ситуацијата да видиме како ќе биде.Сега за сега нема карантин при враќање тоа е добро се надевам така да остане.
Леле колку среќа имате. Кај нас во италија ја немаме таа среќа и мислам нема ни да ја имаме во скоро време.
Гледам ситуацијата се подобрува во МК па се надеваме дека така ќе остане и Ит ќе попушти.Абе глупости е карантинот ама кога се мора се мора.
Дали е дозволен влез за трети не знам. Каква е ситуацијата и дали ги олабавуваат мерките зависи од место до место, од инцидентата... Кај мене конкретно кога е пет дена под 100 олабавуваат нешто, па ако е три дена над 100 ги враќаат мерките назад. И на олабавено не е баш лабаво. Ако е над 165 ќе затворат школи и градинки. И така не се знае од денес за задутре (ако е денес трет ден над 100 на пример носат нови мерки за од задутре).
Вчера прочитав на дојче веле дека ги ослободуваат мерките за целосно вакцинирани, дури и спутник и кинеската ја прифаќале.Тражи на дојче веле ова како наслов го прочитав.
https://www.dw.com/mk/еу-се-отвора-за-целосно-вакцинираните-патници/a-57587496 Еве го натписот, се уште не ги прифаќаат Синофарм и Спутник, секоја членка за себе ќе одлучува
Не кликнав да го прочитам само над насловот прочитав тоа што пишав. Ова е глупост па и со кои вакцини да кажуваат