И мој близок што работи со виза во Германија,пред една недела отиде со негативен тест направен во Мк и таму не седеше во карантин,ниту пак повторно се тестираше
Хм значи на кој како ќе му се погоди. А, и навистина не ја сфаќам логиката во двоен негативен тест... тие не можат овде контактите да си ги стават под контрола, а од нас ќе бараат по сто пати да се тестираме! Абе ајдеее.. Ништо ќе вртам во Gesundheitsamt, без информација од нив јас не би ризикувала, иако овие нашиве не се многу ажурни, се надевам ќе добијам некој таму
Изгледа разликата се состои во тоа како си стасал во земјата. Авионски никаков тест не ти е валиден во Германија. Слетуваш, имаш пријава за карантин уште по авион ти ја даваат (јас ја симнав на тел пред два дена и се пријавив пред полетување) и автоматски си во карантин. Ти се јавуваат на тел утрината и те прашуваат: Седиш 10 дена карантин или на 5ти ден тест. Опциите се тие нема друго. А ако стасаш по копнен пат тука сите верзии ги имам слушнато. Ама пак тоа е на влез на еу кај хрватите или маџарите. Кај нив зависи кој ќе ти се погоди на смена. Кај маџарите по 100 еур у џеб и шест месеци седат со мк пасош у еу. Налик бугарите нели. Тие се канали кои се разработени и луѓе кои се по границите ги знаат тие канали (шофери, комбиња, автобуси..)
Кој рече полицијата не казнувала за маски? Денес мм го казниле оти ја симнал маската во самата станица во убанот, да земе воздух.Исто и друг што ја носел маската под носот го казниле.Сега казна си чека ако помине со 50че арно е Леле , јас колку казни ќе кркав на станиците никогаш не носам маска , ако зборат.Еднаш ми пуштаа 7 пати на звучници во станицата покријте си го носот и устата, јас сама во станицата ми беше лошоМорав да дигнам маска иако неможев да дишам Аман веќе од овие маски , како ќе се пораѓам , не сакам ни да мисламАко преживеам ќе ви кажам
Не дај Боже позитивна да сум со ФФП2 маска.Инаку ако излезам негативна може ќе успеам без маска.За дома да се пораѓам нема да ми дозволат оти сум со инсулин.Мора бебето др да го прати.
Сега гледам дека OP маски биле исто дозволени.Ние секако такви носевме.Ама опаковката не пишува ОП маска, па не знам дали сите овакви плави маски се ОП?
Да. Најлошо од еу ќе биде за влез во Грција 14 дена карантин како што видов и за излез од карантин плус еден негативен тест на крајот. И Франција ќе биде ригорозна.
Ова вика дека ти треба тест и пријава задолжително дека идеш од ризична земја: https://www.bundesgesundheitsministerium.de/coronavirus-infos-reisende.html https://www.einreiseanmeldung.de/#/ Ако не си од Скопје да ти ги љубам нервите Едит: и во 48 часа во Германија мораш пак да се тестираш. И седиш до 10 дена во карантин.
И јас ова го читав ама нели после 24 Јануари од 25 ќе барат тест не постар од 48 часа. Инаку се пријавив уште вчера онлајн и го слимнав во пдф. На крај што можат да ми направат утре заради тоа што немам тест ако важи од утре