Да ми е мака На ред биле Макси да почнат, за цверге и штролхе повеќе среќа следниот пат @gjoker4e имаат некој концепт изработено ама не е фер така Ми иде да им се јавам и да помрчам ама знам нема да придонесе ништо па не си се нервирам за џабе
Не е можно! Ај сепак имаат некој концепт направено ама не ми се допаѓа. А сепак по азбучен редослед одат? M, S, Z. И сакаш да кажеш уште две фамилии само останале на чекање? Битно знаеш дека до 15ти јуни секако ќе се дома.
По возраст одат Од најголемите па надоле Мали ми е во штролхе(1-3год) а Могли во цверге (4г) Макси се 5г и ризен 6г По секако имаат распуст до 9ти, и до 15ти ќе преживееме ама после 15 планирам да умрам Фри со гедултов по нерви ми одат
Бил некој во валдпарк скоро? Не оние што се закажува онлајн туку отворен гледам на нет нема ништо за онлајн закажување. Незнам дали да ризикувам викендов, да не ни биде џабе патот?
Да ви кажам мене ми ги вратија парите за патиките.Кога им пишав полиција одма вратија Туку на колешка и стигнал некој манунг(опомена) од некоја си инкасо фирма да плати 600 и нешто евра.Таа вели дека ништо не порачала и чека сега тужба.Откако ќе добила ќе штиклирала дека нема обврски и така магично исчезнувал долгот.Да знаете да не плаќте , имало на интернет многу што се жалат постојано била истата сума.Што време иде значи од лажачи глава да не можеш да дигнеш
Ние само што влагаме дома. Му прозборев на еден од симпатиите конечно. И неговото има 3 години па ќе се дружиме.
Успивам повампирени деца. Големата веќе сонува, ама малиот е ризичен да ми сј*бе раат вечер и филм, затоа што еве треба да го преместам во креветче. Инаку се досадуваме. Ми стана досадно, уморно, жешко. Породилното сакав да си го поминам во шетање. Сакав да ми дојдат гости, да се ашкам со количката по сладоледи и сл. и на кафе муабети со сестра, мајка, другарки. Било кој, кој би дошол да нѐ види. И ме фаќа осаменост уште поголема од било кога откако сме преселени.
Ние излегуваме по малце ама во главно изолација уште трае Среќа Маш беше дома 3-4 дена па се потсетиме како изгледа бутик и пазарење За градинка буквално престанав да се надевам И ко би почнале би морала пак со мали на адаптација Друго шо да ви кажам, се правам дека вирусот не постои, полесно ми е Почна негативно да ми влијае на менталното здравје...
Кај мене двете одат веќе, Ели почна некоја недела пред Вики, сега заедно. После градинка, викенд, сеуште изолација, само со од комшии оти заедно се во градинка, а едното братче е со даун, како ризико категорија, и они пазат многу. Заличев на човек одкако имам малку повеќе време. За шишање 3 недели термин се чека, ама ќе дочекам. Се на се, не осеќаме карантин или корона. Шетаме во природа, таман е. Ели има роденден на 28ми. Бирам поклони од сега, се спремам за еднорог модус
Хааа, зато ве нема вас Деци во градинка и по ретко за жалење И фри ја снема од ко почна со градинка Само јас останав во темава ама ќе дочекам и јас ќе паркирам еден ден деца вградинка А до тогаш ќе ме читате почесто
Е полесно е со дете во градинка. На секое кашлање и кивање вадам топломерот И после секој настан бројам денови. Пусто коронско
Исто сме и вака После излегување чекаме симптоми после шпилплац исто На шпил плац во неделата имаше преку 50 коли паркирани околу 40 деца Дозволено максимум 20 дечиња Одма се вративме
Е да, градинка барем од игралиште не спасува. Истите деца, затворен круг, некако демек контролирано. Да ја носам мојава на игралиште, со сите мора да се заигра, многу е друштвено битие. Чек бе малку, зошто 50 коли 40 деца? Не ми се работи, гачки си наоѓам Иначе, цело време демек работиме од дома. Пукнав начисто. Па читам по новини, на сите многу им се допаднал хоум-офисот, поефикасни биле. Кој се тие сите бе, па јас не ли се рачунам во сите? Праат филм сега да си работиме од дома, да не плаќаат канцеларии. Ќе одиме ли на некое море?
Имаме овде една шума која е прилагодена како за рекреација, во склоп со неа е и игралиштето Има многу посетители, нели сега не одат сите во градинка и сите се таму, децата во игралиште, пензионерите шетаат низ шума и секој ден е преполно Овде во нашето село Едино таму можевме да излезиме, сега се плашиме и таму да појдиме од што има премногу луѓе многу повеќе од дозволеното
Јас па не си правам повеќе стрес со корона. Се дружиме ограничено секако и онака и немам баш некое друштво тука големо. На игралиште не го тргам од други деца, одиме најчесто на маалското игралиште па и често се едни исти деца. Не не чекам да се појават симптоми. Мм од цело време е на работа со луѓе ( све едни исти што е олеснителна околност да речеме). Стресот ми е дали ќе можеме на одмор. Посебно што синко нема мк државјанство, па ако ни се затворени граници ни сама нема да можам со него доле. За Хрватска и Босна ни е план ама дали јас ќе можам да влезам со мк пасош?
Зошто не би можела? Имаш печат за постојан престој во пасошот, значи си жител на Дојчланд. така бар јас разбирам