Не. Ама кога ќе се врати ќе треба во Германија да е во карантин 14 дена или да се тестира пошто иде од земја со висок ризик.
Во ЕУ немало корона? Мејлот од градинка, ако одиме на одмор во висикоризична земја детето не смее 14 дена во градинка ама тоа не важи и за ЕУ- земји. #глуп муабет Не дека ќе одевме некаде и дека ми е гајле ама .
Читам пред некој ден наслов како некој со симптоми бил кај 20 различни доктори додека еден не се согласил да го тестира. Сите му викале пролетен грип. Па одоздола милион коментари како тие што доаѓаат од ризични земји се тестираат бесплатно, а локалното население се игнорира и им викаат пролетен грип. Ние прво откажавме одмор па сега маж ми запна сепак да одиме до Хрватска на една недела. Без роднини и пријатели посетување само море. Уште не сум сигурна во одлукава планот е да резервираме два дена пред поаѓање за во случај да не се смени нешто. Другите планирате одмори?
Ако е без роднини и пријатели зошто би ризикувале до Хрватска да одите? Подобро е во Германија или некоја соседна држава. Ние никаде не одиме. Најпрво ако одиме Мк малата нема да смее да оди во градинка 14 дена, така јас ќе останам без работа, а и од кај мм кај и да е треба да стигне писмо дека ако оди во ризична земја мора 14 дена дома и не знам колкава парична казна ако отиде, а не каже. Хрватска не е во ризични земји? И што ако на пример некој отиде во неризична, а во меѓувреме, во текот на таа една недела на пример, стане ризична земја?
Во право е Џокерче, т.е јас размислувам како нејзе. Ние сепак тука кај нас одиме на плажа, и пак ќе одиме, зборувавме со маж де за до Мк де за до Словенија, де за оваму, онаму ама на крај од денот си викаме седи си на газот мадро, не си барај проблеми од ништо нешто. Сепак не ризикуваме и ние е страв а имавме можност да одиме август некаде слободни сме. И така, овде сме, одиме тука на одмор, не ми се ризикува ни до словенија. Кај нас 8 души од наш крај се вратија од хрватска заразени. Почна пак да расте бројката и тука во италија и во германија Зборуваат за контролни тестови низ автопат, зборуваат за полиции, за чуда. Не знам колку се спроведува во пракса ама немам храброст никаде да појдам, што ако се заразам, што ако треба у изолација, што ако си направиме проблеми ко да немам други па и со ова да се замарам. И така се решивме да мрдаме се додека не се стабилизира светот. Кај нас исто така треба изолација и 2 бриса ако се враќаме од мк, плус ако не се кажеш казните се големи дури со затвор ни се закунуваат да така не мрдам. А гледам има луѓе од гер и ит што одат за мк. Не знам што да кажам. Најдобро седете си дома дечки. Кај нас по хотели од денес за утре се затвараат, најдат еден позитивен во хотелот и со се газда персонал и гости карантин, го заклучуваат на 2 недели. Не би издржала јас така. Никаде не ми се ризикува искрено. Ова е мое мислење и најдобронамерен совет.
Јас сакав во Хрватска да одиме, ама не ми се ризикува да се заразам , па така остануваме овде и ќе одиме до Остзее секако ни е на 3-4часа од дома.Прво во мојата ризична ситуација сум тука осигурана и со се покриена.Остзее во Полска е на пола поефтино ама пак не сакам да заработам карантин или којзнае какви мерки , не дај Боже да затворат граници. Братучетка ми беа на Малта кога се вратија немаа карантин и таму не е скапо.
Балканот има забрана,а во Шпанија,Италија,Турција,Германија....да не набројувам ЕУ земји слободно може без тест без ништо,а и таму бројот расне,само за нас балканците неможе да идеме ,милион услови ни наметнаа. Не идеме нигде,се двоумевме до Хрватска,ама не одморот ни заврши, и дома,на езеро или базент на тераса се разладуваат децата. Па читам една статија во езеро 3-4 метра abstand, а во базент 1-2, зарем не е поризично во базент,сите едни до други? Ај убав ден
Хрватска не е во ризични ( зошто е еу и не тестираат доволно). Тука еден куп луѓе беа во Хрватска на одмор затоа мм дојде на идеа па што само ние си скратуваме одмор. Исто гледам многу одат и мк и босна ама ние за таму одамна решивме не одиме. Ќе видиме на крај што ќе излезе имаме уште 10 дена до одморот на мм. Гледав и тука или мене доволно ми е околинава да ја шетаме со еднодневни излети ама мм запнал море.
Одете, ама внимавајте. Не знам друго што да кажам. На мене почна да ми одѕвонува во глава се што поминав, како дежу ву сме денес, премногу новозаразени, полоши од ломбардија сме во моментот Не сакам да знам што ќе ни се случи тек сега ако не заклучат. Не посакувам на никого Хр, сите заразени се враќале као не тестирале кажаа во темата за корона, има членки што се во хр. Ако некој сака да оди еве ќе ја тагнам @Cosmi тука она може ќе даде некое инфо за хр.
Ние ќе идеме следна недела на неколку дена на саат време од дома во Австрија на планина. Со маски и абштанд верувам ќе биде се океј. Базент има надвор така да верувам дека имаат мерки преземено. За Македонија планирам најкасно Октомври. После на граница ќе правиме тест и ќе оди потоа во градинка. Тоа е што е.
Со сите се согласувам. И затоа не знам што да правам. Растегната сум меѓу "дај да живееме не можеме да останеме вака" и "седи мадро, да не чукаш глава после". Маж има породилно, сакаме фамилија да видиме. Бебе е комплетно асоцијален тип заради корона. Јас не знам што ќе се прави со градинка. Во раце не оди кај други луѓе. Што план беше тоа, одмор да се спои со породилно. Да се оди на месец и пол, два во МК. Да се шета, Охрид, Битола, да се видиме асално со луѓе. Роденден да се прослави за бебе. Вака.. не сум паметна што да се прави.
Зависи од кој град сте,ако нема многу заболени зошто да не, ама ако сте од жариштата со 344 активни од 50 000 жители, Оваа состојба со короната ќе трае и нема да помине за брзу, за жал еве го септември очекувам бројките да се дуплират(не дај боже) Исто и јас сакам некој месец таму да останам да се видам аслно со сите само да се смири чудово веќе
Леле немој да ме стресираш мајке ти Ќе си купам нива една, неколку кокошки чисто за следен бран да сум спремна Фри фала
Јас чекам книгава да излезе https://www.deutschlandfunkkultur.d...oxien-von.1270.de.html?dram:article_id=478731 Крастев ми е генијален политиколог и ми прија неговиот стил. Две книги негови имам читано и баш ме интересира што има да каже за пандемијава. Ако ви се убацувам вака?
Нема никакви мерки на граници, вчера си дојдов во Германија од Македонија. Денес бев тест правев во болница, утре резултати. Или тест или карантин треба.