Да мислам дека уште сега можеш да си закажеш зошто има да е навала, а нема да смеат да примаат по повеќе муштерии одеднаш. Све ова мислам не сум 100% сигурна. И јас морам да ае шишам очајна ми е косата. Детево толку е желно за друштво што кога ќе ги слушне во ходник комшиите едни баба и дедо 75+ излегува во ходник и им прави муабет.
Со свое фото со кратка коса да го отклучуваш Надвор се рашетаа деца по игралишта, оди објасни на забаваче дека не може да се дружи. Па ми кажува како и фали другарче, јас сум го имала татко и, таа сама била. Дури беше бебе со платнена пелена знеав да ја занимавам, сега ништо не е доволно интересно. Толку во денешниот извештај за корона-тајм, со деца, помали и поголеми.
Знаете колку пати се искарав за време на карантинов? Со овие од зградава. Од 13:00 до 15:00 е руе цајт и еве пак на оваа под мене и текнало да усисива. Најгласна е ова време и вечер после 20:00. Дали да се карам пак? Штом еднаш и пререков морам пак, ако не и преречам нема ни претходниот пат да се важи, ќе пропадне во вода. Зошто им е толку тешко да сфатат??? Можеби е за во темата Испукај се ама сепак во време на корона е. Сите сме дома и нека има осет. Цел ден е пред неа да усисива. Ја чекам на скали да излезе прагот да го усисива и ќе и речам бе не се трпи више. Проблем ми е затоа што детето спие ова време и секогаш таа го буди и после нервозно е до вечер. Ми иде кофа вода да и истурам кога ќе излезе на праг и усисивачот да и се расипе од што е толку нетокму.
Многу си ми кул. Среќа на темава сте повеќе и на вакво облачно време знаете да ме насмеете. Како сите долетавте овде што не си *баавте на друго место? Или под код наваму се трга?))
Ништо не те разбрав. Отсабалје варевме жаби во другата тема, малку ми прегоре мозокот, може затоа @gjoker4e среќа моја што не сум ти комшика. И во 10 вечер знам да усисавам. Ама тивка ми е правосмукалката. Е машината за шиење, таа не е баш тивка. Ќе помине короната уште маски не можам да дошијам. Значи многу фино што имам стари, читај наглуви комшии, инаку при дом бездомник ќе бев. Стоп корона- лонг лив стари комшии.
Старееш Биљо старееш... Велам како ви дадоа на сите со хуморов виза баш во Германија што не заминавте во Полска да речеме.
Хаххаха Мора да живееш со некој од нив за да ме разбереш. Од Англија се товараат во шлепери за назад на прзник
https://www.tagesschau.de/inland/rki-fallzahlen-ansteckungsrate-101.html Да, еден на еден рипнал повторно.
Aaa... Ами, во Германија дефицит од хумор имало. Во Полска се доста хумористични сами по себе Што е R0 ? Го има во таблицата на Ворлдометар?
Што е RO? И ние од утре во маркет со маска Денес ништо интересно на вести не кажаа само дека Австрија ќе ослободила уште работи,ама што заборавивМозокот ми се шекна од неспиењево ај да си попеам малку иди иди несанице или инсомнија
Ро е коефициент колку на колку заразуваат со формулата за пресметка. Беше десет на седум души денес се искачило десет на десет или еден на еден. Се опуштил народецов. Полека корона је још у венама...
Бројката на новозаболени цело време се намалува и затоа не ми е јасно како коефициентот е зголемен. Вчера 988 нови. Не може да се обратнопропорционални. Или пак може, а јас да ја прешкртам оценката по математика во индекс. Или на ворлдметарс се на урлауб? Има Роберт Кох страна за следење на новозаболени? Сега е најстрашно. Не може да се размине човек на тротоар. Среќа заврна денеска. Се надевам ќе врне две недели за сите дома да седат.
Џокерче не се замарај со математики. https://www.n-tv.de/wissen/Impfstoff-koennte-im-September-bereitstehen-article21745856.html Оксфорд веројатно ќе победи.
Може комотно и метеори да паѓаат, само кажете кога, при крај сум со залихи, да надополнам Се рашетаа како мравки бе, готово, помина вирусот. Дека кинески, неквалитетен, дури дошол му поминало дејството Ко бугарски парфем
И мене не ми е јасно како е искачено R0 кога уствари нема ни 1000 заболени на ден а притоа вие сте и поголема популација од нас. Ама ете.. Затоа и ве прашав дека тука сега џева дигнаа баш ради германија. Кај нас нема ништо да се отвори. Стоиме у мртва точка. Почна од понеделник да се протестира масовно откако ја кажаа одлуката.