Еве ги од Дрезден слики. Поздрав наши во Источна Германија и држете растојание оти и кај нас тука контролираат.
Заради затворените граници голем број на сезонски работници нема да дојдат на берба на шпаргел , па сега интензивно се бараат работници од дома .Во тој контекст и оваа шега.Сигурно ќе ме разберете на што мислат.
Да се надоврзам на @Ava.84 , во духот на Корона вирус Почнува да ми се пријадува. А да си порачам нешто да ми донесат ?
Цркнав начисто. Скроз на место. Гледав сега една научничка беше на контактна емисија толку лесно ја објасни состојбата во која сме. Имаш чиста математика еден треба да се зарази, двајца да стекнат имунитет, еден да се изолира. Мислам оној првиот фино кажано може и да умре, може и не за да опстанеме сите ние четворица здрави понатаму. Пластично никој не затвори граници додека не ја направи математиката за да ја победи болеста. Мора две третини да заболиме за да стекнеме имунитет како општество. Вакцина ќе има и треба време да ја проверат се разбира врз невини животни прво, потоа доброволци ( во сад веќе ја примија) па да соберат информации па потоа да се пласира. За следна сезона ќе имаме. Антибиотик е во фаза на испитување и тоа ќе имаме. Рече за ебола им требале шест години, а за свински грип пет месеци. Среќа во несреќа им било познато ткивото налик сарс и не трошеле време на одделување на не знам што таму од телото на вирусот. Насмеана од зуб до зуб рече дека сме во изолација за да не го оптеретиме системот и да го забавиме заразувањето кое секако ќе продолжи, но само темпото го успоруваме да не се деси колапс. Инаку ќе се анштековаме и даље за исти паре. Објаснуваше и за тестови има и нас обичната раја некои во аптека се продавале. Не знам кои се. И секако се задржа како настанал вирусот. Пазарот во Вухан да го видевте само 85% ќе станевте вегани. Кокошки измешани со кучиња, мрвојади и кенгури. Плач насекаде. Во еден кафез лилјаци, во друг мачки, во трет мајмунчиња млади. Фаци насмеани земаат од кафезот кокошка со една рака и кинат глава и ја става во хартиена кеса. Се врти зема младо мајмунче и му го прави истото за да го потегне кафезот на млади кучиња до неа. И така насмеана си продава, пари си прави. Да не пцујам таман ава ме насмеа.
Ги гледавте ли вестите во 13 часот ? Ко што разбрав болницата во Нуртинген немаат веќе место за нови пациенти и ги праќаат во други градови во околината. https://www.swr.de/swraktuell/baden...mungsplaetzte-krankenhaus-nuertingen-100.html Времето денес низ цела Германија Времето за наредните денови Тоа беа вестите во 13 часот. Пишувајте информации, редовно ве читам . Поздрав до сите на темава
Досега бројките на https://interaktiv.morgenpost.de/co...sQzbz4d8o8R3gz0C910U8tvfYlBT6P0lVJJvHfk9uS2rc се совпаѓаа со бројките на https://www.worldometers.info/coron...10rToaxg4Ojl_wBAt1GePq2loX8Wj7xKoH0#countries Овие два дена цело време бројките на worldmeters се многу поголеми, а всушност германскава страна им е извор, барем им беше до завчера. И секогаш прво таму ќе се ажурираа бројкитe па после на worldmeters.Што се случува сега?
Пишав еднаш, ми се избриша. Ај пак. На worldometers, кликни на Германија и ќе влезеш на линк исклучиво за Германија. Под мапите со кривите, има линкови од каде ги земаат податоците. Во случајов, од денес, превземено е од тука: https://interaktiv.tagesspiegel.de/lab/karte-sars-cov-2-in-deutschland-landkreise/ Не прочитав ништо и не знам дали се совпаѓа. Претходно, почесто земаа податоци од echtzeit karte. Можно е да не се ажурирани, односно да каснат.
Јас сум во дел од градот што спаѓа под еден ландкрајс. Ландкрајсот има околу 200 инфицирани. Вчера објавија дека во градчево се уште нема инфицирани со корона. Можеби дека се почитуваат правилата. Ретко има некој исклучок да не почитува нешто ама веднаш се наоѓа некој да го опомене. Сега ми е јасна една лекција од основно. Над 95% почитуваат и секогаш ќе се најде некој да ги опомети тие 5%. На почетокот во Мајчински пишував дека 24/7 полиција со сирени ми го будеше бебето и мислев којзнае каков криминал има тука, а испадна дека да плукне некој одма ќе го пријават и две полициски коли за помалку од минута доаѓаат. Мн работи за кои во Мк се прогледува низ прсти тука строго поминуваат. Затоа е оваа дисциплина. Се просветлив сабајлечки. Денес малку математика. 8.12 е. Дали е 7.12 или 9.12. Час.
Ајде некоја поупатена да ме оправи. Маж ми е шофер,требаше да си појде на 4, нормално невозможно е сега. Престојот му завршува на 8април. Дали ќе биде проблем ако го надмине датумот? И дали е вистина дека потоа без разлика ако го надмине датумот ,ќе нема право никој да замине за Германија 6 месеци?
Ги гледате ли вестите кои моментално се емитуваат ? Германија донела 73 заболени од Италија , 30 од Франција , еве со авиони ги носат да се лечат тука во Германија.
Не сум гледал вести денес, ама за ова збореа од пред 3-4дена. Мислам дека е ради критиката каква ЕУ кога сите сами фунционират па затоа Германија реши да покаже солидарност.
https://m.focus.de/gesundheit/news/...ll-herdenimmunitaet-schaffen_id_11826323.html На кој му се чита бараат некои да се оди на шведски систем зошто не сме доволно анштекувани и немаме грундимунизирунг за понатаму. Што повеќе заразени тоа подобро. Така смета медицината за сега.
Вчера баш слушав на некои вести, во Германија имало мала стапка на починати поради сиромашната стапка на интеракција помеѓу старите и младите, во и надвор од фамилиите. Секако, ова како дополнителен фактор.
Нели викаат ретко кој дочекал германска пензија па јас со тоа го поврзувам. Нема многу стари. Мм гледал на тв дека во италија имало најмн население над 60 години. А сега на вацап објавија дека во Италија ги броеле сите што починале кои во моментот имале корона иако не починале поради короната. Се се сведува на вицот кога Короната му вика на Грипот: Немаш реклама.
Стварно немате многу стари? Или кој дочекал пензија фаќа штрафта, кој во пензиски ресорт во Тајланд (го треснав ова, незнам кој е пензиски рај), кој од кајшто дошол, Балкан, Турција? Поверојатна ми е теоријата на @danichap , младите не ги есапат старите. Во ваква ситуација поарно да не ги есапат, отколку на душа да ги земат. Класична слика од мојот комшилук- се вратиле од скиење, отишле кај бабата на ручек .
Оваа недела ќе бидат резултатите од мерките и веројатно вака ќе останат бројките. Некој голем бран на повидок не е во најава.
Пред да се исклучам од форумот, само да ви споделам видео од германски доктор , клипот вчера е ставен на Youtube со превод на српски.