Ова како вмро весник да пренесува вест. Ни детали ни приказна ни бутур. Џе су паре а? Латас стајл. Ви ар ту олд фор дис шит.
Курцарбајт или отказ? Може да се стопира да не се плаќа во период од април до 30ти јуни: кредит во банка (се продолжува времетраењето после), кирија (треба да се доплати во наредните две години со 4% камата), струја, гас, вода, телефон, интернет, некои видови на осигурување. Можеби ќе му се најде на некому информацијава, дури сега гледам, а од април било ова. @TrinityNeo Не е вистина.
Се обидувам да звучам како на рекламите. Добивте отказ или сте на курцарбајт? Ние го имаме вистинското решение за вас! Одложено плаќање со само еден клик. Пиши ми да се спуштам од 5ти кат на минус први кат по машината за да добијам сила.
@FreeMind Сега на шпилплац една мајка ми кажа дека работи равензбург шпилленд само онлајн термин мораш да направиш. Мислев дека нема да го отворат летово.
Денес во градинка ми кажаа дека од крј на Јуни 29.06 се враќа се по старо. Идат сите во градинка и сите во групите каде беа. Моментално е една учителка на две деца. И супер им оди вака. За жал само месец дена ќе трае ова. Уствари во градинка се само оние што мораат и “избрани” деца. Плус започнати на прилагодување. А оние кои “не мораат” се од Индија, Африка, Балкан и остали ост земји. Од останати вести од светот издвојувам: https://sdk.mk/index.php/svet/tvite...-objavuva-lazhni-vesti/#.Xs4UCPq5WOI.facebook Да живеев во Америка ќе се преселев ради глупердава жими се.
Од 1ви јуни да се зголеми капацитетот на 15 деца во група по градинките а до крај на јуни да се отворат целосно Не знам дали се веродостојни вестиве за градинките и дали е веќе одлучено да биде така или планираат само? @FreeMind ти најверодостојна си ми со информациите
Кај нас уште немаат дефинитивно информација. Јас им пишав демек од јули би тргнала ќерката, и ми пишаа нели ако е сѐ во ред ок, но не знаеле како ќе биде ситуацијата дотогаш. Кај нас сега за сега уште се со намален капацитет, имаш право да пратиш барање, ама деца примаат по приоритет, што верувам дека ние го немаме, затоа што нели јас сум дома.
Да, имаат демек и ротационен систем - една недела оди, една е дома. Може и таков да земеме. Мене не ми е со неа проблем, дури имам и грижа на совест ако би ја пратила чисто од онака. Знам, луда сум.
Овде се поделени. Една група се од пон до среда, другата Б група е четврток и петок. Оние деца со наполнети 2,5 години (зошто е до 3 оваа) седт дома и ќе продолжат во новите градинки после корона. Оние кои не се почнати со прилагодување исто седат дома. Кога разговаравме ми рекоа од крај на Јуни се иде нормално како што беше и се враќаат сите во градинка. Со таа разлика што учителката на првото кивање ќе ги испрати дома децата. Можеби ќе биде и со топломер на врата. Што мене секако ми одговара повеќе да не седи со болни деца зошто јас наместо неа звршувам на итна.
Значи да почне одбројувањето И колку е фер кај вас сите деца битно посетуваат, па и по 3 дена нека се Кај нас вака Па и со скратена настава Од 1ви и не очекувам емаил за да почнат дека до 9ти има фериен овде Таман во јули ќе почнат од 3ти август до 7ми септември пак фериен Таман јас до тогаш ќе положам (ако не паднам на полагање ) И таму хаос, едвај 2 термини неделно се наоѓаат Се и секаде е хаос, мразам хаос... И така... Кој најмногу бара да отворат градинките? Мариии Чиви деца последни ќе тргнат?? На Мариии!!! И тако ти то....
Слушнав и јас на вести преска од јуни кај нас се отвараат градинките и школите.Нели ние сме пред вас така да до крај на јуни сигурно ќе отворат и кај вас.Точна дата не кажаа.Деф веќе со овие правила- маски . Кај нас нема да бидат казнувани луѓето ако не држат дистанца од 1.5 метар . Друго ресторантите ќе ги подржат со тоа што наместп 19 % данок за храна ако јадеш во ресторантот ќе плаќаат 7%.Ама за пијачка пак ќе е 19%.Сега кнајпињата и биргартен пак се бунат они не се помогнати со тоа што мора да плаќаат пак 19 %Ако ве интересира за мерките за помош во Германија
Ја до вчера викав нема да ја пратам во градинка ама вчеравечер се премислив и беше денеска. Со маска родител, само еден родител, пола од групите од еден влез, пола од друг, миење раце таму, ручек има таму (изела 4 тањири, ќе мислат гладувала два месеци дома), смее да се гушкаат со вработените, родител не смее во занимална ама смее во пресоблекувална и во тоалет, на врата има гел за дезинфекција и со скратено, наместо до 17:00 само до 14:00. Утре ми викаат ќе и го славеле роденденот што и измина и да донесам од дома храна што сакам. Одма и реков ако може кога ќе помине ова. Не би можела да однесам нешто што ќе го јадат деца во време на корона иако можеби не се пренесува преку храна. Малата пресреќна и кога ја зедов вика нохмал киндагартен бите. Не ме ни рецна кога ја оставив и така. И да нагласам дека во последниве три недели само неколку дена имаше по еден новозаразен, некој што залутал сигурно, инаку нормално не би ја носела да имаше заразени во ландкрајсов.
Денес добив емаил од градинка, ќе ги зголемат групите со деца и погодете што? Пак не ги опфаќа децата мои Значии....
Ама не е фер така. Се знае кои деца одат, кои не? По кои критериуми избираат? Вработени родители, азбучен ред...? Мора да има некое објаснување.