Дека мора сите да се вакцинираме од Корона? Па и мора да се вакцинираме за да може да профункционира се како порано, во спротивност би иделе многу пикови на болеста ако се остави можност на “извини јас не се вакцинирам”. Јас така гледам на работите.
Јас немам инстаграм. Ако можеш да споделиш некој принт скрин или со твои зборови да ни пишеш за што станува збор. Иначе , јас уште од прв ден на циркусот наречен корона , се водам со истиот став што го има босанецот кој живее во Минхен и им помага на наши(Балканци) за работа во Германија. Апсолутно во право кај делот : како е можно да нема ниеден заразен од вработените во супермаркетите , а се изложени на контакт со илјадници луѓе дневно. Џабе го испоплашија народот само да се тресе за еден обичен вирус кој исто така ќе помине замине како и сезонскиот вирус. А играње банана љољо со луѓево да мијат раце ми е врв Ко малите деца, ајде секој да мие рачиња , баш ко во градинка кога ги учат децата да се мијат.... Ко ми текне дека истото и на возрасните на тв им го потенцираа-- МИЈТЕ РАЦЕ Ајде , како малите деца оти не знаеме ние возрасните, не ни е јасно кога треба да се измијат рацете , па не дај боже со гадни раце ќе останеме. Ништо, останува да си шетаме по природа и да чекаме да им текне да отворат граници и аеродроми.
Не сум баш сигурна дека еден босанец го најде решението на светската пандемија дефинирајќи ја како пичкин дим... Јас не сум фан на теории на заговор така да кај мене не проѓа ниту една од овие. Мене ми е многу едноставна работава. Искача вирус од животно зоо вирус се префрла на човек како што и досега се префрлил и се шири во цел свет. Лек е вакцина и мора да се вакцинира населението за да се сопре се. Толку.
Па добро ова го кажаа пред недла време, дека прво децата сите мора да се вакцинират за да продолжат во градинка и да можат да ги отворат градинките Туку сабајле поминав покрај игралиштеро кај нашата зграда и знаете што имаше нови правила.Не стоеше веќе дека е забрането туку дека децата треба да киваат и кашлаат во лакт, да држат 2м растојание, да мијат раце редовно и уште неколку глупости.Баш сакам да видам како дете ќе држи растојание
Какви не се глупости ќе им текнат. Очекуваат да идам по детето цело време и да држам растојание од други деца и да и ја фатам главата кога кива. Ај нека ме заменат да видам како тоа изгледа? Нека искочи вакцината и аман од сите правила..
Постот ми е напишан во контекст дека нема потреба да си играат со народот како ќе им текне. Вирус како вирус ќе помине и пак ќе дојде друг вирус и ќе си продолжи животот. За џабе кревање паника и заплашување. И јас не сум комплетно здрава, но кога станува збор за вирусчето , ама ич не му се плашам и не му ја мислам. Како во цел живот , така и овој пат, ме води интуицијата дека нема ништо страшно во врска со корона вирус. Баш вака ќе летне вирусчето
Да, за тоа зборува во видеото дека 04.05 мислам ќе имаат некоја конференција во врска со вакцините,всушност дека ќе МОРА. Е сега јас не сум баш фан за примање вакцини во оваа ситуација кога мене барем, се некако ми е чудно. И вирусов и меркиве и се во врска со тоа. Уште па дека ќе биде на некој начин принудно,значи сакаш-неќеш-мораш,дополнително ме нервира. Иначе еве линк,може ќе ви отвори. https://www.instagram.com/tv/B_rZEPyjOn9/?igshid=1s9n1tsi05t0r
Мене не ме нервира задолжителната вакцинација туку не воведувањето мерки корона вирусите да се спречат. И сега ќе се вакцинираме од Ковид 19 утре од Ковид 20 итн. Се нема желба за решенија благодарение на лична корист. Прв принцип на капитализмот *се што прави пари остави го нека прави, макар и пола свет цркло*. @Herrera не е вирусот како вирусот опасност, степенот на зараза е опасен. Во еден ден може да сруши здравствен систем на високо развиена земја и иако не е опасен ќе не убие половината. Затоа не е пичкин дим. А секако паниката е најлоша ствар.
Каква вакцина! Светот не заслужува вакцина. Нека живее вака. И пак и пак да не знае што значи вакцина. ПоубО е да се чека ред за во маркет, да се гуши човек на 40 степени од маска, да не може дете нормално на доктор да однесе. А најубО е да се скрие подоцна зад колективен имунитет од вакцините, оти заморчиња се тие шо ќе ја примат. Тест ситуација, експериментални мауси скроз. Динамика антивакс. Тедрос на СЗО механичар. Трамп реторика, i think we’re going to get through it very well. Откако прво беше предупреден од СЗО, па подвали и ги обвини нив. Му шепнал некој дека нападот е најдобра одбрана. Па предложи дезинфекција на организмот. Тава за јајца има повеќе памет од него жими се. СЗО излегува после деструктивните изјави со објаснувања за штетата на истите. Не ми се верува дека превенираат народот да не почне рецимо Доместос ко сок да пие. Па радости бе им го спукал, го прекинал финансискиот доток. Тие нему, срам да им е бе! Место број 2 на пиедесталот, Ноле. Масовни овации за него. Не можев, а да не се запрашам од кога е Ноле епидемиолог? Па Наум фолк ѕвезда Петрески е врвот на епидемиологијата со изолирање на вирусот "Жал за Деспина". Докторирал имунологија и епидемиологија на тема "Едно име имаме" пред народна комисија. И последен, но не и помалку важен, стариот (нов) синоним за стравот кај народот од новото и непознато страшно боцкало вакцина, теориите на заговор, чипирање преку вакцина или некоја која ќе биде стрес тест за широките народни маси е секако неспоредливо и убедливо победник, Бил Гејтс. Страв и трепет од кој се умира више него од било што друго. Повеќе вакви луѓе да поведат народ! Ако од нешто изгинеме и изумреме, вариола вера сценарио, но без вакцини. Само поради глупоста наша. Од ништо друг ич. Па и тогаш да ви кажам одбивале вакцини. Може и тогаш мислеле дека ќе ги чипираат или дека вакцината која ја искорени Вариола Вера била скроз нефункционална. Што да кажам, народ се плаши од новини. А ваљда и од весници. Хартија. Тоалетна и за принтање. Безвременска мода е ова. Безвременска!
Вакцина направена за година - две? До толку ли ви ги испраа мозоциве, па не се прашувате колку истата може да биде сигурна имајќи предвид дека во нормални услови истражувањето трае 10 до 15 години? И за да не ми залепите антиваксерска етикета... не сум против вакцини, ама сум против плукни - залепи вакцини...
Ако може апликација за две недели, зошто не и вакцина за 6 месеци. Ме мрзи да се расправам денес, секој со своите искуства и памет.
За вакцина се слагам дека треба повеќе време од 6 месеци, затоа и сите тврдења се дека годинава и не може да излезе. Но како тоа мислиш дека апликација не може да се направи за 2 недели? Каква апликација? Зависно од бројот на програмери, методологијата и сложеноста на самата апликација, апсолутно е возможно и се прави. Ова зборувам општо, претпоставувам мрчењето за СтопКорона е.
Јас не се чувствувам спремна да “докажувам” нус појави на вакцина која ја работат научници и ја одобруваат експерти. Еве бујрум нека ја извадат и вие со неиспрани мозоци испаднете и побијте ги. Нели, така е редот за да речеш дека нешто не чини сигурно знаеш повеќе од нив. Или грешам?
Ок. Само кажи ми како од ставот: "вирусов е ист како обичен грип" премина во "да се вакцинираме сите со вакцина склепана за три месеци"? Само сум љубопитна, не мора да ми одговориш. Што се однесува до вакцините и експертите, моето мислење го базирам токму на експертски ставови, статии и истражувања, не на пазарски муабети. Дури и да има претходни истражувања за општа вакцина за корона, сепак сулудо е да се надеваш дека време од 15 години можеш да спакуваш во 6 месеци? Со кој памет?! Сите релевантни фактори и експерти велат дека колку - толку сигурна вакцина можеме да очекѕваме за минимум две до три години. Не до година или па до септември Ја прочитав и @Lianna Anna за која што генерално имам позитивно мислење, ама во случајов ич не се сложувам. Ја претстави ситуацијава црно - бело. Ако имаш сомневање, веднаш си 5г и ним сличните, експерт итн... Замисли каде ќе беше човештвото ако немаше критична мисла? Многу ми личи ова на 1984 сценарио А за чичко Били... секаде каде што е вмешан, пари се во прашање
Целава дебата би ја префрлила во посоодветна тема, не ја тангира евентуалната вакцина само Германија.