@Lorins Кај нас не носат маски ,не ги тераат децата да држат растојание, воспитувачката им чита приказна околу неа како во нормално време.Самите воспитувачки рекоа ние не се трудиме да ги делиме децата нека си играат како сакаат.Тие се деца. Си мијат раци како и предходно. Има малку поинакви правила.Во соблекувална можат само двајца родители, други чекаат пред врата.Децата се земаат на убаво време од градината и таму има маса поставена како пункт, не се приближуваме до децата. Секоја недела пишуваме кој денови сме слободни тогаш детето мора да е дома.Не смееме да носиме дете ако сме слободни. За еден родител немам информација сега за сега се само системрелевантните професии ама под услов двајцата да работат.Од понеделник доаѓаат забавачињата со сестрите,браќата.Овде мислам нема ограничување дали работат родителите ама максимум 15 деца. Знаеш секоја градинка со свои правила и секоја покраина со свои правила.Кој знае точно да каже
Фала Ава Ние одлучивме до крај на месец да не оди, после ќе видиме... Не рекоја ништо за тоа дали смее да оди или не, па претпоставувам смее. И така беше кажано за овде, и училишта и градинки се отвараат од 18ти.
@FreeMind ко видов дека си ме означила ми застана срцето помислив еве отворија хахахах Ние овде се јавивме вчера и ни рекоа да чекаме информации на кита апп Уште не знаеле кој, што, како... И чекаме.... Мали не прашува ама Могли секое утро, уште не отворени очите ме прашува дали ја отвориле градинката и недостига нејзината најдобра другарка Да видиме дали во текот на денот ќе стигне некој меил Ние иако е се отворено си седиме дома Гужви по маркети и бутици како никогаш до сега Луѓе негативни и нерасположени, се туркаат, ти дишат врат Два пати ми идат воспитувачки, делеа материјал за мутертаг и фатертаг Фалеше да ме изгушкаат колку близу стоеа Никаква дистанца и желни за луѓе и комуникација Децата ми ги гледаа со солзи во очи Дури и поклончиња им имаше купено едната Дефинитивно им недостигаат децата и работата Да знаат само колку ми недостигаат тие мене Ама... Нема! Јас почнав со часови Едвај по два пати неделно До нова година ако завршам добро ќе е Битно почнав, да не се жалам многу Целава ситуација ме прави депресивна и негативна Немам трпение веќе за ништо! Сакам да престане ова веќе, ни ги уништи плановите, соновите, навиките... Ми се расипа и количката нова не купувам дека си ветив следно со кола ќе се возиме А колку работа ми вршеше И така, се испукав, испив едно кафе во тишина и може да почне денов
@Mari* во знак на подршкаИмај на ум дека се поголем е бројот на штрајкувачите против корона мерките .Може ќе помогнат да се олабават повеќе мерките и ќе ја отворат градинката за ситеПа конечно со Фри ќе се спасите. Стварно навивам за градинките и мене ми е стресно со овие глупи правила, а вчера на мм му потенцирале од понеделник работиме до 16:30 гледајте порано да сте тукаДа не зборам колку само секој ден го чека љубави да дојде во градинка Ма кога ќе ги видиш какви се двајцата како возрасни , ќе се скараат па некоја недела не си играат, ама кога ќе се простат никој не може да ги раздели само се бакнуваат и гушкаат и лудуваатЉубов детска и искрена Сега ми е во план на мајка му да и пишам на воцап и пратеме некое видео или да направиме нешто и да им пратеме по пошта некој мал пакет нормално со писмо колку и недостига Од негативни работи можам да кажам периодот ни отидоа многу пари во дупка.Последното ми е патики што уште ги чекам @FreeMind .Повеќе од две недели.Ќе оставам јас на мм да ми порачал демек знае, на некоја фејк адреса. Shop4runner.com да си знаеш да не порачуваш. Уште кога се јавив и автоматската секретарката збореше на дијалект ме изеде црвот,знаев дека е Пишав меил добив одговор дека ради корона каснат порачките од странство.Дрн дрн ама им кажав ќе ве пријавам во полиција ама и стварно ќе ги пријавам.Ма да во мк полицијата не бара злосторник за 100евра не па тука ама ај ќе пробам.Чекам пари до четврток.Посумјав кога вчера на рецензии истотот им се случило на еден куп луѓе. Мојот пакет за мк преку дхл стигна до целта за 2 недели. И јас се испукав за парите Денес сум супер вомн.Во лет го фатив автобусот и убанот пред да ме фатат вратитеАјде викенд почнува и расположение мора да е на максимум
МаШ пред два месеци порача 2пара најк од некоја онлајн страница И мене ме тераше да земам дека по 30 евра беа Ја снема страницата Ни патики ни пари добивме Сега од страв ко ќе нарачам праќам емаил за да имам нешто за недај боже да можам да пријавам
Не беа 30 туку 130 за жал.Се добро одговорија со меил со се , ама на оценка на страницата многу не задоволни како парите не им биле вратени.Јас порачувам само на страни што има de на крајот тие со com ми се сумливи. Најдов страна на полицијата рекоа битно е да се пријават ради лични податоци.Еве ја страницата може ќе му потреба и на друг. https://www.polizei-beratung.de/themen-und-tipps/gefahren-im-internet/e-commerce/fake-shops/
Жал ми е за двете. Мене пу пу досега такво нешто не ми се десило. За онлајн следење страни има едно правило дека страната треба да почнува со https:// ако ја нема S тогаш страната е најчесто аматерска и фејк. Потоа ќе си купите антивирусна програма која ќе ви детектира и сама дека страната е сомнителна. И трета ствар е ако не ја знаете страната прво ја гуглате за искуство на други. Сега има многу “под продавници” на кинески срања. Преплавен е нетов од нив , фб, инста. Ужас. Мислиш порачуваш квалитет ти стасува од фејк али баба партал. Затоа се купува особено патики само од производител директно, од заландо и остали страни. За имејл адреса ако сакате да видите дали е фејк ќе застанете со глувчето на адресата и ќе ја видите оргиналната имел адреса. Ако е дххдјакк@јдјфјф онда е фејк.
@Chantal маси извадиле покрај кеј баровите што значи ќе отворат наскоро. Тоа денес го видов како новина, а никаде немам слушнато од влада одобрение.
И тука рекоа дека нема психички да ги тормозат децата во градинките, дека е глупост да очекуваш дека на дете ќе му објасниш дека не смее да ја прегрне "тетата" која многу му недостигала, или да му кажеш да држи растојание со другарките. Паднав во несвест кога слушнав дека "тета" е воспитувачка @FreeMind верувам се израдува што ќе имаш шанса да си ја израснеш малата И јас нешто барав и на некои вакви сумљиви страни го најдов само по цена која сум спремна да ја платам, и решив не мора, да не останам со прст во уста и ни пари ни ништо
Јас па цело време мислам дека од понеделник отвараат. Веќе не знам од каде која информација ми е. Јас во понеделник одам да се шишам, па спрема сум да седам на кеј . @DAngel стварно веќе пуштаат во Хр. Без карантин?
Словенија е првата еу земја која прогласи победа врз Корона. Сеуште се чудам како бевме заедно во Југославија...
Дечки, можеби сте пишале, но не можев да најдам. Има ли некаква најава за попуштање на мерките во Германија? Конкретно границите ме интересираат.
Од 15 Јуни ти се отвараат само за европските земји @FreeMind од 18ти се отвараат сите угостителски објекти
Од понеделник кај нас повторно маси. Само по еден на маса. Масите на 1.5 метар растојание. Пред да седнеш вработениот потполнува твои податоци: име, презиме, адреса со улица број поштенски број град, телефонски број, е маил адреса (уште нешто како да имаше не ми текнува). Ако дојдат дечко и девојка мора на две маси да седат на пример, никако не смее заедно. Мене би ми се отпило кафе искрено. Не знам на кого би му дошло до кафе со ваков формулар и како под притисок да седиш. Аа број на маса на која си седел имаше уште мора да пишува. Јавно, официјално и целосно нели не се отворени границите, но смеат да доаѓаат од утре од Швајцарија и Франција ако имаат потреба овде и потребата не смее да е шетање или пазарање. Не смееле да купуваат. На граница ќе мора да го вратат купеното. Ама сепак немало да има цело време контроли.
Иам карти за Меминген за 30ти. Не знам дали да ги откажам. Мислите ли дека има шанса да се отворат границите до тогаш?
И на фризер потполнуваш формулар. Секаде има протокли. Мене масите не ми изгледаа дека се на 1,5 И по четири стола на маса се. Знаеш, карантинот во Германија е 14 дена штом влезеш. Тој е сеуште активен. А ако им откажеш на виз нема да ти ги вратат парите. Треба да чекаш визз да ти откаже лет. Така беше барем на почетоков од кризава.
⁰Чекај до понеделник ќе ги наместат како што треба. Можеби три стола ќе ги направат заедно со црвена лента за да се знае четвртиот стол кај стои и нема мрдање за да остане 1.5 растојание. Ако останат четири стола и масите блиску ќе дојде некој задолжен да ги казни.
Маж ми беше на фризер штом отворија ништп не потполнуваше никакви информации не го прашале ниту пак термин имаше да закаже. Дали дека тука е фризерскиот салон во бизина на нашата зграда па затоа и немало гужва или друга политика е тука не знам.