Групата на дете отвора. Единствено што ми паѓа на памет е дека многу останале трудни за време на локдаунов па не смеат да работат сега или ако се во карантин или настинати (настинати па ќе оздрават до понеделник). Ама пак ќе е стресно, ако настинат две во исти ден ќе ти се јават од сабајле да ти кажат дека нема да може во градинка затоа што друга воспитувачка не смее да се замени во групата. Леле искрено не ми се праќа, стресно ќе и е што не смее да се мешаат групите како минатиот пат, дворот поделен со ленти и ако сака до лизгалката на пример, а таа е во делот со песок, не смее. Ептен сака некои воспитувачки од другите групи, готвачката и менаџерката и сега и да посака да се гушне со нив не смее. Само си ја искажувам маката, стварно не знам што да правам. Или да ја припремам да и раскажам дека првата недела две така ќе биде заради короната па после ќе е исто како порано. Можеби за во На срце ми лежи ми е мислењево, а можеби и не.
Чисто да кажам кај нас не не ни удостоија да ни се јават. Нормално се јавив и многу деца за привикнување се собрале па сега на 29 март ќе почне - требаше на 28 јануари да почне. По муабетов испаѓа дека цела група нови деца ќе бидат што месец дена треба да чекаме . Така ми е кога не се расправам. Во договор со мм ќе си почекаме сега ама ако уште еднаш одложат ќе превземеме нешто дефинитивно порасна детево додека да почне, прво ноември немаа персонал, па локдаун и сега многу деца се на привикнување како да не. И кога ќе почне 4 дена па велигден ќе биде интересно.
И синко од понеделник почнува со градинка. Од една страна многу се радувам, ќе биде со деца, ќе си игра, ама па и ме фаќа страв. Воспитувачките двапати неделно ќе прават тест, и сигурно пак ќе има карантини, затворање, а како да му објаснеш на дете дека ќе треба дома да седи по цел ден. Офф.. Само да помине ова што побрзо.
Леле На следното писмо за карантин ќе се онесвестам И зошто ќе праќаме деца во градинка за во карантин да седат Од 22 деца, четири воспитувачки, две практиканти, 44 родитела и по некој баба дедо тетка, па нормално дека еднаш неделно ќе има по еден заразен со корона Ми се смачи од излегување надвор и чувство како човек да сме убиле Кажав еднаш и никогаш повеќе карантин за дете Тоа не е нормално
Ама стварно не е нормално карантин за мали деца. Замисли родителите може да работат и да излегуваат, а тие не. Во декември беше 10 дена во карантин, ужас, по цел ден дома. Малце офф, ама цел фб ми е со луѓе од Македонија, те по кафани, кафичи, ваму таму, се е отворено, чудно ми е, сосема различно од тука. Веќе склет ме фаќа од ова што е се затворено.
На место. @Cosmi верувам ќе те интересира. Другарка ми со астра зенека се вакцинираше некна медицинска сестра е овде. Сите симптоми на корона ги доживеа за десет минути. Температура од 36 до 38.9 за две минути. Болки во зглобови и коски, омалаксаност. За две минути ја префрлиле на итна во болница на инфузија и лекарства. Денес не и е ништо. Од 10 колешки само она изреагирала вака. На прва вакцина.
Дали знаете кога некој слави роденден и дојде полиција, кој ја плаќа казната, само домаќините или и гостите? Или пак нема ограничување бидејќи секако градинките се отворени?
Една комшика моја, русинка, зборуваше баш за ова пред некој ден, само домаќините ја плаќале казната. Колку е точно не знам, така кажа таа.
Добро утро, Не само што нема локерунг туку и ни ги зголемија ограничувањата. На шпил плац со маски да седиме и кога џогираме со маски да џогираме Ве молам разбудете ме кога ќе заврши коронава оти готово мислам дека разумот го губам.
Епа тоа е. Ај по еден секс он д бич на цименто . In meantime https://kanal5.com.mk/szo-tendencija-na-namalunje-na-smrtnosta-od-kovid-za-20-procenti/a462580 Освен насловот ништо не разбрав, ќе прочепкам после детали. Можеби ова? https://www.theguardian.com/world/2...matically-since-start-of-pandemic-study-finds Абе, ви пуштија ивермектин како терапија во немачка?