Од саботата со полн визз авион пуштија само 20 патници. Другите назад. Мораш да имаш сто постотна причина зошто идеш, болен мајка татко со медицинска белешка, близнаци, итн. Во спротивно се иде цурук.
Lele jas ke si seknam planirav da odam na krajot na mesecot ... izgleda ke treba da baram nekoj psihijatar prethodno...
Ако отидеш и затворат граници ќе ти треба и после тоа психијатар. Да си најмиме сите по еден на месечна претплата со договор една година.
Не може да затворат државни граници за луѓе со регулиран престој. Не за влез. Исто како во мк што никогаш не беа затворени граници за државјани, ама оди стигни до мк. Сега може регионски карантини евентуално да воведат, ма да и тоа тешко. За на есен, кристалната топка замаглена ми е.
Мене ми истекува пасошот во септ. Мене ми истекува пасошот во септ. Не би идела никако да не морав да мењам. Не знам што да правам. Иначе не планирам со авион туку со кола.
И јас треба да одам за истата причина , мислам дека со кола нема толку проблеми барем засега ситуацијата секогаш се менува.
Нема некоја алтернатива? На пример како што дозволија да надминат 3 месеци престој да смее покасно да се продолжи пасош. Да се продолжи пасош од Германија, да не мораш да одиш Мк?
Не е ни за во Мајки Македонки, ни за во Состојба, ни за Децата и градинките Прво ни стигна за Април да платиме, од Мај да престанеме да плаќаме, па сега ми стигна за Април дека не треба (веројатно ќе ни ги вратат тие пари откако ќе се направи пресметка за секоја фамилија), за Мај не треба, за Јуни 57 евра без разлика дали одело детето или не (нели од 29ти мај до 29ти јуни одеа по 2-3 дена), и за Јули и Август цел износ. Ако е болно детето смее да оди во градинка откако ќе биде 48 часа без симптоми, потпишуваш еден лист и може и доктор да потврди на листот од кога смее да посетува градинка ама и не мора. Ако излажеш и го однесеш, а се прокашла на пример, му тече нос или крене тт, пишува не смее повеќе да посетува градинка. Не знам дали се мисли засекогаш ама би требало да дадат втора шанса. И втора опомена ова дека сите не ги почитуваат правилата и ако продолжат така детето нема да смее да посетува градинка повеќе. И на воспитувачките забраниле лак и гелни нокти заради коронава.
Ние кај што сме во овој дел во Германија се ми е некако исто само што разликата е кога ќе излезеш надвор сите ги гледаш со маски.
Абе катастрофа .Сабајлево читав дака за нос течење ги враќале децата.Моето пред две недели не го примија оти кашла .Доктор да потврди дека не е корона Отидовме на др со дете кое само кашла оти има таква мана, без тт и без растечен нос си добивме една недела дома да си седи.Без корона тест.Си седев дома со здраво дете Оваа недела пак и се растече носот не ни пробав да ја носам на градинка си земав работа домаЗаради короната треба сега сите да добијат плус 10 дена од родител инаку кашлицата може да трае и повеќе од 3 недели.
Малку е нацистичка одлуката: https://www.echtemamas.de/corona-kinderbonus-nicht-fuer-jedes-kind/ Ако немаат родителите регуларен престој нема пари, ако не работиле или тражат работа нема пари и еден куп други "ако" за престојот
Кај нас не е толку стегнато по градинките. Втората недела откако ја отворија градинката, на синко почна да му тече нос, ама онака баш како водичка и поткашлуваше. Одеше 3 дена и после ми рекоа, знаеш да седе дома 2 дена, корона цајт ова она, ама ништо посебно. После пак си продолжи. И ако се надвор децата или ако се разотворени вратите, не морало мама да носи маска. А за плаќање, април и мај не сме плаќале, а за јуни стигна писмо дека ќе пресметат колку треба да земат, бидејќи малку одеше.
Дури сега почна да ме нервира коронава. Во градинка секој ден 'се разладуваат' во двор од 15.30 до 16.30. Да, знам дека е топло иако сепак е максимум 25 степени, деновиве беше 22, и цело време дува ладен ветер. Топло е ама ми нема логика, дете мокро и дува ладен ветер. Утредента нос тече и не смее во градинка. Денес сакав да им речам. Ако прават така тогаш нека смее со растечен нос и нека смее да кивне дете или ич нека не ги разладуваат додека дува ветер. Можеби ќе стекне имунитет за понатака ама сега едноставно не е време кога не смее со растечен нос да оди. Се чувствувам како од балканот да потекнувам ама сепак мислам во право дека сум. Пред некој ден не го бањав дека беше ладно и ми беше страв да не не смее во градинка да оди и кога читам во градинка се разладувале во дворот ми се стемни. Не знам дали да им искоментирам? Дали ќе ме сфатат или ќе се чудат ептен? За киндербонус не пишува дали едниот родител треба да ги исполнува критериумите или двајцата. И не е логично да не добие некој кој е џобсухенд бидејќи по логика барал работа, а не можел да најде поради короната. Да бидеме реални Македонија најмногу даде, иако заради изборите пред се ама сепак. Германија стисната мајко мила, ако сам не си заработиш ич не чекај на Меркел.
Со македонски пасош не можеш, до Маџарска и те вракаат назад. Со бг пасош или офентал патувао слободно. Кога ќе стасаш треба да се пријавиш дека идеш од земја ризична со Ковид 19. Македонија спаѓа во ризичните. Правиш тест и имаш карантин 14 дена домашен. Ако ти треба други инфо тука сум.
Продолжени се пасошите, сега додека е ваква ситуацијата не ти пререкуваат ништо. Ама доколку сакаш да одиш во мк подобро закажи термин во Германија во Бг амбасада за на граница да покажеш дека имаш термин. Во бг амбасада во Германија се Чека од 6 м до 1 г а во Бугарија директ тешко да отидеш не те пуштаат на граница. Да одиш во Битола во бг амбасада чекаш повеќе време а кратка постапка т.е забрзана ти е 180 или 190 евра да излезе за 1 недела мислам. Не ме фаќај за збор отприлика е ова со цениве.