@Herrera го предозирале човекот Истото го зборевме со мм.Првата година кога дојдовме мм се разболе толку силно што мислев ќе умре.Тт 41, кашлица ,главоболка и болки во грлото.По 3-4дена отиде на доктор .Гради чисти му дадоа тие таблетите за синуси и да инхалира со топол чај.Оздрве по 2 недели, а кашлаше уште 3 месеци.Ослабна за 2 недели 10кг.После 7 години сеуште го паметиме вирусот ама никој не го тестираше од што вирус е болен.Нормално и јас се разболев ама со многу полесни симптоми.Да беше сега тој вирус сигурно ќе речеа дека е корона. Короната е позната од 1970 и постои меѓу нас само што не сме тестирани дали сме ја имале.Нема ниту пак да не тестираат.
Јас од секогаш сум се прашувала зошто оние доктори кои пропагираат дека треба да се заразиме 60% од населението не си го земат семејството и онака нека лижат копчиња во лифт, банкноти, нека влезат на интензивна без маска и да видат како ќе биде 14 дена па потоа ние искачаме фамилијарно да се заразиме. Зошто истите увек се опремени до зуб во лабаратории, а ние “треба да се заразиме” Вери фани одувек ми се гледале овие теории и оние на заговор се исти како ништо страшно не се дешава ве плашат владите и си оди накај дома со маски, скафандер, нараквици, пчеларска опрема во ранец, очила за заварување итн.
Been there, done that. Не беше ни вирус, сосем друга состојба беше, хоспитализација на наше инсистирање, после коњски дози од секакви лекови, пациентот излечен. Истото, 10 кила помалку ако не и повеќе, во наредните месеци, црвен тракт расол. Не да пропагирам анти-медицина, ама малку усул со фармацијата. Ќе да има некоја основна врска меѓу црвениот тракт и останатите заболувања, вклучително и вирусов и симптомот дијареа, ама уште не сум стигнала до таа лекција. Којзнае дури заврши периодов, може и далечински ќе завршам медицина. Може ја згрешив темата, уствари се надоврзав на вашата приказна и тврдењето на докторот од погоре.
Мути и по третиот тест е негативна на корона. Чарлс е здрав, а ние обични смртници сме сеуште во изолација ден 16. Втора недела како е затворена Германија и од кога се подрастичните мерки, засега бројките се тие. Велат ако оваа недела и следна бројките се исти ќе не отворат од Мај. Има на нет еден чаленџ во светов #coronachalenge и најразлични идиоти од цел свет лижат школки во тоалети, на бан кваки итн. И сетоа тоа е интересно се додека не се дешава и во Германија (кајн шпас ин дојчланд, кајн хумор). И на идиотот на врата десет души полиција го истресоа, го приведоа и го казнија. Нема корона успат.
Кајн шпас ми се чита кај шнапс, и си вела втф, што им се деси Тоа отворањето не ми е јасно? Сите продавници освен прехрана/ лекови ви се затворени или како? Некако ептен се отидени надвор од умот сите, денес нема гумче за чешма кај да купиш, пошто Obi и слични се затворени, некое утре (ко ќе отворат), одма носам дете во градинка? Сеедно дали е април, мај. Се обидувам да разберам дали сегде исти будали измислуваат политики или некој им ги шепка политиките.
Цел свет мерки превзема па и овие, нели да не ги караат. Работат овде, маркети, аптеки, пошта, банка, работат бе и продавниците за градежни материјали, кажи што ти треба ќе ти пратиме Некако не даваат ефект многу меркиве, не знам до кога ќе ги тестираат. Не сјебаа нас трудните со "Kurzearbeit" , ама ај побитно да останеме живи здрави.
Цела фирма прогласи "Kurzearbeit" еве за април првенствено и тоа на најјако го пуштија "Null" значи нула работни часови. Во пресметката за Elterngeld подоцна, месеците со Null се сметаат како да не си зел ич плата (дека е вид помош од Arbeitsamt, а сепак влегуваат во 12те задњи кои се земаат предвид) и ти ги кратат автоматски примањата за целата година Elterngeld.
Абе цел свет мерки ама сегде малку различни. Во Норвешка на пример, не смееш да избегаш да живееш во викендица, пошто во таков забот не би те нашле евентуално да ти помогнат. Во забит во Финска сеуште можеш да одиш. Шведите наводно никакви посебни мерки немале, ние по двајца може да се дружиме максимум. Во фабрика може да одат на работа 1000 луѓе ама во парк не смеело да седиш на клупа Ќе ни здосади еден ден или ќе ни пукне филм, ќе тргнеме голи да шетаме на плоштад ко тој во Рим, ако сте го виделе видеото
Слушате ли разговараат за мунд шуц да воведат во цела Германија За една недела сите со маски А маски има ли од каде да се купи или танга да си ставам
Слушав и јас за ова, по примерот на Австрија. Само не знам нели немаа доволно маски ни за медицинските лица, а сега експресно за сите ќе се обезбедат Јас бев нарачала од некоја рандом страна две, злато вредеа, ете абер немаат да стигнат уште... превара е валјда
Ќе си сошиете де, не е толку страшно. Мене главно хоби ми стана, сега и нови модели испробувам веќе Спојлер: туторијал Еве ја оваа, многу среќно шие Спојлер: Туторијал од кеси за правосмукалка- Имаше уште една, шиеја за амерички болници, за да легне околу лице нешто сејоптејп користеа, ама не можам да го најдам. Би ви сошила на сите, ама колку сум брза, побрзо короната ќе заврши, отколку јас со маските
Јас разбрав дека ќе можело и пред маркет да се купат тие маски пррд да влезеш во маркет инаку без маска немало да пуштаат да влезеш као демек. Ама нз само слушнав. Јас имам сошиено рачно 5 маски за мене и маш и дете , колку сакам машина за шиење да земам и да можам да најдам од каде купуваат памучен материјал па да сошијам уште .
Јас разбрав кај мене пред супермаркет ракавици ќе давале, вчера маж вика, ни кај лебот немаше ракавици. Е сега, немачка сте вие, може поинаку ќе биде, дајбоже. Ja преку Памперс не би дишела @Ava.84, не за друго, којзнае која хемија е таму и што ќе вдишувам. Имаше туторијали од кујнски брисачи, ама тоа некако безвезе ми изгледа. Нас не лажеа, од памук 70% штитела, од непамук 50%. Уствари сето е од две причини. Едно, да не те стигматизираат како болен, ако си со маска. Второ, реално ако сите имаат маски, преку две бариери, на носител и примач, вирусот би имал помалку шанси да се пренесе.А, и трето има- може незнаеш дека си болен, шириш несимптоматски. Башка, кога сите носат и децата прифаќаат- ете сите носат, така треба.
Нема да е проблем ако се врати во моментот кога ќе се отворат границите. И јас сум надвор од македонија без никакви документи (виза/дозвола за претстој) и ми кажаа од амбасада или да изберам да се вратам дома сега со авиониве или да останам и после сама да се вратам. Кажав дека три месеци ми истекуваат средина на мај и ми кажаа дека разговарано е со земјите од шенген зоната вонредна ситуација е нема да имаме никаков проблем.
Кој заеб ти се десил Не можеш да се повикаш на мутершутц оти е цела фирма. Стварно ова газдиве паметно ја играат кризава. Адидас ц енд а, ејџ енд ем не плаќаат кирии 3 месеци, а маливе кафичи плаќаат. Едниве во биланс на состојба суфицити со години милионски другиве да врти парата. Суров капитализам
Епа само маливе ли да имаат помош.Малите ќе добијат"помош" со кредити што ќе ги враќаат, а големите ќирии нема да плаќаат.Изедначено и "ферски" Туку јас уште не разбирам што значи "Курцарбеит" и кој ќе може да добие пари од Арбеитсамт?