Има бебе и дете кое е врсник на моето. Па да ти кажам е спасена, од психички аспект и самата си го вика тоа. Оти и големото и малото и се дома се затворено, крчан ладно. Доле имаш баби и дедовци, ако се во пензија е уште подобро.Не верувам она доле оди, само за дома да седи, оти и јас да отидам доле само во 4 ѕида не би седела. Како што немаме тука никаква помош, кога и да отидам доле ептен се разгалам. Се е отворено во Македонија. И тука да се отворени игротеките, бањите и забавните паркови друга песна ќе беше. Ако гледаме во случај на болест германско здравство секаде покрива, ако дојде зор би се лекувала во Скопје на приватно. Оти приватна клиника во Скопје е сигурно поефтина него ли германска. Ама никој не оди за Македонија и да мисли на болести, ако така мислам, треба само дома да си седам. Тука зошто е со лок даун? Оти не можеа луѓето да ги стават под контрола, сепак пак се шетаат, пак се мешаат. Еве корона или не ќе славам мал роденден на детето викендот, прв ден ќе дојдат германчиња, втор е за нашите. Не можам да го стопирм целиот живот заради короната, тогаш треба дома да си седеме да не одиме на работа и да не се мешаме никако.
@FreeMind Од 22 февруари постепено ќе се отворале градинките и училиштата до 4ти клас во Баден Вуртемберг, доколку бројот на заразени тоа го дозволи. Мене за градинката некако ми е сеедно бидејќи до сега три пати беа во карантин. Моето беше два пати, третиот пат беа децата од нотбетројунг. Па си велам и да отворат сигурно ќе треба по четврти пат карантин. Вака барем знам дека нема да треба во карантин да седиме и да се кријам од полиција. Иако нели не мора да значи може воопшто да нема некој заразен ама кај нас па буквално еднаш месечно има заболено вработена или дете и онака ми се чини како се во карантин да беше наместо во градинка.
Па тоа е и целта на локдаунот ама со непочитување на мерките само се продолжува истиот тој локдаунот. Денес ти ќе славиш роденден, утре друг и ете ти бројки. Да се во нормала бројките ќе отвореа нешто колку толку. Ама некој што не почитува мерки не ни смее да се жали што ќе го продолжат. Не дај боже некој корона да има. Еве да речеме децата се во градинка можеби заедно не знам ама директен контакт ти со нив или нивните родители со тебе? Се разбира дека ќе го продолжат така и ни треба.
Јас не осетив локдаун Сите три во градинка, работат супермаркети, дуќани за играчки, кредитната за онлајн попустите вополн погон. На хирург имав мал зафат деновиве, оп, си почнав на физикална со масажи, денес на гинеколог за пап, на крај на месец си имам термин и за заболекар И да, почнав диета и вежбање, лепотица да се праам
Имаш право дека лок даунот се продолжува заради непочитување на мерките, само што луѓето се на крајот на нервите со овие мерки. Оние што вистински се придржуваат на мерките се неколку случаи на бремени што ги познавам, останатите се среќаваме понекогаш. Инаку Виз аир вртат полни летови во двата правци, ако сакаат стварно да дејствуваат треба да затворат границите. Исто ова со затворени фризери или нокти е мачкање очи. Оти прават полошо, се цица државата, а они работат приватно. Една познаничка од градинката децата си живеат многу, прави нолти и дневно по 4-5 муштерии има, детето не и оди на градинка, оти наводно она е дома и може да го чува. Имам и многу мали примери за колку се крши лок даунот, само немам време да пишам оти ми се спие.
Има локдаун оти така се договориле. Вие може и на трепки да дубите, баш и не зависи од вас. Пушти линк Косми погоре, читајте на хрватски https://www.jutarnji.hr/vijesti/svi...aciji-morati-poslati-neugodnu-poruku-15048813 Еве сега англискиот сој дојде, сега ќе биде страшното. Само уште еден локдаун. И уште еден. И уште еден.
Фри немаш поима шо тешка работа имам само деца да пикнам вградинка Која будала сум си викам, седи и гушкај деца дома Ете и фризерите ќе отворат па можев уште убава да си уживам дома А тек Дани да ми ја позајмеше картичката, и надвор ќе си уживав убава
Кај се наоѓаат оние на црно фризери? Како да ги најдам? До 12 барем да ме ишишаат ако ништо друго. Диетава што не ја почнав не ја почнав неделава, ама следна нема бегање. Не може само Дани да е топ модел Дојчланд Јас многу зависам од локдаунот моментално. И сите планови ми се со него поврзани. И ужасно знам дека сме и секоја вест дека се продолжува ја доживувам како кршење на илјадници филмови. А функционирам на база на прецизен план. И ова ме исфрла од колосек. Како ништо да не ми е средено. Битно сзо докажа дека не е од лабараторија на Кина. Него од кинески пазар за “храна”. Полесно ќе ми биде сега.
И сега на радио слушнав Хамбург се караат за и против отварање на кита. Градоначалникот вели до крај на Март, некој убав на мајка вели одма да се отворат. Да го пишам овој суртуков кој е да му цртам бркови на изборни постери. Едит: финално нема отварање до крај на Март Ајде кој е за вино?
Јас тие што ги знам дома што работат фризерки и прават нокти, иако на црно, работат со маски, па не ги обвинувам, не прекршуваат мерки.
Фри јас сум за греано вино ако правиш Инаку со твојата ситуација, нова во Хамбург тешко да најдеш фризер Треба да си имаш врски и за тие работи Исто како во Македонија тука го викаат Б-витамин Јас на синко тортата ја порачав така, имам жена што прави по рецепти од Канела. Штоербератер исто, инаку со сметка ќе ме изгорат. Овака ќе си бидеме обострано задоволни @Biljarkata бројките се во ред, ама политичарите знаат дека ако отворат предвеме пак ќе се качат-никој не се придржува, на тоа мислев Едит: Туку #прашањакоимемачат:Како политичарите и покрај лок даунот се со средени фризури, никој не е подрааснат?
Сами се шишаат. Не ги гледаш какви се сите како од ист калап. И навистина имам впечаток дека најголем дел од луѓето сами се шишаат. Додуша и многу лошо искуство со фризерки имам овде додека не ја најдов турчинката која по мерак ме шишаше. Другиве не знаев дали да се смеам или плачам кога ќе станев од стол. Оти имам кратка коса ако не те бива одма у Меркел ме претвораш на изглед.
Меркел се гледа дека германец ја шишал. Точно. Кај нас само од кај една турчинка и една албанка можеш да излезеш нормален. Германциве појма немаат, дали штедат на фарба, на движења при шишање да не им се фати кичмата, не знам... Едит: Или за време на Аусбилдунгот се пишале три пати кранк по еден месец, причина: болка во прстите.
Машинката После една недела "врска" јас почнав на Тозо да му трубам да крати коса, после месец веќе и машинка му купив. 2-3 пати јас го потсредив, после се сам. Колку пари му имам заштедено не е свесен. Среќа негова што ме има. Ама стварно, дома сами се средуваат маживе, или децата(нека ми простат уште се вежбам) Јадна јас само подрасната останав
Ќе пишете на јутјубето dyi harcut и уште побогати ќе бидете башка со фризури Еве ја од ќерка а богами и мојата фризура
Во живо од местото на настанот: Малиот трговски е отворен цел февруари со 15% попуст буквално на се па ќе го реновираат од 1ви маркет. Бев до маркетот и кога гледам се отворено се збунив, има облека, ташни, играчки, се што има во еден трговски. Чудно ептен. Две кладилници се отворени и едно казино плус.