Барај lignano sabbiadoro, bibione, porto di marghera, jesolo. Овие се супер. Нема да згрешиш никаде. Ем поблиску оти за 4 дена ти се исплати тука дека е поблизу. Јас сум овде кај овие плажи контактирај ме за инфо ако одите позз.
Девојки дали за да одиш во Германија сега за време пандемијата мора да имаш адреса таму или немора? И како е патувањето со авион и автобус ако некој бил скоро да каже? За тест знам дека е потребно ама за ова другово не знам.
Makedonija e i ponataka na crvenata lista i turisticki nemoze da se patuva so avion osven kaj blisko semejstvo so garancija nemozes so avtobus kombe ti e prasanje na sreka.
Luge procitav nekade deka Germanija ili del od Germanija vleguva vo crvena zona i so toa novi restrikcii ama baram nekoi oficijalni izvori imate li nekoi soznanija ili ova e .e dezinformacii.
Цел ден на работа слушам вести освен штрајкови и за бегалците од изгорениот камп ништо за корона не кажаа
Дечки, каква е состојбата за патување во германија? Сакам дечкото да ми дојде, дали ќе можам некаква дозвола да извадам,и врз основа на што би била таа дозвола? На аеродром бараат дозвола причина, за автобус нр знам.
Нема патување. Никаква дозвола не постои. Едноставно не може да дојде сега без причина (смрт, болест од типот рак, новородено дете).
нели имаше нешто дека тие што се во врска исто може? со докази од слики разговори итн. Наjдобро да се праша во полициja
види овде https://www.bmi.bund.de/SharedDocs/kurzmeldungen/DE/2020/08/einreise-unverheirateter-paare.html
Не знам дали ја следиш зои.блаж на инстаграм, она неодамна отиде со комбе кај дечко и, кажуваше дека имала потврда кај оди и кај ќе престојува, имала и тест но никој не и побарал. Пиши и, фина е, ќе ти објасни. Инаку, и пред три недели другар на мм со кој работеа заедно во Германија отиде пак, човекот е со мк пасош и имаше само потврда дека, и кај ќе работи, немаше ни тест,не му ни побарале. Контролата била на словенска граница, на германска ама баш ништо не му рекле. Авионски е постегнато, копнено не баш.
Сега ја завршив конверзацијата со германска полиција од која добив известување дека не може да дојде никој без изрична причина. Од друга страна линков што си го оставила сепак е владин и очигледно постои олеснување за неземени лица. Нека си ги извади документите подоле набројани и верувам ќе му овозможат престој. За сите останати оној стасал со кола и автобус и не го вратиле се оди на сопствен ризик. Никој официјално не дозволува прошетки.
Доколку личноста има ЕУ пасош , слободно може да дојде на гости. Татко ми со БГ пасош пристигна во петокот на 2 Октомври 2020 на Меминген аеродром, отиде кај сестра ми на гости , ќе седе 1 месец да им го чува внучето. Она што го покажа на аеродромот беше адресата каде живеат сестра ми и негативен корона тест. Татко ми поима нема од странски јазици, баш го прашав како поминал на пасошка контрола, да не го имаат прашано нешто,,, ми вели : не, го покажав бг пасошот и слободно си поминав без никакви рестрикции. Истото се однесува и на другарка ми која дојде со бг пасош и негативен корона тест на недела дена да шета по Германијава оти и било досадно во Мк, па да пополни малку време. Исто и мајка ми сакаше да дојде на гости, но проблем било само тоа што имала неевропски пасош. Ах тој ЕУ пасош, мамата им еба на сите
А па негде читав дека со комбе само со ЕУ пасош пуштале. Фала ! Ако некој знае за било какво олеснување нека пише. И јас слушнав дека со некаков документ и доказ за врска пуштаат ама дали е тоа среќа стварно не знам...
Јас да сум во Мк со Мк пасош би понела со мене се што постои и би си ја пробала среќата најпрво со авион па со автобус па со комбе па со автостоп итн. Како да нема правило. Близнаци па едниот може да го пуштат едниот не.
Здраво знам дека сум тотално офф топик, ама ме мачат некои прашања, покрај патување во време на корона Благодарам за секој одговор - во која банка е најдобро да отворам сметка во Германија? и како патувате од меминген аеродромот до минхен (како е најрационално, со оглед на тоа дека нема диркетна линија Мем-Минхен)? Фала многу
Според мене Stadtsparkasse e сосема ок банка, јас сум задоволна. Од аеродромот во Меминген до Минхен може да дојдете со автобус. Пред аеродромот има автобус кој тргнува во одредени термини. Карта се купува во самиот автобус и чини 20€. Исто така можете и со FlixBus. Со нив е доста поевтино ако ја купите картата преку нивната апликација. Минатиот пат ние плативме по 13€ од карта.