Може е пак бројот на тие што се вратиле од странство или од старечките домови како што додаваат во Франција отпосле. За да е бран треба неколку дена по ред да е барем зголемена бројката. Верувам дека утре пак ќе биде околу 46.
Пошто во поголем дел од Европа, скијачите го донесоа ковид, таман за скијање ќе стигнат По предлогот за тоа како ќе изгледаат плажите во иднина, на кој му дошло до ресторан, во Босна може Спојлер: вака
Петок е женски Биче весеље вечер Што ќе пие куќа и каква салата ќе има за мезе? Јас сум во искушение понеделник со маска и нараквици до ТЕДИ да одам. Полна куќа сме, како магацин, со материјали, ама пак ми фалат работи
Работи ли Теди кај вас?Кај нас е затворен. На мени сега за ручек имав глувајн и потоа мм ми го замени со некое кисело германско вино.Оценка на виното
Ако имаат површина од 800qm и јас едвај чекам. Мене денес шефчето ме израдува вика за нашата бранша има нотбетројунг во градинкитеЈас се растажив зошто сега сакам уште малку да сум со малата мислим ќе се разделуваме Тражев ,протестирав и видов дека е само предлог што не е усвоен сеуште.Пак се растажив.Што сакам и јас не знамЌе прашам во градинка важно сега сум на одмор една недела На здравје
Одма најдругарски да се придружам кон весеље Се мезеше шопска и марула со ракија и турлитава од зеленчук ја викам јас ( редиш компир, тиквица, морков, кромид, грашок, ориз како мусака со зачини и масло, виткаш во фолија на 220 и на крај преливаш со јајце и павлака). Виното од вчера Т’га за југ чека на готовс да се допие. Во меѓувреме отепавме еден саат на плажа не знам кај вас али овде времето е чиста десетка. Дете се изнаигра на плажа се брцаше во езеро, а Ози си најде девојка како само мрдаше со опавчето милата ќе се посватевме веднаш фамилија со дете. Се изнаиграа и време за преспивање колинг. Заспа малена, а ние допиваме вино на тараса со сви четири во вис. Денес си ебав мајката со работа, во 8 на отварање бев да не фатам корона во дм залихи за мала и од алди залихи за дома. Колку се заљубувам во менталитетов германски секој ден абе до совршенство разминување, почекување, касиерки, култура. Како тука да сум родена (татко ми работел долги години во Германија пред да ме направат и решиле да ме родат во Македонија оти платата му била доле повисока. Мислеле вечно ќе се шалтаат со Ју пасоши и вечно ќе биде така). И јас под таа накривената ѕвезда морав исто како Биљарка 30 години да живеам на Балкан и да научам се. И тоа живеев во време кога чекавме една недела пред грчка амбасада за виза. Другите амбасади не ни не сметаа за живи. Еј со години затворени како во дувло. Пази Балкан има огромни предности за преживување тоа овие го немаат. Доста делкам во самоизолација. Сакав да кажам рибав фрижидер двокрилен. Дани мезе одма тиквици поховани, компир рестован (вариш, па запржуваш со вегета и зачини), сирење во фолија (фета виткаш во фолија и во релна додека не омекне), мимоза салата и сос за даска (кисели краставички на ситно на ренде, павлака, сенф лажиче, ликер мала чаша, мајо мешаш и принесуваш). На даска фрли и кромид похован, зденки и маслинки ако имаш време, од десна страна нареди чедар на коцки набуцкан на чечкалици, лепче во релна со масилново и вегета подпечено. Абе има пак да се заљуби во тебе! Имајте убава вечер @Ava.84 чашата ти е за коњак грев правиш со вино внатре јас како фанатик за чаши ))
НА здравје. Крв да се стори. ЈАс чекам маж да си дојде и да ме изненади со изборот на вино кој ќе го донесе(утре пренесувам инфо за бовин). Типувам на розе, салатата марула, младо кромидче, роквици, варено јајце и туна(слично на мимозата, на крај ако промчри за туна може и таа да биде). ЈАс утре ќе треба да пазарувам. Пакуваме сите три деца во кола, јас испаѓам на паркинг, они возат кругчиња додека не се јавам дека сум завршила . Јас 13 години тука, од се по малку фанав
@FreeMind немам за црвено само за бело , оти ми се поклон , а за црвено нема ни да купам оти кујната ми е 2 на 2 немам место. Туку за визите ми текнува како за да извадиме француска виза ни тебаше некој износ на сметките и вадевем од една на друга за да идеме на одморНормално на кредит ама убава тура напраивме
Во минатиот стан имав мала кујна и оболев нервно. Можеш пета да ми пресечеш али не ме пикај во мала кујна да готвам. Плус чашите ми се како икони една ако се скрши бесилка. А тие мора да бидат наредени кога пијам сакам да пијам во чаша соодветна иначе признавам не пијам. Освен на факултет таму и од филџан за кафе пиев вино. За визите беше како за австралија сега да вадиш виза, со сметка со се. Кои нервози беа. И ембарго преживеавме и херметички затворени десет години. И сега кога се жалат помладите смеа ме фаќа на отворени граници и можности. Дани јас ако го пратам да пазарува си иде со една фета дома со две краставици, два домата. Како опериран да е ако не му напишеш пола од стварите и ги нема донесено. Вака кога е дома користам прилика и да испаднам сама да ме фати воздух ем да земам се оти најчесто “ги нема стварите во дм” Му ги кријат ваљда пред да влезе.
Доаѓам назад и гледам - оп! Специјално корона ќоше за дружба! )) Да не ме тагнеше @FreeMind немаше да знам за темава... ) А фини муабети си вртите. Идам и јас. Во контекст на тагот, што да ви кажам. Не ме каменувајте што ќе сум искрена... ама јас уживам во месецов. Сите на купче дома, маж хоум офис, јас удрена на игри со големата, здрава храна и вежбање, денот ми лета во готвење, доење, пелени, цртање, каратиња тераме од часови што пропуштаме, танц по пошта обврски ни стигаат.. маж наместо лабаво тој спие во гостинска соба а.к.а. канцеларија... Некогаш чадам што работи од 7 сабајле до 8 вечер, ама пробувам да го позајмам на саат дневно, на жалост не за да одморам, туку за да зготвам нешто што ќе е без солзи на бебе. Ама сепак, убаво ми е луѓе, дали дека немам тука познати па да ми фали некоја дружба... Самотници сме некако, па нема подобро место за самување од комоцијата на сопствениот дом. Алкохол не пијам, и тоа од факултет. Ќе си речете оваа или бубалица или тешка пијандура. Ништо од тоа. Едноставно не ми е вкусен и не ми прија. Ми требаа едно 10 пијанства во средно за да си признаам дека не бива. Единствено што ми фали е да не заспивам серија/филм во првите 10 минути. Со маж успеваме да изгледаме еден филм во 3-4 дена. Се зафркававме - од сега трејлери само ќе гледаме. А што се случува во градов, појма немам. Нит сме излегле да видиме, нит ништо. Од корона инфо гледаме само Tagesschau. @Herrera и ние сме тука. Ако некогаш те фати желба за македонско друштво... Бебе штотуку заспа... И дете исто. И ете го мојот омилен дел од денот!
Шу прајте? После 5 недели деца прв пат имаат попладневна дремка Им реков нема да добијат телефони денес и заспаа за секунда Него шо гледам, рипкаат бројките на заболени А баш си помислив до 3ти ќе дојдеме на околу 150 заболени
Вчера од Роберт Кох имаше изјави дека сме ја фатиле коронава под контрола и секои десет сега заразуваат седум лица наместо 30. Тоа по формула го сметаат да не ме праша џокерче за интеграли Еве не само не јадете додека гледате да не се задавите!
Ова е скок во развој. После секој скок се намалува повеќе. Можеби е подобро да сметаме просек во една недела колку е и да споредуваме недела со недела. Така оваа недела има мн помалку новозаболени од претходната. И е понадежно. Можеби се некои новододадени од старечки домови на пример. Ќе чекаме понеделник за заклучок. И да не заборавиме дека и ние одиме четврток и петок на лекар затоа што се плашиме затоа што иде викенд. На пример ако сме болни понеделник чекаме до четврток и веќе правиме термин за петок и петок ни кажуваат дијагноза. Е така и ова. Верувајте му на Роберт Кох институтот.
Денес бевме во ГетренкеМаркт. Надвор ставиле шатор, еден бележи колку гајби од што, си ги оставивме во шаторот. Забележа што ни треба и после 5 минути ни ги донесоа гајбите. Многу убаво организирано. Башка 12 гајби стакло како што имавме, не поштедија од шлепање. Е до него има дуќан за сваштарија, реков ќе влезам, нешто материјали за децава да зедам. Делот со храна беше отворен, другиот дел со некои најлони пола хала затворена. Таков бил законот. До него баумаркетот влезе маж ми, со некоја картичка само смеело, од фирма ваљда, а он немаше со него, па ништо. Дуќанот за школска и биро опрема беше отворен, накупив материјали.( совети за видови четки, боици, фарби....ако треба кажујте). На каса имаше и шиени памучни маски. И од тие грабнав, две за момите и една за мене Едвај чекам да се исушат, да ги пробаме
Денеска се враќаме накај дома со кола и гледаме во соседното село, маж и жена, седнати во двор со чашите вино. Преку ограда, на тротоар, со пикник столчиња друг пар, со чашите вино. Си муабетеа преку ограда, пиеја. Кај им текнало