Па така некако изгледа работава... Синко кога ќе сфати дека треба 5 дена во карантин, ќе ми биде лут, леле мајко Ова ако Мк пак биде нели Hochrisikogebiet
da i mojot vo toj slucaj bi bil 5 dena vo karantin i nema na vreme da trgne vo gradinka ama ajde so 5 nekako ke pomineme nemoj novi merki da donesat fo togas
Едни познаници во мај беа.Тогаш Мк беше ризикогебит ,ама оти се медицонски лица им беше укинст карантинот.Ова да си знаеш како инфо сваќе.
Северна Македонија од 22.08. 2021 година е класифицирана како област со висок ризик. Сојузната влада почнувајќи од 22.08.2021 година, Северна Македонија ја клафицираше како подрачје со висок ризик на инфекција со Ковид-19. Затоа, сите патници мора да се регистрираат на порталот за влез на Сојузна Република Германија и да ја носат со себе потврдата заради контрола од страна на превозникот или Федералната полиција. Освен тоа, сите патници се должни да заминат директно во предвиденото сместување, веднаш по влегувањето во земјата и да останат таму цело време (карантин). Не е дозволено да се примаат посетители. Начелно овој карантин трае 10 дена. Ако пододнесете доказ за вакцинација или оздравување преку порталот за влез , карантинот завршува предвреме, во моментот на поднесување. Исто така може да се направи тест (тест за антигени или ПЦР-тест) најрано пет дена по влегувањето и резултатот може да се испрати преку порталот за влез. За лица под 12 -годишна возраст, карантинот завршува автоматски, со завршување на 5 -от ден по влегувањето. од страната на германска амбасада
Дали ова значи дека сега карантинот е 10 дена по враќање од Мк? Битно ми е да знам затоа што очекувам гости од Германија во септември ама ќе имаат проблем на работа ако треба да бидат во карантин повеќе од 5 дена. Можеш да ми го пратиш оригиналниот линк?
Nekoj skoro da patuval Mk- Ger so deca pod 12 godini, zadolzitelen karantin od 5 dena ili ima nwato drugo.
Јас се вратив во неделата. Само пријавување е потребно без негативен тест за деца под 12 годин. И секако карантин 5 дена од денот на пристигнување кој завршува автоматски после 5от ден.
На кој сајт се регистрираше? На https://www.einreiseanmeldung.de/#/ На крај бара да платам 29 евра? Плус све ми е чудно означив дека сум вакцинирана, а морам да оставам адреса каде ќе бидам во карантин ( исклучоци што ми наведе се како да сум турист, а не резидент). Не сум пополнила до крај ај нека ми пише некој што пополнувал, не ми е јасно што грешам и дали сум на право место.
Како ти бара да платиш???? Точно, треба да наведеш кај ќе бидеш во карантин, ама во исклучоци има дел кај што можеш сама да допишеш дека живееш тука, дека си резидент. И по меил ќе добиеш код за да можеш документот за вакцинација да го прикачиш, откако ќе завршиш со пријавувањето. Во моментот на испраќање на доказот за вакцинација ти се укинува карантинот.
А треба ли некаква потврда да се добие од нив дека се во ред пратените документи и пријавата. А тестот после пет дена на истиот ли портал се праќа? Ние се пријавивме, не добивме потврда.
За тестот не знам, бидејќи не ме интересираше тој дел и не прочитав. Потврда дека си пријавена добиваш на самиот линк кај што си се пријавила кај што ти пишува дека пријавата е во ред и е во ПДФ формат и треба да ја зачуваш на телефон, компјутер, сеедно. На аеродром ја прикажуваш како зачуван документ на телефон, на компјутер нели не е изводливо.
3 страни се. На првата се личните податоци, на втората информации и на третата обврски кои ги имаш како патник.
И ние вечер или утре се враќаме герм. утрово го пополнував. 3 страни испаѓаат, зачував на тел и испринтав. Закачив и сертификатите...се надевам не е хорор по границите
Завршив и јас од компјутер. Уствари добро ми одеше ама мм ми направи збрка он отворил друг сајт па излезе за плаќање нешто кај него . Нас првичен план ни беше утре да тргнеме, ама од страв од гужви на граница сепак вечер ќе тргнеме, па се надевам нема да заглавиме.
Ние вчера пристигнавме. Само на унгарската граница чекавме околу два часа. На другите немаше никакви проблеми и гужви.