@FreeMind летово нема шо нема Јас имам базен 4 метри за децава уше градина да имав Маш иде сношти од работа и ме прашува леле жено шо ќе прајме цело лето со децава Или ќе ги избркаме или ќе се помножиме трето нема
Ние утринава уште нерасонети го правевме муабетов. Што ние ќе правиме летово кога игралишта и базени би биле забранети. Базент на тераса ќе и ставам али колку ќе биде топло е прашање. Плус сонце до два на пладне ја грее само. На плажа ќе биде преполно сигурно плус оси и комарци уште од сег има еден рој. Згора на се и породилното ќе мора да го продолжувам (иако нема никаков проблем сите се на курц арбајт) али си имав јас план во животов годинава. И ми се крши пред очи. Една година бремена и две породилно не се издржува веќе. Таман тргнавме да се социјализираме корона не спука. И така у 4ри ѕида со вино у рукама ќе чекам да помине све ова како некоја шпанска серија. @fairy88 добри, добро сте. Подготвени и за корона и за се. Јас сум обожавател на различни алкохоли (не ни ги пијам 70% од нив, јегер особено никако) али сакам да ги имам: Од кога малава почна да крши флаши сместив дел во подрум и се останато е разџиткано низ станов. Патем и во станов нема место да се разминеш личи на детска занимална, спалната ни е како депо и целиот филинг е некако само за: пијем да заборавим
Од кај ти се оградата и шаторот? И дали оградата може да се подесува на пример во коцка? Дали има некој пластична куќичка за дома, со прозор и врата што се отвораат, со покрив и како да ја барам на интернет? И те како со корона е прашањево. Малава цели денови сладолед ни продава па баш таква куќичка ми треба. Моментално имам од ова металново за сушење алишта и со големо ќебе од горе, друго ќебе за врата.
Маж се јави да ми каже дека е официјално, стоело во весник, продажбата и конзумот на вино се зголемиле
https://www.amazon.de/s?k=spielhaus kinder&sprefix=spielhau&ref=nb_sb_ss_i_4_8 Еве ти куќички. https://www.amazon.de/s?k=baby spielplatz indoor&sprefix=baby spielpl&ref=nb_sb_ss_i_5_12 Тука оградите ќе ги најдеш се прави како сакаш мене ми заврши огромна работа ја имам од пест месеци. А ќе ја користам најкасно уште две недели потоа ќе ги заградам цреповите во коцка. Знаеш оти е модерно така. А шаторот некои си 15 евра од Кауфланд го земав лани. Голем и убав тоа и е новата игрална за кукли. Влеговме во статистика! Вчера на вести слушам уклучувања на мајки и една алаинциер мутер со близнци на хом офис прашува каде вака у животот @Kaetana е со две дома од кое едното е бебуш, како оди? Сите ајде поклон до земја на Дани со три*церемонијално доделен оскар за издржливост*
Фри и јас имам многу алкохол, вина разни, ама само црвено пијам. Ракија и друго жестоко не пијам, понекогаш маж отвори кога дојдат гости сам не пие. Ние си пиеме од радлери сега летно време и текила Десперадос со лимон парче внатре И по сликата се гледа колкави пијачи сме прашина фатило шишето
Ние без ракија не седнуваме. Штом нема ракија паѓаме у депресија. Фала богу резервите се секогаш +10 шишиња за да не во случај снемаме. После ракија обавезно вино, црвено најчесто али и бело пиевме многу. Пива не пиеме, а имаме гајби доле кога идат нашиве само пива пијат. Летно време најчесто мохито имам замрзнато и коцки мраз со лимета и нане. Хуго со аперол и узо со мраз пред јело. Ораховка хрватски дијамант за со кафе некогаш и некој ликер со сладоле ептен ретко. Се напив чивас пред некој месец од две чаши главата не можев да си ја составм два дена. Ме уби. Тие обоените ме убиваат.
Ете и во Франкфурт си седат луѓе по парковите, абе исто како тука . Се погоди топло времето Во повеќето земји од регионот има полициски час и стоги мерки како заштита од корона вирусот. Во Германија пак е сосема спротивно. Нема конкретна забрана, но сите ги почитуваат препораките на докторите. Нема групирања, луѓето се дисциплинирани и воопшто нема потреба од казни. Сликата од еден парк во Франкфурт доволно говори за тоа. Луѓето топлото време го искористиле да прошетаат во парк, се изежуваат на тревата но сите се на пристојна далечина. Секоја чест. https://markukule.mk/германија-му-држи-лекција-на-светот-не/
Морам да се умешам у темава, сликата на Херера ме тригеруваше. Како македонците што живеат у Германија се најсовесни додека се таму а кога ќе дојдат тука reboot прават? Живо ме занимало ова. И секако има исклучоци, да не се навреди некој да си се оградам.
А може е синдром на небалкански менталитет на пример, затоа не ни било погодено на балканот па сме заминале другаде. Со други зборови, штркот по грешка не остаил во Мк
Тоа се вика синдром на грдото пајче. Како во приказната, на погрешен место беше пајчето, па после си го најде местото.
На кого ма ти грдо Сите сме овде лепотици Сега ќе одам да проверам Херера дали се има закачено во модни критики, инаку кого имам видено, сите се топ.
Јас таму кога живеев секој ден се прашував што тит барам меѓу тој народ и во таа земја. Ркање по улици, јадење сончоглед, чешање мадиња, синдром на најаки мушкарац на маса сите жени со фанта на маса и се лупа муабет абе не смее мојава да ми писне, од пуцање џукели до се нагоре. Има и нормален свет али е малку, многу малку ова другово е мнозинство.
@Herrera јас па сакав спротивно од тебе сега да пишам.Еве сега видов 3 мајки до деца застанале на сред пат и муабет си прават.Во понеделникот видовме 10 души во парк деца, мажи ,жени.Мм ми вика не бе они не се групирани они заедно си живеатГросе фамилие Јас не гледам многу да почитуваат.Еве еден дебил преска во сбанот од 3 седишта слободни тој седна врз мене Ај што ме смачка ама кај му е растојанието?Кога дишеше ,дишеше во мене одма станав оти ми се згади Тоа ориенталски менталитет колешке.Немој да обраќаш внимание на провокаторите ние сме ракот на Македонија од нас пропадна државата.Јас едноставоно од ваквите избегав. Туку шо ќе пиеме вечер? Од волку алкохол што да земам.Ќе ви сликам дома монгилска ракија.Мм пие на ручек по една ама вика не ја бивало .Нашата била подобра.За виното на свеќи нема поарно една чаша и кома си 3 часа
Јас сум скептична дали сликата е од Франкфурт и дали е сега во корона периодов сликана . Па Франкфурт па за пример го нашле Ниту кај мене не почитуваат, не знам каде се овие германци што ги кажуваат по весниците Туку дајте вино. Втор ден почна кај мене од сабајле. Само едно е со џумка на главата.