Па има џо забрана за движење ама ништо страшно Си се движи народов И ние добивме дозволи од работодавачи, за кого се наменети не знам жив полицаец немаме видено @FreeMind убав помин
Јас со неколку дена искуство ова го забележав: - Речиси никаде нема плекси глас или заштита пред вработен - Вработени на ударни позиции продавачки носат маски под нос - Во продавници најчесто нема 2 метри помеѓу купувачи стојат на метар макс. Во банки и во врат си дишат - Народот најчесто носи несоодветни маски како што приметив некој текстил не знам материјал како сатен веројатно полесно се прават од него маски - Се возат во една кола и најчесто еден пуши цигара фактички без маска - Во фирми со помалку вработени речиси не носат маски. Вчера бев кај сметководителката моја бивша на кафе има две вработени решиле дека не носат маски во канцеларија со образложение: Ретко овде влага некој - Во ходници во зграда не носи никој маски - Во лифт знаат да се возат повеќе души од различни фамилии - Ја сликав малата во студио сликарката ја извади маската дека “не можела да диши”, а при тоа студиото е во подрумски дел без вентилација. Секако ја замолив да се потруди да диши или воопшто нека не диши не ми смета - И за крај верувале или не кафичите се полни со луѓе кои воопшто немаат обврска да носат маски. Најчесто Велес се во стакларник. Масите се разделени точно, но луѓето седат без маски и зборат меѓу себе. Дури ни келнерката не носи маска. Без вентилација тоа ти е бомба Од друга страна луѓе кои се ризични се чуваат многу добро. Ама пак дозволуваат дома да им дојде или некој од фамилија или комшија. Така да само прашање на време е кога ќе фатат корона. Дома седат без маски со гости.
Ништо ново за Македонија, и ние кога бевме во септември во нашето мало местенце ситр беа без маски и дишат на друг во врат..милоон пати се испокарав во маркетите на каса. Али тоа е македончето никогаш нема да се смени нити пак да сфати нешто сериозно.
@FreeMind убав помин во Македонија. Фала за искрениот опис како е ситуацијата таму Кај нас тука фрчат казни , до сега сведок на 3 казни за неноесење маски, по 60 евра, па ај да те видам шетај така без маска. Треба да отидам до Кауфланд, какви попусти ауууу човече, цел список имам направено да искористам сад или никад Ние се спремаме за католичкиот Божиќ.
Оди на нивната страна со сите понуди одма ќе ти се појави https://www.kaufland.de/ Баш ќе видеш има производи на Бош намалени и други куњски препарати. Мене ми е повеќе за сувомеснатото, за Бејлис , само тоа пијам од алкохол оти ми е благичко- друг алкохол не пијам , Феррерото е многуууууу ефтино. Ќе се пазарува обавезно.
Ние католичкиот божиќ ќе го поминеме најскромно годинава Без поклончиња за деца и пријатели Засрамена сум многу уште сега Веќе се најавија за утре поклончиња ќе оставале во влез за да немаме контакт а јас освен вино и бомбоњерчиња друго ништо немам спремно За свеки и свекор жити шо успеав да пратам за никој друг не стигнав да купам А не ми паѓа на памет да одам денес, преполни се паркинзите по маркетите
Јас онлајн праќав на нивна адреса. Фактички без картичка ама таква беше годината. Им кажував телефонски дека е од мене. И некако многу слромно поминав. Дали оти немав никаква желба годинава за Божиќ, не знам.
Дур не се испокараш со оние што носат маски под нос не си имала целосен доживљај посебно во маркет со некој старец напикан во врат да ти дише.
Ги замолив неколку да ми се тргнат од грб. Неверојатно. Зарем тоа треба да го кажува некој? Пандемијава година дена ќе прави наскоро. Старите се најлоши. Во Германија први се за на кафе, а најризични.
Jas da ve pozdravam ovoj bozik ke go proslavam vo vistinska smisla na zborot pozitivna.Po 10 dena otkako trgnav na rabota i pokraj site merki si go donesov virusot doma.Ostanete vo dobro zdravje.
Што се однесува до дишачите во врат, џабе и пандемија и се, кој е таков, таков ќе остане. Во Скопје, во сите маркети каде што пазарам касите се зашитени со плексиглас, аптеки исто, банки исто. За рестораните... не знам дали ја читаше дисукусијата на темата корона во МК за чудните одлуки на Венко и компанија за „заштита„ на населението. Па така имаш задолжително носење маска на отворено, ама во ресторан, фитнес центри, не. Оти во ресторан короната не доаѓа, ама затоа надвор напаѓа од заседа Или за маските.... цело време се труби носи маска, никој не се потруди да едуцира какви маски да се носат, битно маска. Затоа имаш луѓе што шетаат со гаќа маски, или со т'нко шалче покриени, ама битно го почитуваат законот. Смејурии
Тоа го коментирав и јас. Зошто да носам маска на отворено, кога кафичите се фул со народ без маска. Стварно нема логика во носењето маска на отворено. Разбирам на автобуско стојалиште да се носи ама на улица не сфаќам оти мора да се носи. Има толку кампањи за пандемијава како им текнало да земат таков материјал и да направат маска еве не знам.
Не пали култура со нив. Дур не те извадат од кожа и не урлаш во маркет, не правиме ништо Или имаш од поновите фори - "само да ти оставам работиве на лентата" и цела колица ја растовара и ти дише во врат. Тебе може ново ти е, ама јас веќе немам нерви за културно замолување. Одма преминувам на последна мерка - викање. Тие година не разбраа да не се пикаат, сега.
Во однос на Корона луѓето носат маски (често N95 или медицински) и најчесто почитуваат правила за дистанца. Мене ме чуди тоа што некои старци се први да се бутнат и да ти дишат во врат чудо е како не им е за нивниот живот страв. Инаку на влез во маркети, банки и слично има и чекање ред надвор и дезинфициенси и плексиглас панели и се што треба. Во другиот град каде што одиме во посета на баба и дедо во големите маркети има ред зашто има редари, во поголеми продавници исто, ама луѓето не веруваат во Корона и во малите продавници никој не ни има маска. Ужас еден. Затоа сега ретко одиме таму. Ако треба да се видиме баба и дедо доаѓаат кај нас. Одат само еднаш неделно во маркет и аптека, ги научивме сметки да плаќаат онлајн за да се заштитат и при влегување во затворени простории носат N95 маски и со пријатели се гледаат строго надвор.