^имате пишувано за децата. Засега, Синофарм се покажала безбедна кај деца над 3 години, меѓутоа да се внимава кај оние до 5 поради развој на имун систем, а Фајзер може над 16, другите се 18+. АстраЗенека сега се спрема за тестирања на возраст 12- 17 години. Секако, децата лесно минуваат, па така нема потреба од вакцинација, барем сега- засега.
Е ајде де најди му нзс. Појма немам што матат со оваа, британска ли беше оваа или што е веќе играчката @Ahoy ?
Џонсон Џонсон чекаат одобрување од Еу за нивната вакцина од 70% успешност. Околу 50% за британскиот сој. Овие говна цел живот тестираат врз животни најчесто мајмуни. Од овие никад нема да се вакцинирам. Ете едни да чкртнам да не биде се “примам” )
Медиуми и транспарентност демек. Во '72 мислам од масовната вакцинација, се вакцинирале 16 милиони, од кои 16 починале, ама никој не знаел и не биле заплашувани луѓето. Сериозно не знам зошто вака во Свериге, па од вакцина за грип има такви сајд ефекЦ @FreeMind Џонсон енд Џонсон имаат 66% ефикасност, ама со само една доза Затоа брзаат да ја одобрат, практична е ептен. Ама ни јас не би се вакцинирал со нивната
Добро, свериге израчунале дека ако сиот медикал стаф го вакцинираат во исто време, ќе имаат недостиг од персонал, ради тие што ќе кренат температура и ќе седат дома. Тоа разбирам. Ама само тоа да е, нема нешто политика? Ако верувам во одговорни општества, тоа е Свериге, штознам, може дека не сум била да видам.
Уште не кажуваат подетални детали за отворањето на градинката. Јас се двоумам дали да го пратам? На крај знам дека сепак ќе го пратам најкасно од 1ви март ама не ми е сеедно. Од една страна страв од ‘’ вирусот ‘’ ‘’ мутираниот вирус’’, од друга страна од карантин (познавате ли случај кај што полиција дошла до дома за да провери дете дали е во карантин? Значи само детето ако е, ако се и родителите знам дека ќе дојде.), и од трета страна ептен си го засакав детето и не можам да се одделам од него. #митаг#исповеди
Освен ЈАР, дали некоја друга земја целосно ја отфрли? Сериозно прашувам, не знам. Вакцината не дека не е ефикасна, туку не е колку другите на пазарот. И можеби има нејасни објаснувања, недоволно објавени студии или и тие објавите како што реков не се многу јасни.
https://www.stern.de/gesundheit/zwe...idigen-vakzin-als--hochwirksam--30383082.html Еве дебата на темава и во Германија. Слободно вакцинирајте се е заклучокот.
Здраво, едно прашање имам ,за тој што патува со авион за Минхен од Македонија дали е задолжителен карантин и дали може да оди до банка,маркет.пошта ,аптека или стрикно дома седење .документи германски има
Бидејќи се пријавуваат болни, а болниците кубурат за персонал. Инаку Меркел ќе се вакцинира од Астра Зенека кога ќе и дојде ред. Патем германски проф тврди дека вирусот е од лабараторија: https://www.bild.de/ratgeber/gesund...h-aus-einem-labor-in-wuhan-75430738.bild.html
Стигна мејл од градинка дека за жал нема да може да отворат сите групи поради огромен недостиг на персонал. Во наредните денови ќе не известат кои групи ќе отворат и од кое до кое време, ќе се скратело и времето поради недостиг на персонал. Персоналот не ми е јасно кај исчезнал. Значи за понеделник секако не се спремам да не си праам стрес за џабе. И малку да е настинати не смее да оди, пишува бидејќи ние вработените во градинка не сме доктори и не можеме да процениме дали детето е малку или многу болно.
Кај нас еве само што стигна маил од 22.02 дека отвараат нормално само да се придржуваме кон мерките на хигена и условите на ковид.