Чим задолжително носат маски веројатно е голема веројатноста да станат преносители. @Mari* додека паметиш и си добра да си исчеститаме Далеку е 10ти Јануари...
Јас прочитав дека школарците остануваат дома, а за децата од градинките ќе стават notbetreuung. Иако можно е на синко групата да оди од понеделник во карантин, имало родител на едно дете од неговата група што е инфициран со ковид.
Да, ќе има, ама има критериуми за нотбетројунг кои треба да се исполнат. Демек ќе прателе денес на градинките подетални информации да ни ги пренеле на родителите. Енихау, јас во секој случај сум со деците до 10 јануар. Ќе биде весело.
Во нашата нема нот бетројунг. Утре е последен ден ќе прават забава. Едно дете има роденден и збогум за Емили. И утре имаме и термин кај педијатар и кај учителката. Се тоа спакувано до 15ч. И ајде после не биди нервозен.
Нормално дека ќе бидеш. Јас што не сум на работа, па сум преморена деновиве од што не, не ни можам да замислам да си на работа и да треба уште тој стрес да го кркаш.
Samo stresovi sakav sa te prasam mislam deka imase situacija slicna so prviot bran i Emili.Togas cekavte da se otvorat gradinkite i da trgne taa na prilagoduvanje, a plakavte normalno od denot koga trebase vo normalni uslovi da trgne ili se cekase da otvorat pa sklucivte oficijalno dogovor i od togas plakavte.Mnogu se ludi ama epten ....haos napravija.
Лудница е со плаќањето да знаеш. Прво плативме цел месец па ни ја вратија во прв бран после три недели. Па цепкаа пари за прилагодување ни наплатија исто како да оди редовно, а одеше само по саат време тие три недели. После пак почна од ново цел месец на прилагодување и пак наплатија како редовно одење со спиење и јадење иако немаше ништо од тоа. Сега со карантинот пак ни наплатија дека одела на што реагиравме да ни ги вратат парите за двете недели јел не е мој проблем што детето ми седи дома. Сеуште чекаме одлука од штадт. И финито ни е раскинат договорот до 18ти Фекњмври ама ни наплатиле за цел Декември и чекаме пак извештај за враќање. Каша попара. Битно барај повратно од штадт за секоја измена.
jas koga ke mi odgovori nekoj deka bilo normalno gradinkite zatvoreni deteto ne e trgnato i za cuvanje mesto treba da se plasi se ezam i mi se ide da gi oteram site...zatoa te prasav za iskustvo.Sega ke cepkam da vidam praznini kako i kade sto ima 500 evra za nisto malo morgen .Tnx za info.
Така е, од денеска е почнато кај нас со строгите мерки и забрани. Не е страшно, ќе издржиме до 10ти Јануари. Мора со позитивни мисли. Ај за мало расположение ....
Кај нас ситуацијата беше вака. Пратив нели Анмелдунг со вунштермин Јануари 2021. Ми кажаа имаме слободно место од Септември 2020 и дали го сакам, а демек детето може да почне подоцна, нели. А гаранција нема дека ќе имаат од јануари. Рековме го сакаме, што да правиме. И си потпишуваш договор од септември, и си плаќаш скоро цела сума, без пари за пелени, козметика и јадење. А кога почнуваш со ајнгевонунг, макар била саат време дента, цела сума си оди за месецот. Со ќерката беше исто. Барав од Јануари 2016 бидејќи тогаш се селевме. Ми кажаа имаме сега во Ноември слободно. И те како го зедовме, со оглед дека од МК баравме и немавме многу избор. И си плаќавме со Македонска плата германска приватна градинка два месеци. Ама тоа е. Во принцип може има врска каква е градинката. Кај нас прво беше приватна, па откако дојдовме, набрзо се сплотија со градот, и не се баш целосно под градот, но градот почна да кофинансира. Сепак мислам дека не би можела да се бунам во градот. Тоа е тоа. Инаку стигнаа одредби од градинките. Право на нотбетројунг има само дете чии што родители ќе достават потврда од работодавецот дека МОРААТ да се двајцата на работа, или нели ако е самохран родител исто да донесе потврда. Без разлика дали е во канцеларија или може и хоумофис, ама што мора да работат. Што е сосем ок, бидејќи јас не знам како во хоумофис би се работело воопшто дома со мали деца.
Јас никаква логика не гледам во затворање на градинките и ќе го барам секое евро дадено назад ако јас како родител не сум била крива. На секое две недели директорица ми го враќаше детето како болно, а потоа карантини. Повеќе седеше дома од Март него во градинка. Многу сум лута на ситуацијава во која сме ставени и притиснати. Сега мораме да се убиеме од препланирање и термини бидејќи во исто време нели се селиме и плус плус сум во пмс на најјако. Ние за прилагодување добивме као попуст. Месечно е 350 еур, а плаќавме 220 еур. До тој степен сум лута што и овие три дена карантин ќе ги барам назад парите. Буквално сме затекнати родителите на работа кај мм не можат да се прегрупираат од среда буквално е невозможно да се преклопиме сите со деца. Ужасна година ужасна.
Ние сме задоволни од градинката, баш прашав како ќе се одвива Нотбетројунгот и ми рекоа дека да си пишам кои денови и од колку саатот ми треба, на сите родители излегуваат во пресрет. Сега работат по саат време скратено, ама ако ми требало ќе отворат порано. На деновите кои нема да работам детето ќе си седи дома. Истите одредби за Нотбетројунг се како кај @Kaetana, самохрани родители или двајца вработени, што е во ред. Од толку што сме задоволни сите родители, ќе им дадеме оваа година од нашата каса на воспитачите гутшајни Амазон и бонбоњера за Божиќ. Креативни се и работат многу со децата...им симнувам капа Градинката ќе си работи, јас мислев да не ја ставаат во изолација групата на синко, оти еден родител беше корона позитивен. Само детето ќе му седело дома.
Прв ден почнат е локдаунот денес и стварно не знам шо му прават на тоалетот, го јадат ли , бреееј колку брзо се троши , ц ц ц
Кај нас било жариште, па со мерки се почна уште од саботата. Неделата сакавме да дојди брат ми од др град, од gesundheitsamt ни рекоја не можело посети, јавете се понеделник да не има промени. Денес на мм му рекоја смее да се збираат до 5 души и смее одење идење во др град, само да не е за пазарење.
Престанете со ширење паника. Ве молам, престанете со ширење паника. Мислам уште една соба ќе ми треба за толкави залихи на тоалетна да направам. Тоалетна, една ствар која зафаќа страшно многу место и страшно глупо е амбалажирана. Сега би било вистинско време да се иновира тоалетната хартија, по принципот, повеќе хартија, помалку место да фаќа.
И Холандија тргнува по паметот на Даутсланд, и од полноќ ноќва и ние имаме локдаун. Се неесенцијално се затвара, вклучувајки и училишта но исклучувајки верски објекти кои немаат обврска ни за маски носење (!) , како и buurthuizen, маалски објекти за дружење кои пред се се посетувани од постари луге (!!). Многу работи ми немаат логика, во првиот бран стоматолози и физиотерапевти беа затворени како контактни , сега не се. Можеби сум субјективна дека прележав и имам антитела, но мислам дека одлуките во добар дел се политички ради притисок и еве демек нешто се прави. Не ве читав до сега женски, се надевам примате комшии во друштво
Добивме и ние утрово писмо од градинка дека ќе има нотбетројунг само за тие што имаат потреба и да се јавиме во групата ако имаме потреба.Ама родители што не работат да си ги чуваат децата дома. Мојата е веќе 3 недели дома оти и јас сум дома и ми е мачно да ја носам.Одма ја пријавив дека цел декември нема да оди.Воспитачката ја покани на 16.12 да дојде ќе доаѓал Дедо Мраз.Сега ја затвараат нема ни да има Д.Мраз Не знам ни кога поклони да им однесам. Јас немам потреба од нотбетројунг на одмор сум до 10.01, а после ми почнува митершуц.За нас посигурно е да е дома, да не ми донесе корона сега пред пораѓај и онака едвај дишам, мислам короната ќе ме убие Инаку за плаќање цело време плаќаме само имаше еден месец ни намалија некој 12 евра, до душа не ни плаќаме нешто многу. За продавниците денес гужви во маркетите, а сабота беше празно уште во 18ч немаше никој.Ама артикли има. Овој локдаун го направија сега оти секако сите се на одмор пред Божиќ, а некои и по Божиќ.Мислам по 10.01 ќе пуштат се пак полека. @FreeMind не си прави стресови ќе ги стасаш и двата термини.Исто и за селењето се ќе биде само без нервози.Напиј се б комплекс да се смириш малку или па 2-3 ракии пред термините, па удри грижу на весеље
Дали некој има логично објаснување што е со тоалетната. Сериозно. Ај брашно, ај квасец (не дека се скапаа лебови печење). Од март па наваму мене ми е луѓе необјаслива тема. Вредна за истражување, малтене на ниво докторат од антрополошки карактер. Сите имаме туш дома, во најлош и најгаден случај, или?