Ете лукави се газдиве, си користат државата да им исплати плати на работниците, плус можноства заради Корона им стои 12 месеци на располагање, а тие излагуваат нели хумани дека не бркаат вработени и во криза Може во нормални услови ќе се потресев, а сега ептен лабаво прифаќам се'. Бременоста ми ги згасна скроз и хипохондријата и паниките
Им излезе сега државата во пресрет на фирмите, поради намален обем на работа (нели се' се затвори), да можат да минат без откази а и без големи губитоци на капитал, со воведување Kurzarbeit. Предуслов е да си прогласи прво Betriebsurlaub фирмата, а ко втора мерка е ова. Постојат 2 варијанти: -Kurzarbeit Null (работата се сведува на нула, а плати исплаќа Arbeitsamt во висина од 60% или 67% кај оние со деца -Kurzarbeit 50% и сл.(се работи со пола работно време, значи платата се крати на пола, а од останатата половина што отпаѓа Arbeitsamt превзема 60 односно 67 посто, така да не е многу драстична разликата во нето) Се надевам ме сфати
Ова што ми пиша ми е многу јасно не ми е јасно што добива работникот.Еве пример во на мм фирмата прогласија ама фирмата има работа,а мм не може да оди оти градинката не работи што ќе добие мм?Само колку часа бил на работа или како?
Зависи на колкаво намалување се согласиле/ потпишале. Можеби како превентива фирмата прогласила, ако има потреба да воведе, не знам. Ова му оди во прилог на работодавецот, работникот нема никаков бенефит, освен што ќе добие "благо" намалување на плата. Е сега не знам како е кај тие што имаат дечиња за чување, тој воопшто ли нема да работи? Баш читав дека се жалат родителите, градинките ги затворија, а сами да се снаоѓаат за чување деца (платен/неплатен одмор, Tagesmutter и сл), не се автоматски ослободени... не би знаела со сигурност да ти кажам.
Фала ти уште многу работи се нови и никој ништо не знаеШто би рекле параламентарците прв пат ни се случува ова не знаеме Па се менуваме и една недела е тој една јас.Јас работам и од дома. Ќе прашам во арбеитсамт па ќе кажам ако знам некое инфо.
Не сум го видела видеото ама чим ти викаш те верувам, иначе дај го Дојдов само да ти кажам дека соочуствувам со човекот и дека го разбирам од дното на душата како му е
Вчера на ард во вестите имаше во живо уклучување на италијанскиот премиер. Побара еу да му ги опрости давачките за годинава или да му ги намали зошто иако било земја со вечни долгови сепак низ годините докажале дека си ги плаќале (малце со уцени и закани али си ги плаќаа не се како грците кои не ги плаќаа воопшто). Според него време е Еу да покаже прагматичност и да и помогне на Италија. Меркел веднаш искочи со предлог Европска банка да им даде поволен кредит како оној на Грција за помош во оваа ситуација. Е не сакал кредит Сакал давачките да им се намалеле. Колку една претстава да имате еу се финансира од сите сразмерно број на население и големина на економија и потоа од еу фондот оној што дава и зема големи средства преку грантови и фондови. Како Македонија и Албанија сега во пристапни преговори зема милионски суми за развој на се (мислам краде милионски суми). Така и членките на еу. Ама да ги има тие фондови мора некој да ги плати. Овие три месеци преку 50% од работниците заминаа на товар на државата во Германија. Кириите исто, големи линии за поддршка на големи компании. Тоа е еден таков притисок на буџет кои германците го преживуваат моментално ама никој не најде за сходно да ги праша како им е. Искрено се надевам дека лудилово ќе заврши наскоро и ќе се врати се во нормала. Зошто ако потрае нема да е интересно со светска рецесија Вол.2
@Ava.84 Ако прогласат курцеарбаит и затвори фирмата, работникот зема 60% или 67% плата ако има дете. Ако прогласат курцеарбаит и фирмата е отворена, вработените работат на пола работно време, работникот зема пола плата, од останатата половина добива 60/67%. Ако не помешав ама мислам ти праша што добива работникот. Кај маж ти како што сфатив отворено е, прогласена е курцеарбајт ама маж ти оди две недели вкупно во месецот. Ако е на 50% курцеарбајт ќе земе 50% од тие 50% плата, односно колку што си изработил и плус 67% од останатите 50%. Еве кај нас измислиле конто од 01.04 до 31.07 за плус и минус часови. Не успеав и не успеав да го разберам. Толку сложен интеграл немам решено. Се собира, се одзема, па земаш, даваш, нешто 60 минус, па 12 месечно... како сака така нека биде. Јас би била презадоволна со 67% и дома да седам ама колешките германки со 67% не можеле ни киријата да си ја платат па никој не се согласуваше со тоа и еве сеа некое конто како милионита опција се појави. Да ви кажам за здравјето сега. Од четвртокот сум болна. Денеска немам енергија и пак главата ме боли од четвртокот. Ноќеска не ми се веруваше дека грлото почна да ме боли, не можам да голтам. Си викам ваљда ми се причинува. Мм од вчера и тој болен, повраќаше, омалаксан, денеска грлото и се искашла три пати од сабајле. Нема да одиме на лекар ама секој ден некои нови симптоми. Би се јавила ако качам пак тт или ако почнам да кашлам. Да не беше коронава немаше ни да помислам на лекар да одам па сега ќе се лечам со мозокот.
Дали има некоја информација за тие како студенти што имаме поднесено документи за 3 месеци дали ќе одиме летоска?
До крај на Остен за повеќе не верувам. Под притисок се да олабават со мерките. Патем блиц инфо https://sdk.mk/index.php/svet/95-od...nad-60-godini-veli-szo/#.XoZB6s1aTUI.facebook
Само јас ли сум оптимист? Луѓето околу мене велат допрва доаѓа пикот,а еве бројките кажуваат благ пад, се надевам уште овој месец па ќе се стабилизира и кај нас велат до остерн,што велат швабите lass uns uberaschend , Некој вели слабо прават тестови,лажат да не се крева паника,....оф оф кој знае што е вистина? @gjoker4e како сте ?
Не е баш пад на бројките, овие два дена има над 6000, пред тоа беа околу 4000 дневно, пред овие 4000 исто беа над 6000, варира цело време.
Јас сум непоправлив оптимист баш како што викаат швабите живи били па видели во превод. Туку заборавив да допишам најдоа некоја апликација во која ќе се вметне кој има корона и ќе ти се појави на ватс ап кој е шуга. Ја знаете како деца таа игра ја игравме ти си шуга еве ви реприза
Не прават МаШ имаше слаби симптоми на корона,без температура Му рекоа само ако има температура да се јави иначе една недела да не излегува од дома Сеа може не беше а може и позитивен ќе беше да го тестираа ама помина така И подобро аман да не тестираат,вака од стрес ќе не стреси нешто По цели денови дома ќе поцркаме Сакам да се заврши со велигден ова АМАН!