https://www.washingtonpost.com/world/2021/02/13/kids-covid-vaccine-test-oxford/ За друго немам чуено, нормално Астра-Зенека, кога не ја бива за стари, може за деца ќе ја биде
Леле одма пријавија тие под нас лево славеле роденден и еве ја полицијата на лице место, пријавил тој над нив и самиот им кажува дека и на газдарицата ќе каже. (Ве известува во живо радио Милевка ) Во нашава зграда не дај боже да прекршиш правило.
Сакам да ти бидам комшика. Завчера не можев да заспијам, некој музика трештеше во 2 саат ноќе Не се случува често, ама ич би било идеално
Апдејт. Кај нас градинката општо ќе работи со скратено време, бидејќи нормално работи до покасно во споредба со други. Двократно да речам. Сега до 4. Така да супер, ионака не седи никогаш 9 часа. А и да седи, пак до толку работи.
Јас па цел викенд -Сабота и Недела славев роденден на синко Комшиите кои си живеам закачиле поклончиња на вратата за синко, јас како добра домаќинка поделив торта Едната ја сретнав пред продавница, касно разбрала дека сме славеле, ме праша како сме си поминале, и се извинив за гужвата и ми вика па не сме на гробишта па толку да е мирно во зградата. Ако сакаа да ме пријават, доста ќе беше да ги пребројат чизмите пред влезната врата Ама добри комшии имам, не се жалам.
Јас немам чуено музика до сега. Во три згради живеено и сега во куќа јас немам слушнато музика. Ама имав диско пред зграда среќа корона фати па последната година беше мирно. Иначе првото лето млади викање у никое време, надвор 40 степени, а јас бремена.... Мислев дека бомба ќе им фрлам. Они може и фини биле ама хормоните велеа фрли им се со динамит на груди!
Од почеток беше сомнителна астра зенека....и лично го споделив моето сомневање и секако бев "нападната"
Не сме ние експерти. Јас појма немам какви има и која каква е и не знам како би дознала нешто освен дезинформација од дезинформации. Можеби да ја крстеле астра ретро ќе и верувавме бидејќи ќе означува враќање на животот онаков каков што беше.
Ги следев медиумите , имаше мн грешки со вакцината , со еден збор не е доволно испитувана ,некој земји ја отфрлија Инаку најпозитивни резултати се Фајзер и Модерна ,но полесно и побрзо би стигнале до гробот на александар македонски него до нивните вакцини
Но од друга страна е едноставна за транспорт и вакцинација. За разлика од Фајзер чиј процес на вакцинирање е толку сложен, да останува прашање дали вакцинираните се воопшто вакцинирани? Јел еден дел ако недостига од мозаикот вакцината е неуспешна. И скапа секако. Искачаат и нови вакцини моментално на пазарот кои подзакаснија од горе споменативе. Додека стасаме на ред да де вакцинираме ќе имаме цела плеада на избор. За Германија - се обидуваат матичните лекари и арбаит медицин да влезат во трката на вакцинација. Тоа значи до Септември би се вакцинирале 45 милиони. И секако мојот ред нема ни тогаш да биде
Ќе можете да бирате вакцина или таква ,,шведска маса,, само у Београду има? Астра Зенека многу ЕУ земји не ја препорачуваат за постари од 55,60, 65 години, исто не баш ја хендла мутацијата од ЈАР.
Па ако останеме за 2022 би требало да бираме мајке ми. И салата со вакцината да ни направат. Не се препорачува точно. И околу 70% има одбранбеност за разлика од Фајзер во Израел го потврдија со 93% заштита. Ама неам 50 и не ми се чека до 2022. Нека ме буцнат слободно од оваа.
Во Шведска привремено ја запираат вакцинацијата со Астра Зенека- секој 4ти од вакцинираните здравствени работници, со реакција. https://www.svt.se/nyheter/lokalt/s...ig-efter-covid-vaccin-forvantade-biverkningar