Здраво, кој знае да ми каже за Германија какви регулативи има со патувањево. Сакаме да одиме таму, со бугарски пасоши сме. Од мк со автомобил до Бугарија и после од Бг до Дортмунд со авион. Дали ке ни се бара тест, карантин или самоизолација кој знае ве молам да ми пиши. Фала
Од 1 јули европската комисија даде слободен влез за трети држави. Дали тоа ќе се оствари зависи од бројките. На пример, во италија кажаа немало рестрикции за мк од 17 јуни ама не е така, ѕвонела моја познаничка во амбасада и им рекле дека после мк кога ќе се врати мора самоизолација. Зборот ми е дека никој не може да ти каже со сигурност освен да ѕвонат ваши познати во амбасада и да прашаат. Сега за сега секако важи изолацијата 2 недели.
Свекор ми пред два дена дојде со авион Тој е со европски пасош и немаше никаков проблем Да сум појасна, тој заглави во Мк и леташе од Тирана Само кога ја префрлил Мк граница му дале некаков документ да потпише и тоа било се
И сега со тргнување на самоизолација,тест итн итн тргна некоја за Македонија , резервиравте ли билет ? Мене искрено ми е за никаде не ми се ни помислува покрај бројот на заразени моментално.
Ништо не му побарале нити прашале овде Да Само Мк потпишал нешто и тоа било се Не ни има живеалиште во Германија, Белгија живеат
И тука да ставам. Може не читате во друга тема. Автопатот венеција, главен. Дурмо турс од гостивар. Од денес сликано од мене пред 1 час. Значи најверојатно по автобусот се е пуштено. Јас коа го видов шлог ме мавна мислев оти сонувам.
Преска слушнав дека за влез во Де ако доаѓаш од ризична земја мора да останеш во изолација 14дена.Сега вие ќе летате од Бг дали ја сметаат за ризична не знам. Не планирам да одам додека не се смири ситуацијата.Многу ми е ризична , а моите се стари.Не сакам да им го загрозам животот .
Кај мене е друга ситуација, чекавме пасош 6 години. Само што излезе, почнавме да се спремаме за заминување, останав бремена, требаше да одиме за Австрија, но не можевме работа да најдиме. Со коронава ни се подзакочија работите. Излеговме и двајцата од работа, така да сега немам друг излез освен да се замини. Се видело од Македонија.
Здраво ме интересира дали може да се патува за германија од македонија со автобус или авион нее важно само да се стигне таму без проблем.. и мојот братучед со германски пасош денес сабајле тргна накај македонија до сега нема проблем се тече како порано прашањето ми беше дали може ние да патуваме за германија.ви благодарам многу
Соопшти на крај дали стигнал во мк и како ако не ти е тешко. Фала однапред Мила, секако толку сте чекале почекајте уште малку, некој месец. Ќе се средад работите.ви посакувам среќа.
Да ти соопштам дека братучетми денес стигна во мк автобусот бил за приштина немало дирекно за мк за тој ден. Од приштина со друг автобус дојде по пат никаков проблем сосем нормално како и секогаш е сега ќе видиме дали ќе може и вереничката да си ја земе со себе за германија..
Што слушам Баерн донел одлука сите да идат кај матичните и да се тестираат за Ковид19 без разлика дали имаат или немаат симптоми.Ако вовел Баерн ќе воведат секаде сигурно.
Devojki, prasanjeto ne e za vo ovaa tema, no neznam kade da go postavam, a itno mi e. Kolku vreme se patuva avionski, od germanija do makedonija?
https://www.suedkurier.de/region/bo...eibt-zwei-tage-geschlossen;art372474,10556289 Не е нашата градинка али е во градот. Во еден ден сите деца имале температура. Ако не е Ковид 19 ќе биде уште пострашно...
Ми треба информација, како е кога ќе дојдеш од Мк во Германија сега за време корона. Има некој што патувал во скоро време да ми каже?