Абе не може да опаѓа бројот на заболени, уствари јас не очекувам такво нешто. Ама , да, на ворлдометар гледам дека и бројно и процентуално, оздравени има повеќе во секоја германско зборувачка држава, отколку во Италија. Незнам, може до јазикот е, ко ќе му речеш Аус геен или Шајзе вирус, побрзо заминува.
https://www.spiegel.de/wirtschaft/s...ferien-a-f2d82a83-bd15-4d4a-836c-1761b674b6b6 Ќе не олабават после Велигден ако се мирни за празникот. Сепак фудбалски натпревари и дискотеки ќе почекаат подобри дни. Германија најавува чекор по чекор олабаување, се мисли на економија. Ние остаток додека не искочи лекарство идеме исто по двајца внатре, редици, забрането седење на клупа, нула туризам, нема летен одмор и нема градинки. НЕМА градинки звучи најсурово. Тоа значи домаќинската кариера ќе ја качам за два левела погоре.
Све убо ама ко дојдов до последните редови ми се сврти малку Нема градинка!Ушиве никако да го прифатат говоров
Фри сеа ми е мака шо не сме поблиску Сеа мути не ја пропуштив ама едвај 50 посто разбрав Ништо конкретно не кажа за градинките или грешка сУ?
И да отворат градинките би ги пуштиле одма? Не ви е страв? Да не ме сфатите погрешно, ама или ние овде многу паничиме, или таму вие многу полабаво ги добивате информациите. Неколку дена читам и не можам да разберам како толку различна дискусија се води овде и во другата тема.
Во нашиве околни села (12 се вкупно) имаше 3ца заболени и сите се оздравени Така да би ги пуштила да Не би да живеам во Минхен...
Да не знаеш матичните доктори кога ќе почнат со работа во своите ординации? Инаку за мерките мислам дека многу избрзуваат.
Јас да.Штом ќе ги отворат сигурно опасното поминало.Во мојата населба има 148 заболени од кои 50 се оздравени.Во мојот град има вкупно заболени 4500 го немам точниот бр оздравени.Од кои 37 починати од нив 22 се над 80 години. Денес слушав анкета и 90% од Германците сметаат дека мерките се во ред.Целиот народ му верува на врвот.
Во мојот град и околни населби се уште се 0 заболени. Член сум на фб во групи од градов и тука видов инаку нема посебно град по град. Пиши го градот на гугл може ќе ти излезе нешто или зачлени се во групи на фб. Цело време објавуваат дека се уште нема регистриран случај во градов. Ако отворат не би го пуштила додека не се две- три недели 0 случаи. И на еден заболен е опасно, може баш тој еден да е со нас во контакт. Од прозор би го фрлила ама во градинка не би го пуштила. Ние во оваа тема сме позитивни затоа. Не дека мислиме се што кажеме. @Biljarkata Тука сигурно со свеж воздух ги лечат. Друга идеја немам.
Направивме тест немаме корона прележано Она кога одвај чекаш да видиш дека имаш корона се исклучителни ситуации во животот како оваа пред малку. Ретки али сепак се дешаваат.
Па ти веќе кажа дека на фб гледаш Што се заплеткавте сега? Немам дебели прсти, аутокорект имам. Ако прочитате некоја глупост од тоа е. Предвелигденски ни го отворија Оби и слични. Сите градинари и градежници. По две недели ќе видиме кој купувал расад. Јас семки си купив од супермаркет, културно. Може ќе пораснат ако ги засадам @FreeMind и јас немам мрежа на прозор. Малата ќе добие за роденден мува за милениче, таман време имам, некоја да издресирам