Ми треба совет. Мн заб ме боли ама како да отидам сега на забар. Пиев апче ама не можам да пијам додека да заврши короната. Значи страв ми е од короната. Има ли некоја финта? @Annath ако можеш и ти пак да ми помогнеш. Дали може ќе е паметно пак да пијам антибиотик 10 дена на пример па пак да чекам да ме заболи. Веќе еднаш пиев 10 дена антибиотик. Во градов има двајца заболени во старечки дом за прв пат на 13ти или 15ти април заборавив ама сепак е ризично. Да треба уста да отвориш за време на корона и нечии раце и разни направи во твојата уста. Мислам дека ќе почнам одма да плачам на стол од короната. После тоа ќе имам кошмари: Ѕвони заболекарот, здраво Г-ѓа Џокерче, жал ми е но мораме да ве известиме дека еден од нашите вработени е заболен од корона па пожелно е да сте во карантин наредните 14 дена.
Здраво госпоѓо Џокерче. Не сум Анат, ама мислам дека поголем ризик си ти за забарот отколку тој за тебе. Ти ќе имаш отворена уста, тој ќе биде зад фул опрема. Ако не е забар од старскиот дом, да одиш, колку одолговлекуваш толку полошо. Е сега, дали воопшто поправаат или само вадат заби, тоа е аспект што треба да си го истражиш.
Маж ми пред два дена беше на забар, ептен го болеше забот. Прво претходната недела беше за термин, веднаш му закажаа и завчера беше. Кажа дека таму сите си биле соодветно заштитени. Забот му го извадија. Мое мислење, ако ептен те боли да одиш, сепак и тие се медицински лица, сигурно е посигурно таму отколку што одиме низ маркети.
Лошо е што на забар не можеш со маска. Да пијам 100% алкохол пред и потоа... Не можам д заспијам, пиев апче ама пак ме боли. Друго што ме мачи е заболекарката беше трудна па којзнае дали е отворено сега. Друг забар имам џокер ама пак ќе треба рентген прво? Пред еден месец отприлика ми правеа па да не е штетно пак? Ми изгледа како рутина да е рентгенот прв пат кога одиш за да има целосна слика за состојбата. Му реков на забов да почека да снема корона ама не можеше да дочека...
Јако! И јас да имам некои фини комшии исто би правела. Кога сум кај комшии ја чистам вчера тарасата и онака напупена за железата се вртам го гледам комшијата кинез вежба јога на неговата (карши од мојата) и онаков крипи поздрав ми праќа со рачето лево десно (а фацката му е незаборав). Си ги собрав крпите и си влегов забекната дома долго ме прогонуваше поздравот Иначе истиов комшија со жена му и детето имаат страв од кучиња што е сосем разбирливо од која земја и идат, но начинот на кој реагираат не го разбирам бидејќи Ози е секогаш на подводник. Плус е мало куче 5 кг низок раст пудлиците се повисоки од него. Штом го видат се укочуваат од страв и се лепат по ѕидот мислиш со мечка се разминуваат
Забар обавезно. Не се клукај со антибиотик без потреба. Ртг не е толку штетен, телефонот што нонстоп ти е во раце повеќе те зрачи од рентгенот.
https://www.welt.de/vermischtes/liv...-Buerger-ein-Jahr-nicht-ausreisen-lassen.html Фашистот во Чешка ќе им забрани една година да не патуваат надвор од земјата.
До 30ти ќе си умрам од неизвесност Не знам, ама трошка надеж ми остана околу градинките Од телефони и таблети брзо се откажавме Леле вчера шо драми преживеавме заради нив под итно ги прекинавме За неколку дена шо им дадовме деца ништо друго не ги интересираше Него бројката пак намалена Неќни беше заради леата во Елванген, преку 350 заразени таму Вакцинче или антибиотиче на повидок?Некаде прочитав за некои 18 месеци ќе биднело и тоа па се изнервирав
Клупите кај нас се уште вакви: Али луѓето почнаа да се социјализираат. Си седат на абштанд кафе си пијат, спортуваат. Некако мора да се научиме поинаку да функционираме додека не се реши ова. Бидејќи и вака не се живее. Јас сум лабава си држам растојание од почеток само не се врзувам со рацете по 30 секунди да ги мијат ми се уништија скроз и онака мака мачам со кожата после бременост. Сега ќе настрадаат сингл и “парти” али ќе помине и коронава и пак ќе може да се “општи” меѓусебно. Да не рече некој дека само ломотам утринава шанкот го светнав. Вака треба да изгледа али само пет минути можам да му се израдувам потоа е пак хаос. Ми идеше да легнам на него и да се лизгам напред назад како малата на паркет.
Фала. Не е дозволено сеуште седење и задржување на плажа, само движење. Али нема веќе полиција попуштаат по малку. На почеток и радари имаше.
Бев на забар, ми ставија нешто со шприц и контрола во среда. Забарот маска на лице како и секогаш. Останатите ракавици само. Ја очекував маски, ракавици, одела, наочари. Прво потполнуваш еден лист за корона, дека не си болен, дека не си бил во контакт, дека не си бил во ризична земја итн. Забните ординации и короната де. Друго што се запрепастив, во трговскиот отворени бутиците, златарата и народ имаше во нормална мера. Сакав да бегам одма дома. Мислев мора да влезам во трговскиот за кај забарот ама можело и од една споредна врата па од таму излегов. Ме боли заб. Кажувајте лек.
@gjoker4e јас само еден лек знам. Два пати годишно на контрола и еднаш за чистење забен камен. Од тоа нема бољи лек.
Фри ме насмеа со шанкотмислев ќе кажеш ќе заиграш на шанк од ќефСтварно е интересен ќе му го покажам на муж да видам што ќе рече он обожава шанковиМене ова држачот за алкохол ми се допадна викам кога ќе ми се спојат жичките вртам глава испод и пијам и после се е супер Кај нас клупите секогаш биле слободни.Туку што гужва во поштата ред мислиш злато делат внатреСакав да кажам само јас да прашам ама дали ќе останев жива
https://www.zdf.de/gesellschaft/markus-lanz/markus-lanz-vom-9-april-2020-100.html Го изгледав целото, штета што нема превод за да го гледаат и оние што не го разбираат јазикот. Одлични интервјуа, мислам дека многу работи полека стануваат јасни. Смирувачки е навистина кога човек ќе слушне експертски мислења и пред се', браво за истражувањето во Хајнсберг. п.с. Не живеам во Германија, но некако најсоодветно ми беше овде да го постирам.
Ај ако не ти е тешко во две-три реченици пренеси ни што вика истражувањето и експертите. Сакам да чујам и мислења од странциве.
Вирологот на почетокот на емисијата (оној што се јавува со видео) објаснува за спроведеното истражување во градот Гангелт во регионот Хајнсберг каде пред некое време имаше доста заразени со вирусот по одржан карневал (беше еден вид жариште) Во истражувањето досега учествувале 500 семејства. Процентот на смртност е само 0,37%, а 15% веќе би требало да имаат стекнато имунитет (биле заразени). Интересно е што најчесто симптомите се појавувале многу побрзо отколку што се мисли, само по два дена. Многу се мали шансите (скоро непостоечки) за пренесување на вирусот преку површини. Ова се само прелиминарни резултати. За другиве ќе допишам после, кога ќе имам повеќе време