@orevokrsacka Патологот (со 40 години искуство во судска медицина) зборува за важноста од правењето на обдукција. Досега извршил обдукција на 50 починати кај кои било докажано присуство на вирусот и буквално сите имале некакво придружно заболување. Мора да се разграничи кој починал од , а кој со вирусот. Многу се мали шансите од заразување при обдукција, ако се носи соодветна заштита. И затоа обдукција мора да се спроведува, за да им се објасни на луѓето дека паниката околу вирусов е претерана. Просекот на староста на починатите (во Хамбург) била 75-80 години. Ако пациентот починал од срцев удар / излив во мозокот итн. не треба да оди во листата на починати од корона зашто короната може и да немала никакво влијание врз неговата смрт. Тоа накратко (колку што можев попрецизно )
Ти благодарам за одвоеното време за превод. Ако начекаш нешто друго интересно и ново, сподели со другачкиве на форум. Овде кај нас истражувања ни за лек нема.
Нема проблем. Јас редовно ја следам ситуацијата во Германија, па ако најдам нешто без превод пак ќе преведам. Ако има нешто преведено (што е ретко) ќе постирам во главната тема. Лошо е што многу од овие видеа се цензурираат, се бришат и брзо исчезнуваат од интернет пространството, се прашувам зошто
@prominent те гледам и по мајндсетот, спремна си за дојчланд. Деца да не сакаш да чуваш, многу се мили, умни и воспитани #дапомогнеменадругарките
@Biljarkata, кај ме најде, ич не сум по децата Десет минути со дете не издржувам А за мајндсетот си во право, точна сум до минутка и воркахолик сум.
Ама како не сакаш деца, зошто така, па тоа е најубавата работа на светот! *и ги бутка децата од екипава на врата*
Ова е од адресата на Senatsverwaltung für Bildung,Jugend und Familie.Пишува за нотбетројунг е битен само еден од родителите да спаѓа во групата кои имаа право за градинка.Пр.ако муж ви е доктор праќајте одма деца на градинка и така немаме доброволец кој да ни ги чува Само се мислам дали во нашата градинка ќе биде или во било која па макар и на 10км од тука
Мојата не спаѓа ни овде оти е во процес на прилагодување во градинка. А прилагодувањето се одлага до нормализација на состојба односно кога се ќе се врати на старо место.
Ја мислам на Биљарка детето и е поголемо не се одвикнува толку лесно ако не е и у школо Ние на лето имаме по 3 недели задолжителен одмор за детето и после тие три недели е тешко да се врати во колосек, а сега после 6 недели и повеќе ќе биде хорорЈас прво кога чув реков после на адаптација ли ќе одиме еден месецАко пуштат се веќе нека пуштат и градинките.Еве јавниот почнува во нормала од мај да вози.
Спомена дека годинава и трга прваче. Има време да повтори во градинка што научила https://www.spiegel.de/panorama/wie...rus-ab-a-43823074-f270-4eed-a1ee-e8098ebd7acb Октоберфест го откажаа за прв пат.
Ab 27. April Maskenpflicht in Baden-Württemberg Да почнам да гледам платнени да нарачам, имам нешто за една употреба ама ако се задолжителни нема да ни стигнат. И за дете мала ќе ми треба
Како збореше Ангела Меркел ќе има во иднина предмет за изучување: https://nymag.com/intelligencer/2020/03/angela-merkel-nails-coronavirus-speech-unlike-trump.html Една и единствена, реална до срж и без лажна надеж. Политичар на кого останатите не му се дораснати ни до колена. Жена во вистинска смисла на зборот, лидер и пријател. Жалосно што заминува од сцената, но другите “лидери” може нешто да научат во време на пандемијава нешто од неа. @Chantal дај линк да прочитам.
@gjoker4e , кратенка од öffentlicher Personennahverkehr, јавен транспорт, градски веројатно Спојлер Пак се замешав кај што не ми е место п.с. Да не барам многу наназад низ темата, кога ќе се отвораат училишта и универзитети во Германија?
Има засега само имформација дека ќе се отворат погорните класови после 4 Мај али нема конкретен датум. Плус Роберт Кох не дава препорака и предупредува на втор бран. Виси сеуште во воздух. Само јавен транспорт и продавници што е океј според мене. Има ли некој линк со фенси памучни маски барем најубави да бидеме? @danichap со исти стил исти вкус ти ќе пуштиш линк!
Седете мирни бе, ја дирекно во гимназија ќе ја пратам. Поим немате која разлика е од дете на 3 години до дете на 5 години. Отприлика како разлика меѓу 10годишњак и 20 годишњак. Ако нешто глупо имам напишано, тоа дека ми прска со парфем околу лаптопов, очекувам да експлодира секој момент ...