Во овие ограничувања за мене има многу нелогичности.Трубат по медиуми останите дома , а ограничувањата само растојание да се внимава и групи да нема.Може секој да шета и се да прави.Што воведоа ново и зошто јас не разбирам?За мене ништо нема промена секако ние сами и изолирано живееме освен малата што не е во градинка ние и двајцата одиме на работа.Кога шетаме и пред коронава не се мешавме многу со луѓе и во природа си шетаме. #јаслисумглупаилинемаограничувања?
Кога шетате не заборавајте лична карта со себе има проверки на улица. Таман се со забраните нема потреба од карантин добро се почитуваат досегашниве мерки. Италија објави прв позитивен ден го достигнаа пикот идат конечно надоле. Читав едно размислување на еден професор овде што исто остава простор за размислување вели смртноста во Кина и Италија е поголема поради позагаден воздух кој придонесува во смртноста со белодробните болести како што е коронава. Германија за сега одлично во однос на процент, плус Мути ни е негативна нема корони морони кај германче. Супава од лилјак види што направи. Супа од лилјак еј илјадници умреа да ги земеш и да ги тепаш до смрт.
@FreeMind слушна ли на вестите за лудите германци.Оти многу малку има заболени од корона па и од Франција ќе зеле 7 или 14 (бројката ја заборавив) заболени од Корона да и помогнат на Франција Пред кризата Германија стартувала со 28 000 кревети .Сега нешто е плус зголемен , а сакат да достигнат 54 000 кревети.Италија кризата ја стартувала само со 5000 креветиОва од преска на вестите го слушнав. Преска кажаа 86 починати , а вчера 92
Anzahl Differenz zum Vortag Fälle Baden-Württemberg 3.811 +4 34 21 Bayern 4.892 +1.242 Не можам да гуглам, ако некој има повеќе ошти познавања може да ми помогне. Баерн има многу повеќе жители од Баден Вуртемберг или што е работава што Баерн има 1242 нови, а Баден В. само 4. Добро проверив сепак, Баерн 13 милиони жители 2018 год, Баден 11 мил жит 2018 год. Јас сум супер задоволна од мерките. Разликата со некои држави е само тоа што кај нас нема задолжителен карантин. Баш супер. Човек може да прошета на кратко, да се излуфтира. Преостанатато останува на нас, да видиме колку ќе бидеме совесни. Како и да е Меркел сто пати културно, јасно и гласно не замоли. Не знам зошто мислам дека вака повеќе ќе се почитува мерката отколку да забраниш на некој да излегува надвор. Ако забраниш, посебно на младиве ќе им биде филм да се протнат надвор. Ако е забрането е попримамливо. Вака слобода. Од ова што го видов деновиве сум презадоволна од народот, не ми се веруваше дека ќе го кажам ова ама еве последниве неколку дена ни млади ни стари нема надвор. Браво. Ако продолжиме вака очекувам од 1ви мај се да е во нормала. Е сега со ова кратко време што ми преостанува морам да прогуглам зошто рекле 92 па 86. Едно сум сигурна, дека не воскреснале. Сигурно е некоја грешка. Не успеав да најдам ни 86 ни 92. На 21ви март имало околу 4 000 нови случаи, а на 22ри и 23ти околу 2 500 нови случаи. Дали тоа значи дека има надеж? Јас сум во Баден В. и претпоставувам тоа значи 4 нови случаи денес.
@FreeMind фала мн. Кај мм на болница го донесле првиот случај. Баш на одделение каде што е тој. Се разбира ја ставиле жената сама во соба. Искрено очекував поголеми мерки на претпазливост од тоа што се превзеле. Имам термин утре за бебево за У преглед и плус вакцина, ако и стават. Педијатарот го преместиле малку понастрана од главниов дел на болницата, инаку беше в болница. Ќе треба сите 4ица да одиме. Носите деца на педијатар сега? Ставате вакцини сега?
И во Констанц во болница се со 11 маски во борба против короната. Од управата им рекле кеса да си стават штом дојде заболен пациент. Ова на интензивна се дешава. Среќа само еден имаат. Во нашава болница тројца лежат на интензивна. Малава има во Април термин некаде 25ти според најавите веројатно ќе биде крај на пандемијата така да ќе ја носам.
Не!!! Прочита дека Меркел примила вакцина и испаднало докторот што ја вакцинирал да има корона па ја ставиле и Меркел во карантин. Има време за у прегледи и за вакцини. Седете дома. Немој да си отишла. Па и дома да ти речат да дојдат не!
Кај нас ваква изгледа старосната граница на заболени.Ние сме најзафатена група. На педијатар ако мора нормално дека би одела.Кај нас докторот пиша на фб дека се со маски ,ракавици и очила да ги подготвеме децата за да не се плашат.
Да нагласиме, дека само ако мора. У прегледот е небитен и не мора. Вакцината исто не мора, може покасно да ја прими.
Е ова не ми е јасно. Какви очила? Има негде некакви очила да се продаваат, или онакво како маска за нуркање? Пошто денес добив таков меил, се чудам сега какви очила треба @Lorins Јас не вакцинирав a требаше, баш ден пред да воведат вонредна состојба у мое село. Докторката ми тврдеше бизнис ас јужуал, ама имајќи предвид дека секоја вакцина руши имунитет, реков фала не. Пошто не е ова бисниз ас јужуал. Едит: секако сме во карантин, сигурно нема да фати рубеола или што и да е во вакцината, ама со ковидов има многу непознати, може да се провне баш сегде деновиве. Само мислење, јас лично како постапив.
За мене прегледите и те како се битни.Лоринс има бебе кое треба да види како напредува.Вакцините се исто битни и подобро како бебе да ги прима отколку покасно.Ако имавме сега и за мојата би отишла оти и те како ми е битен развојот на говорот. Кај претходната педијаторка имавме соба за здрави деца и беше супер. Кај сегашниот се е на куп и е голем минус, ама ако имаш термин обично е пред завршувањето на раб време па нема веќе од болните деца. Јас би одела. @Biljarkata Не знам не сум била пишуваше само.А после беа сликани само со маски како седи дома ние работиме за вас.
https://interaktiv.morgenpost.de/co...sQzbz4d8o8R3gz0C910U8tvfYlBT6P0lVJJvHfk9uS2rc јас тука ја следам ситуацијата и што е многу е многу.
Многу е ама утрово пак слушнав Германија ќе зела пациенти болни од корона не само од Франција туку и од Италија .Критични случаеви.Со хелихоптер испратени од Италија. Туку гледате ли авиони?Што убаво небото е чисто и без авиони и без бучаваПриродата се радува на коронаваДали ќе закрпне нешто природава од овие неколку недели ќе видиме понатаму
Право да ти кажам на сабајле се наспиван како човек од авионите раат сум. Кај нас дека е во близина главниот аеродром на Франкфурт на 2минутки авиони слетуваа , сега неколку на ден се. А ова со коронава не знам што ќе биде но едно знам сигурно плус 10кг ќе ср направиме.
Ние петокот бевме на педијатар, мораше. Имаа маски, ракавици и наметки. Исти беа како докторите што ги прикажуваат на вести на пример кога даваат информации за корона. Морам пак да кажам дека у прегледот и вакцината не спаѓаат под 'мора' во оваа состојба. Стави на вага у преглед и вакцина на една страна и корона вирус на друга страна па види кај тежи повеќе.
@Lorins колку месеци е малото и кој у е? Јас како ава би те советувала да одиш бидејќи прочитав дека хебаме не иде дома веќе. Да одморат од клоци и чибу уличните во Македонија. И на сета мака замислите фрлил некое копито во Влае отров. Абе не корона две корони и никој да не претне до таму сме дојдени. Овој пат ќе поминеме али следниот вирус од животни тешко ќе го запреме. Можеби ќе се пренесува и преку воздух. Можеби.
Ви благодарам на сите за споделеното мислење и искуство. Јас го откажав терминот. Имам фора до крај на април. Па тогаш здравје. Секако носето и е затнато и ќе откажував вакцина, а овде не им е проблем да ставаат вакцина и на затнат нос. Малово е скоро 3 месеци, се работи за у4. Уште еден болен дошол. Мм морал да влегува во собата каде што е едната болна. Очекувам тек сега ова да почнува кај нас.
На интернет читам дека пациент од нашиот град 43 години починал. Абе медиуми само паника да прават, а да пишат дека е со хемоглобин 3 и со лоша општа здравствена состојба добро ќе беше. Во нашата болница почина затоа имам информации. Знам дека е лоша состојбата, ама и медиумуте многу филуваат.
Јас од тие медиуми сите симптоми си ги направив во глава дека ги имам и се опседнав со тоа дека иам корона. А дома седам никаде не излегуваме . И престанав веќе да следам што се дешава. Кај нас (Офенбах) можам да кажам дека луѓе нема по улиците деца исто така нема се е празно може да се сретне тук таму некој со торба од маркет инаку е тивко многу. Вчера во Лидл мм бил и кажа дека имало ограничување секој мора да влезе со количка пред да ја земе мора да си ги избрише рацете со антибактериски марамици и да си земе ракавици. Имало и обезбедување .