Мари жива ли си Ова од сабајле ми остана Да ти кажам ќе напишам транспарент" правда за Мари, пуштете ги децата на градинка" и долу на звучници ќе снимам"КИТА,КИТА" да не мислат дека сум сама и ќе одам пред бундесрат и ќе штрајкувам некоја минута/секунда се додека не ме уапсат Они ме апсат ,а јас тука на камерите вика :"држ се Мари, Џокерче Биљарка и сите по ред" после следи драње"нема кита нема мир". А шо викаш?Ќе добиеме ли Нема туристи празно е одма ќе ме видат Ќе утепаат тролајќи Да @Chantal ти не доаѓаш од мк за да имаш проблеми не ми е логично.Тогаш да шкртнеме одмор. За одмор уште немам поима каде.Преска на работа дојде еден ќе одел за Грција на одмор на 28 едвај чекал со кола оти авионите не работеле.Го прашувам, а граници ќе отворат ли за Мк го прашувам? Тој сигурен на 15 отвараат Еу.Викам ама сите се таму дрите ланд не се Еу .Ќе отвореле тие што излљвале на јадранотУпорен човек Јас не се плашам од вирусо секој ден малата ми пее корона чао ајде чао чао
Имам Aufenthalt картичка немам ништо во пасош, ама се надевам дека нема врска пасошот туку од каде доаѓаш, па да видиме одмор годинава.
Безбедни сме ние Да ви кажам право, од какво сценарио на планетата земја имавме на скоро нула дојдовме, одлични сме. Стварно сме безбедни, јас шеткам по плаживе и супер одлично е. Да плакнете очи Додуша имам инфо од агенциите дека германците ниту се откажале од резервациите уште во корона тајм од италјанските плажи. Да така ако не дојдат 5% другите 95 сигурно доаѓаат Веќе имам инфо дека од денес рој коли се тргнати накај италија (трентино алто атиџе) самиот ваш претседател има вила каде што живее золвата моја и погодете кој ни иде од дојчланд у прв ред не па за остаатите народи.
Утрово гледав на Ртл го даваа Gardasee...Да бевме само ние двајца ќе одевме,вака со синко не ми се оди баш. Инаку заради короната ми пропадна роденденското изненадување од маж ми,викенд во Венеција. Уште ми е криво. Сепак, со одмор нема да брзаме. Евентуално крај на август,па и почеток на септември сме оделе,супер било. Дестинација ...уште не се знае.
Јес, јес. Или би рекла ја, ја. Кај маж ми на работа немале намера да се откажат од одмор што имале уплатено во јули. Не знам дали беше за Италија ама во принцип они се многу принципиелни (механизирани) роботобитија. Ако имаат испланирано нешто (а планираат година дена унапред, со можност за нула проценти спонтаност, а веројатно ради поволни цени) нема шанси ниту една корона па ни смак света да им ги смени плановите...
Тоа јасно ми е, во венето ( лидо ди језоло) само 5 проценти од германците имаа откажано, се останато Не, баш золвата моја раскажува дека германците и воопшто не се плашеле од вирусот, кај нив (90% се тиролци - германци) веќе од денес имаат наплив од народ со претходни резервации, еве претседателот го очекувале, ако не дошол денес. Искрено сценариото Италија беше Ломбардија пред се ( Милано) поготово од централен дел до доле јужен дел не ни имало бог знае каква епидемија, бројките беа ниски цело време, цело време 60 до 70 % брои Ломбардија, таму и јас не би ишла искрено, но остатокот е одлично, еве кај нас веќе е ковид фри. Се стави преголем акцент на Италија, а Британија, Франција, Шпанија, Америка беа полошо, искрено. Знам како ви изгледа зборот Италија денес, и јас така би мислила и би ми изгледало верувајте АМА премногу црна реклама им удрија. И не е така. Еве сме, преживеавме и сме добро, сите региони сме супер освен Ломбардија. Стварно не е страшно.
@vitamina да, да.. баш ја гледав Британија и се чудев колку е полошо од Италија... Дај боже да помине побрзо ситуацијата затоа што сите вака или така нѐ подизмести...
Мислам, ко шо сум среќлија, дур стигнам до одмор во август, втор бран ќе фати. Не одете во Хрватска, бре шваби едни неразбрани, да не се разбирало од опасност. Не мора секоја година да одите, мене море со години не ме видело, се зажелело за мене, тужно је море Којзнае дали и што аранжмани ќе пуштат, мене Шпанија ми ја откажаа и имам ваучер за непозната дестинација
Ај со среќа нека се 300 евра по дете е изгласан закон.вајда ќе легнат нареден месец заедно со киндергелдот .
Да. Еднократно ќе биде плус смалуваат ДДВ до крајот на годината од 19%на 16% за(Mehertsteuer) и од 7%на 5% за (ermäßigten Mehertsteuer). Намалениот ДДВ важи за роба од секојдневна употреба односно (Lebensmittel).
На фб сега видов под објава во коментари пишува дека ќе ги исплатат 100 евра 3 месеци односно наместо 204 евра киндергелд ќе ни пуштат 3 месеци по 304 евра.
Не еднократно ќе биде значи од 01.07па се до 31.12 оваа година нема одреден датум кда ќе ги пуштат значи не е донесена одлука дали одма у јули или можда септември пример. Наместо 204 ќе ни пуштат 504 евра. Е сга прочита пред малце за самохраните МАЈКИ ќе добикат дупло наместо 300евра ќе добиат 600евра .... Што ти значи држава само да си самохран родител туј . А имаше и едн коментар пд наши балканки жени,, ајмо се раставит па да узмемо дупле гелдове".
Не е одлучено уште како ќе е,што знам не ми мења ништо како и да ги дадат секако ќе идат на штедната книшка.
Меркел рече дека вториов бран не погодил али многу е штолц ауф унс оти сме многу паметни и државата лесно ќе се справела со бранот. Иначе да си пукнете од мака за берзата и следна криза да ме слушате! Мерак жив.
Morgen Може ме заборавивте, одамна ме нема, искрено се дистанцирав од тел. и од читање корона,па и недостиг од време. Деца почнаа во градинка,пресреќни се,посебно ќере. Него за Мк.ќе се оди ова лето или? За море оваа година нема ,но би сакала до мк.
Ако ја отворат таа шупелка од држава би одела во Октомври зошто морам нов пасош за малата да вадам. А летово нема да ги отворат зошто не се умни.
Има ли некој што живее или ја познава кујната на Франција? Или знаете некој таков од форумов? Да прашам само нешто