Уште да ми каже @Ava.84 наместо бицитка што сакала да пише и се ќе ми е јасно. Што сакаше да пишеш со кирилични букви?
И стасува. И отпакуваш од картонска кутија сет. Исто како бременост ако имаш тестирано, а сигурно тестираш. Има жолтко апаратче како за шеќер проверка дома цив на прстето и крв собираш во пипета. Од пипета капнуваш на точката и чекаш десет минути да видиш дали си бремена
БЕцирк. Кварт или општина штотијазнам. Аутокорект или дебели прсти напишале бицитка. Многу си заљубена денес, којзнае кај ти е паметот. Ако е од недостиг на градинка, јасно ми е Искачаат интегралите според прогнозата или слабо?
Мн ме интересираше дали сакала да пише бецирк или бецирктка. Знам колку сум досадна. Интегралот точен ми е. Сигурно имаат покасно додадени од изминатава недела. Фри Мајнд се зафркава со мене или стварно така е. Никогаш не би дупнала прст дома. Дали може крв од добиено? Колку толку имаше крв во менструацијата нели?
Јас тест со мочање знам, не разбирам ова со крвови што е... Пиша некој погоре, лабави сме биле. Ќе да ни тураат нешто во водата @gjoker4e ја прогласувам за трнорушка на годината
Не може со ваква екипа на темава да не си лабав. И оние што се плашеа на почеток се опуштија, нели Мари? @Lianna Anna нешто како за тебе: https://www.n-tv.de/wissen/Heinsberg-Studie-entraetselt-Coronavirus-article21704605.html Нова студија објавија со истражување.
Го прочитав сега. Ова е изгледа дел од таа студијата што ќе биде сеопфатна и ќе се истражува на долг рок. Читав претходно дека ќе се прави една ваква. Дали убаво разбирам дека 15% од овие имале прележана инфекција/игг? А не биле никогаш регистрирани официјално? На здрави индивидуи се правени тестовите нели? Сакам да кажам, да не испадне стапката на смртност помала него за грип или барем колку грипот. Кој знае колку не се официјално регистрирани, а имаат прележано, мислејќи дека лежат грип. На пример, може и јас сум една од нив.
Почнав да мислам дека ова е теорија на заговор Ништо страшно Корона и да загинеш колку моеш ќе се спасиш
Не е теорија на заговор бе. Вирус со добар маркетинг можеби Ама ако не преживее мојот идол ќе се налутам ептен
Упс Колку стар?100 Сега ја чув Енџи нема намалување на мерките додека нема лек.Друго интересно кажаа дека мора да се насоче Дојчланд во сопствено производство на маскиКако мачките никогаш не паѓаат на грб
Земен е примерок од 1000 луѓе /400 семејства во најпогодената област во Германија, им е земен брис и од нив 15% го имаат прележано без никакви симптоми и се имуни на вирусот. Американскиот истражувачки центар Џон Хопкинс искочи со 2% смртност, додека кај нас овде во најпогодениот регион е 0,37%. Се сомневаат германците дека смртноста е далеку помала од моменталната која кружи. Велат мерките покажале успех бидејќи германците се многу дисциплинирани и ако би пуштиле пилот градинка таа би била со високи хигиенски норми. Приказната е таа 60% да се зарази населението за колективен имунитет. Имунитетот трае од шест до 18 месеци. Тоа е врмето бо кое ќе искочи вакцина. Јас одвај чекам истражување зошто е смртноста овде таква за разлика од другите земји. @Ava.84 велат да не зависиме од Кина за вакви материјали. Бизнисот никако од глава не го тргаат. Алал да им е. Од Македонија ми велат дека ги лажираме бројките на смртност. И да е така пак тие души мора негде да ги закопаш, болниците да се фул полни, луѓе панично да бараат помош. Овде драстични мерки во Едека видов мораш со корпа и дечко иде ти ја прска корпата со средство за дезинфекција и ја брише со хартија. Исто и апаратот за картичка го бришат па куцам. Вака ќе си живееме во почиста средина и ќе биде забрането дишење во врат.
Најјако. А не ни знаеле. Вака како мене некој паничар ако е и си живеел во страв, а уствари го поминал како од шала. Фри, не ме свиѓа ова да се зарази 60% од населението. Ризик. И за луѓето, а уште повеќе за здравствениот систем. Ако иде зараза брзо, ќе колабира системот. Не гледам поента во вакцина, ако се гради колективен имунитет. Освен ако е сезонски. Другите корона вируси (Мерс и Сарс) следствено истражувањата, читав негде оставаат имунитет за 3 години. На некое место имам прочитано и до 10 години. Овој, е многу близок до нив, па претпоставувам има имунитет, макар и привремен, неколку месечен нека е. Најмногу информации, вклучувајќи го и имунитетот, ќе има по пандемијата. (А која се надевам ќе ја снема магично уште утре ) Тогаш ќе се знае и точната стапка на смртност, на глобално ниво. Е сега да, верувам дека многу се нерегистрирани, па и тој процент ќе биде изваден како и оној за грип. Без брис, не влегуваат во статистика, а го лежат. Мене бројките во Кина искрено ми се многу чудни. Не можам да верувам дека застанаа на толку и имаат околу 4000 смртни случаи, колку и да беа. А кај нив почна. Нема шанси. Опасна теорија на заговор е во прашање.
@Lianna Anna Кинезите не јадат прв пат супа од лилјак. Кога ќе почнеме и ние да јадеме ќе бидеме поимуни. На крај наместо вакцина секој ќе мора да изеде лилјакова супа за да изградиме колективен имунитет. Ќе се воведува како дохрана 12+. Без неа нема да примаат во градинка јебига. Капак на све почнав да кашлам вечерва. Кога ќе помислам дека може корона да е почнувам да се гушам. Страв ми е да заспијам. Ама па нели ја прележав демек.
Јас мислам дека само темпото на заразување го намалуваат со мерките гледаш до степен на издржливост. И Кина беше така ги намали на заразување на ден под 100 и така е многу лесно да се справиш. Сосем друго е на ден да имаш пријавени само 10.000, а непријавени преку 50.000 (лупам од памет). Јас лично така ја сфаќам борбата со вирусов ко преживи причаче, мала заразеност, мала смртност и плус апп да ти кажува кој е болен. Плус ќе има тестирање и овде наскоро треба да почне за поголема маса на народ да се опфати за да се внесе во апликацијата. И на крајот сепак ќе испадне дека ние и така може да живееме контролирано. А зошто? Ради кинези. Мака ми е да ти кажам многу ми е мака поради што ние живееме како глувци. Уште по мака ми е што никој жив не го интересира. Ако идеме во теории на заговор онаа со човековите права највеќе ми фаќа ум, дека на ред е да не чипираат и по едно јаже на врат беееее бееее како што не личи.
За мене ова е врвот на теорија на заговор Уште кога ќе ги слушнеш тоа видеата за теории на заговор можеш да разбереш од музиката , дека едноставно се создадени за да добиеш некој страв и да веруваш во тоа што некој светија ти ги отвара очите Чекајте за Кина слушнав нешто дека имала вкупно 1.500.000 заболени и си помислив па добро нели на табелите се помалку од ГерманијаНа вести слушнав. Можам да кажам во време на криза Германија игра доста итро.Од една страна, сигурно на почетокот ги користеше искуствата на Кина.Кога порасна бројот си направи свое истражување и продолжува понатаму да истражува. Значи Кина и е партнер и доби маски преку интервентен увоз , ама да си произведуваме и ние да не ни се налути САД.На малите фирми и подели помош "неповратна" ,милијалди евра ,во зависност од колку вработени има тоа се во рок од 2 дена ги добија луѓето парите на сметки.Никаква контрола дали фирмата претрпила штета ама оп излегоа вести дека во наредните 10 години сите ќе ги прочешла Зошто е бројот на починати помал ? Оти не ги става на аспиратор сите.Зошто, затоа што нема толку персонал што знае да ракува со респиратор.Не може мене да ме стават да ракувам ако немам дополнително аусбилдунг за таа намена. На крај ќе се сложам со џокерче свеж воздух и сите се здрави(Ова од нас измачените мајки) Тестираа лекови за маларија, за ебола како делуваат на болните.Нормално групниот имунитет е најважен и самата Енџи кажа дека мора да заболат 70%.Нема што да се плашиме таа кажа само како е реално.Едноставно ковид ќе биде воведен на мени кај децата како и сите др вируси кои ги фативме и ќе го прележеме, па по некоја год пак и пак и ајде сега отварај се