Упаѓам во темава да кажам само дека и јас го имав, цело време кога ми викаше мајка ми да планирам за свадбата полека јас некако нешто ме тераше да не планирам...и цело време за се така. Се надевам сега чувство за убава работа ќе се појави па да чекаме убаво нешто.
Две недели карантин и претходно ги имавте мерките кои ги имаме ние со рестриктивни движења две недели така ли беше? Не можам да ги разберам бројкиве на заразени. Ако се само две недели карантин во Ломбардија тоа знчи за следни две недели ќе има стопирање на трендот и прво забавување на кривата. Не ми е јасно во ситуацијата пред карантин во тој дел исто умираа луѓе од корона. Никој сега не може да даде одговор зошто ова се дешава се е на претпоставки се прават анализи. Штом заврши кризата ќе видиме зошто ова ви се деси. Мора да е нешто поврзано со бактерија бидејќи од Бергамо од болница како што читав ретко некој искочил. Сали спортски пренаменети во болница има ли или функционира само болница и пред болница? Мажот ти како оди на работа со што?
https://www.spiegel.de/wissenschaft...gsamer-a-80c6e6e8-4cf1-4c3f-be9e-782e93289085 Земете длабоко воздух според Роберт Кох институт Германија се чини го помина пикот и идеме на забавување на кривата. Мерките донесоа резултат во нашата земја. Ни останува уште некоја недела да останеме мирни и се тоа ќе помине. Хрватска силен земјотрес денес. Се чини природата иде да си го земе данокот. Бидете умни не ја уништувајте природата и живиот свет оти вие не сте центар на светот туку дел од ланецот. Не јадете животни впрочем 2020 година е треба да ви е јасно тоа оддамна ама ако не ви е да повторам. Во следни 50 години тоа ќе биде забрането ако сакаме да опстанеме како човештво. Ај ние утнавме али за децата потрудете се малку повеќе. Нема да умрете ако не го напуните фрижидерот со салами, зајаци и полутки, редуцирајте ја месна индустрија. Не фрлајте ѓубре, соберете отпад ако видите на улица нема да ви падне круната, не ги давете пчелите во чашата сок нема да ве изедат. И бидете луѓе не бидете себични не е суштината за “свој газ”.
Дај боже да стопира, фри дај боже. Се чудиме сите каде е проблемот, две недели во карантин да, од кои уште две со рестрикции, значи еден месец, одиме до маркет набрзина и толку. Јас одам сама наоружана моите в кола седат. Од денес уште повеќе рестрикции казнат и луѓе што поседуваат 10 мин на воздух надвор плус се ќе е затворено освен маркет банка пошта и тоа само. Деловите кај играчки и алишта по маркети не смеат да се купуваат. Очекуваа тие овпј викенд да биде хаос и бидна. Се надевам длабоко од се срце дека ќе снижува бројката од неделава иначе исцркавме и физички и психички и секако. Маж ми заштитен, со реквизити работи и тоа е тоа. Се пази 100% иако работи низ жаришта. Тоа е.
Ако не бучат вечер авиончињата не верувам на коментарот. Пред некој ден ептен имаше ама мислев корона прскаат. Којзнае што правеле може нешто неповрзано со корона ама сепак.
Сега прочитав што кажала. Пишува не повеќе од две особи ама исклучок се фамилиите. Смее да се прошета, да се оди некаде ако е итно, да се одите на термин ако имаш, до продавница и аптека. За прозорите и авионите никаде ништо не пишува. Ништо посебно не кажала значи. Не дека мислев дека нешто посебно кажала де. Бара соработка од сите поединци и тоа што веќе сите го знаеме. Ми се допаѓа што смее да се прошета. Ако го злоупотребиме и тоа и тоа нема да смее. Дали тоа значи дека и во Баерн сега смее да се прошета и нз која друга република имаше Ausgangssperre?
Брејкинг њус Меркел е во карантин од како била во контакт со нејзиниот лекар кој е официјално заразен од Ковид 19.
Дај Боже да не се зарази. Во спротивно ќе бидам убедена дека ова е американска или кинеска серија за да ја убијат. Докторот нејзин па таа. Како на филм да сме цело време. Сепак солидна содржина. Планот се одвива 4 месеци. Од прв заболен во Кина кружи низ цел свет за да ја убијат Меркел. Откако ќе ја убијат, бројот на заболени нагло опаѓа. Господи прости ми не знам што зборам.
Да не знаете страна каде можи да се следи во кој град колку има заболени? И Заксен од утре со рестрикции.
После потврдија дека нема врска тоа што е пишан коментарот. Инаку и мене ме занима по грсдови каде и колку има заразени. Кај нас мирно во населба нема луѓе по улиците што е добро тоа. Сите си ја сфатиле сериозно работата .
https://experience.arcgis.com/experience/478220a4c454480e823b17327b2bf1d4/page/page_1/ Овде ви се по општини и вртите на тие доле за десно стрелка: https://experience.arcgis.com/experience/478220a4c454480e823b17327b2bf1d4/page/page_1/ Офенбах 77 засега гледам. Боденско 71.
Ги следите вестите кои се пренесуваат во живо на Youtube ? Добро е, сеуште нема донесено закон да се седи дома, така да, дозволено ни е излегување надвор.
Вчера на вести кажаа починати 92, а на табелата е 86.Секогаш е плус нешто. @Herrera они нагласија 10 пати што помалку да се шета и повеќе дома да се седи.Затоа ги воведеа овие ограничувања.Само со потреба.
Затоа и ви ја постирав за доказ сликата од вестите од денес што ги објавија. Убаво си стои подвлечено со зелена боја ДОЗВОЛЕНО Е ЗА ИНДИВИДУЕЛЕН СПОРТ , значи можам да излезам и денес пак во природа. Затоа со олеснување го пишав. Кај мене во маало се излезени со точоци надвор. Баш во мојот регион има скоро 4000 инфицирани од корона вирус, според статистиките од цела Германија кај мене е најкритично, а прашај ме дали се секирам? Верувај, ич , нема потреба од плашење , од паники , златна природа надвор , милина Доволни ми се саат - два во природа во текот на денот и се друго си е во ред. Плус во темата кога ве читам тука скоро сите сте смирени, додатно ми влевате позитивни мисли. Останете ми во добро здравје