Ја не знам зошто бекераите се отворени. Леб и кухен и во маркет има. Нека оди секој нека изнакупи се наеднаш и нема потреба во бекерај по еден брецел или кухен или на 3-4 дена по леб да се оди. Купи и замрзнати оние што се јадат по 30 минути до 2 часа надвор. За процентите се зафркавам. Знам интеграли да решавам. Од 14.00 сум на работа. Будала.
https://www.rki.de/DE/Content/InfAZ/N/Neuartiges_Coronavirus/Fallzahlen.html @gjoker4e малку пододолу оди ги има податоците. Леле кога скокна на 46 починати како податоците да ги криеја до сегаПред две недели бројките беа смешки сега се страшни.Процент се смета заразени подели со жители по 100. Старите исти се и мојте ништо не слушаат.Им велам арно рекоа Филипче да им каже дека нема пензија ако не седат дома.Мајка ми вика само тогаш ќе седела Туку вчера слушнав во Германија се појавиле Fake Shops пазите да не нарачувате дезинфекциони средства и маски онлајн не стигале
Богами тешки дроги има во кухенов нивни. Кај нас во село и соседно гратче сеуште чисто, без случаеви...
Тука си работат сите турски сендвичари. Сабајлево кога бев до Реве , има турска бурекчилница со маси изнесено надвор, си седнале турциве мака немаат. Битно прошетки немаат забрането во цела држава. По тоа се разликуваме од нашиве во Мк кои мораат да седат дома. Ве исчитав погоре мислењата, најлогично размислува @FreeMind , ми се појави статија што се поклопува со муабетот за постарите и оние со предходни заболувања. https://tocka.com.mk/vesti/336584/e...ija-ima-44-pocinati-od-vkupno-16-000-zarazeni (п.с. @cresa-jagoda , поздравче, редовно не следиш во темава )
Супер, фала ти. Вакво нешто барав, не можев сама да најдам. Швајцарија и Франција пред нас донесоа мерки па се прашувам дали поради тоа има толку малку заболени во споредба со нас. Едно време знам бевме тука некаде со бројките и сега уплав добив со разликата. Денеска сум најзадоволна од народот. Само да пазарат излезност. Од прозор следам се. А еве и на работа кај мене жив човек нема. Значи браво. Да напоменам и дека времето е грч ладно и темно тмурно па затоа можеби.
800 мртви денес Италија и дури 6.500 ново заразени. За земја во карантин месец дена многу заразени или нема карантин или не знам што е работава.
Викториа има безвеза 38 тт, кива и кашла. Еден саат упорно звониме, да се информираме дали треба нешто да преземеме, подалеку од секретарка немаме стасано.
Коронава е наеднаш преку 39 температура. Сугурно е настинка кај малата. Јас и Емили прележавме стомачен со температура од 38.5 држи два дена. Периодов врие од тој вирус матичниот кажа.
Претпоставувам и се надевам, ама ај, совесна да испаднат, да се јавам... Ви болницата се јавивме. Рекоа ако дојде до 40, да одиме таму, се минело низ некој шатор, земале брисеви.
Како да им е сеедно на стариве дали ќе се живее или не. Да бидам искрена над 80 и мене би ми било сеедно.
Овде сељанките дома си седат им се живее ваљда Денес и кај нас по смирено така маШ кажа Ние 6ти ден во карантин болни сме сите Мислиме дека е бронхит дека мали е исто болен многу Не префати сите МаШ превентивно си мери тт Не е нормален За мртви некаде видов дека се 88 попладнево жалосно
Дани, коронава може да има различни симптоми, може да е асимптоматска, значи може и да нема темп може и да има, кашлање, тоа се симптомите но не мора са значи. Сметам дека нема потреба да се грижиш бидејки знам дека одите единствено во шума, најверојатно има закачено грип, и ние пред 3 недели кога почна вирусот имавме грип исти ко корона, јас се велам може сме закачиле а не знаеме. Следи ситуација не води на лекар сега опасно е, ако не дај боже се влоши нешто тогаш ѕвони. Те молам немој да се секираш дека е корона само следи. А како што кажав симтоми секој различни има. Ние сме во карантин и воена состојба 2 недели, резултати нема а зошто никој не знае? Се случува тоа што се случува а никој не знае што се случува уствари. Мерките грото ги почитуваме има исклучоци за жал во поголем број и мислам дека го кркаме и за сите нив. Секој ден како раатат бројкиве секојдневно имаме се повеќе рестрикции, следна фаза би била тотален блок на се но е невозможно. Дали и би било возможно вака да не држат со месеци еве не знам. Јас мислам дека не е нормално. Околу 70% се лица над 80 години и лица со 2 или повеќе патологии другите 30% се жал се повитални лица, во било каква ситуација нели за жал имаме и огромни последици со витални лица, секој организам е различен и различно реагира не мора да значи дека било кој не би можело да се сретне со компликации. Во последните денови забележително има лица со старосна граница околу 25 год што се интубирани на интензивна, за жал данокот своето си го зема и никој не е имун. Стави на се ова дека здраствениор систем има колабрирано, ескалираше се па од тука и многуте пациенти на интензивна што порано не се реагира и третира одреден симптом нормално дека ќе се влоши ако не е третиран со време а време нема за сите за жал. Околу 60% од заразените и жртвите се во Ломбардија регион, Бреша и Бергамо се на колена, секој еден е заразен, па од тука и жртвите, од 800 жртви 350 се од ломбардија. Од 6000 заразени 3500 се од ломбардија. Вирусот во ломардија е мутиран. Поагресивен е. Мм работи во две жаришта.