Мили мои само што слушнав на радио дека хотелите во Германија се отвараат крај на Мај заедно со туристичките центри. Оваа година ни предложија на балкон да сме го поминале летниот одмор. Добри, добри. Само Шпанија и Италија во соседство засега сме можеле да идеме летово. Сепак сите планински центри во Германија ќе бидат отворени и можеме нешто да испланираме. Еден викенд барем. Новини за утринава *џингл*
Е ајде како бап во Италија кога најмногу имаше таму заразени. Овие од Мкд до септември планират ли да отворат граница без карантин .
Леле тие Ава, тие! Имам една комшика, баба, она ја носи така маската под нос. Увек ми ѕвони на врата со маска симната под нос, го бара мм. Ако не секој ден, тогаш секој втор, оти она има потреба. Машината и се расипала, сијалицата и пукнала, склопката паднала. Цвеќињата требало да и се преместат на тераса, стара е не можела да крева. Ми вика јави му се, од работа право кај мене да дојде. Значи никако дома, право кај цура му! Веома врло важно. Претходно го чекаше доле пред зграда, да ја носи на гробишта кај мажот и. Ќе ми се јавеше мм и ми викаше ќе каснам, девојка ми пак ме собра. Сега ми ѕвони на врата, да го договорам да ја носи. Нема никој освен една сестра со која многу ретко се гледаат. Маж ми вика у кола со маската е цело време под нос симната, а и дома, додека е он таму. Како и да е, децата мои ја обожаваат. Некако зрачи со позитива бабата. Пазач е од прозор. Ако не ме види долг период, ми брои колку дена не ме видела. Кај си ти, 5 дена те немам видено. Најјака комшика имам. Леле се изнараскажав за бабата. Од една маска добив инспирација.
И на крај @Lianna Anna со препишано станче од бабата Јас немам таква среќа со комшии. Никаде не само тука. Додека сум кај нив овие горе се разбија начисто ми иде да се качам и да ја наговорам девојката дека не мора толку да вика, на друг начин да му билда самодоверба.
Море да не му фрлила мерак на мт? Видела трудна(ова кога беше) ,сигурно рекла оваа не може секс да има дај да си го фатам одамна не сум се порадувала на вистински, доста на пластичниве се радувам Се шалам. Фри и јас имам едни над мене ама спроти.Трескат ,се дерат и секој ден очекувам некој да летне од тарасата. Прво ја сожалував жената дури мислев да ја викнам кај нас да влезе да се заштити, ама гледам дека она е трескачката , а овој само вика.Колку пати детето ми го уплашиле А комшиите до нас што се под нив , 2 месеци не знав дека бебе имаат.Ниту бебе се слуша ниту дете ниту они.Само кучето им лае кога е само дома. Ама со тепачите најмногу муабет правам и жената сака да се дружи нејзиното со моето дете ама јас несакам
Многу поверојатно е новиот сопственик да биде мм. Абе види, за воља на вистината, јас никогаш не сум била поканета кај неа. За разлика од децата и мм. Кога слуша дека минуваме по скали, она искача и одма ги вика децава внатре да им даде нешто. Нештото е слаткиши и такви ствари. Јас си чекам на врата. Само посредник сум, ме користи да ги договорам со мм. Абе ајде сега. Не се зезај, рече дека секогаш си озбилна. Види што ми правиш. Не ја буди љубомората у мене! Во врска со лоши комшии, имав порано една исто така баба, психијатар у пензија. Живееше сама. Се пресели. Тврдеше дека се сели ради моето невоспитано, тогаш неколку месечно бебе. Втората ќеркичка, која иначе беше екстремно мирна, освен во поретки ситуации. Бог да чува бе. Рече дека со нас немало разбирачка. Како сме можеле да дозволиме бебето да плаче, кога сме се симнувале по скали. Она немала ходник, ами директно дневна и гласот кој го слушала цели 10 секунди додека минувавме крај нејзина врата, и правел секојдневни проблеми. Какви родители сме биле ние, не сме знаеле едно бебе да смириме. Она ми оставаше писменца на врата, со закани дека ќе ни викне полиција ако бебето итно не престане да плаче! Значи сега и одма! На влезната врата лепеше писма со многу интересна содржина: Драги комшии, имам големи главоболки од вашето несоодветно затварање врата. Ве молам затварајте ја најтивко што можете. Во спротивно, ќе викнам полиција. Се сретнавме долго потоа. Ја поздравив, а она ми се извинуваше. Рече дека имала дупка во главата (што и да значи тоа) и затоа така правела. Окееееј.
@FreeMind оф леле кутриотТуку дома не е страшно, а замисли сама си во канцеларија со двајца мажи и слушаш стенкање .Ми идеше под маса да се скријам.А бев нова на работа па ми беше срам уста да отворам.Тие секое второ утро во 9часот си имаа секс со отворен прозор.Лето топло не можам да затворам прозорА на работа прозорот ни гледа во др зграда која е во двор.Ама од таа 2018 година ги немам слушнато пак Себични се бабиштата и јас имав баби во претходниот стан.Се им сметаше.Ама се плашеа да му преречат на мм оти тој е 1.9м и плус 100кг.Па се мене ме замараа.Ама јас тогаш учев дојч па не ги разбирав само ок викав
Сите се правевме дека не слушаме.Тој едниот колега секако носи апараче на увото па може и стварно не чул
Ве замислувам тројцата во биро, набудали Не ми е јасно ни мене како може прозор да не затвораат. И зошто толку викање бре, аман.
А мм што запнал да сме букирале нешто за одмор, гужви ќе биле да не останеме без апартман. Немало шанси он да не оде у завичај.
Знаете ли кога ќе може да се патува од Германија во Македонија, и какви ќе се условите во смисла тестови, карантин дали ќе мора?
Тоа во Македонија темата би имале повеќе информации. Сепак карантинот би бил во Македонија. Во Германија ако допатуваш имаш исто карантин. Сеуште нема информација околу патувањата од она што го слушнав авионскиот последен ќе се отвори. А моментално се договараат условите.
Во градинката кај малата групата до две години беше отворена пред таа на ќерка.Значи малите повеќе биле на број.А мислам дека во вакви услови полесно би се адаптирало едно дете отколку со 20 деца.Мојата од гужва се плашеше Денес во градинката нови правила со маски да се земаат деца, а до вчера ни бараа лична карта за идентификација сега тоа не е битно.Пишуваше известување дека од понеделник почнуваат воршул(забавалињата) на градинка , заедно со нивните браќа и сестри.Секоја недела добиваме од -до детето му треба бетројунг.Мислиш знае човек се однапред дали ќе е здрав или болен
Денес разговаравме со градинката, оние дечиња за прилагодување ќе почекаат да помине короната. Бидејќи кога би оделе учителките биле со маски би се плашеле и не би имало фејс ту фејс контакт. Така да таман ќе си ја израснам.
Ава, дали е нешто поразлично за децата во градинката? Или се исто си функционира, освен што носат маски воспитувачките? Смеат кај вас да одат и деца на кои им работи само едниот родител?