Toa e добро, кај нас само обележале растојание за кога ќе се чека на касата, друго нема. Подобро не читај, психата е страшна работа.
И јас од читање скренав,не избежно ми е некако Каде и да влезеш корона Кј е фри да не утеши малце @FreeMind шо велиш,колку време ќе трае агонијава Веќе 10ти ден и не знам уште колку ќе издржиме во самоизолацијава Излегуваме само по половина час пред зграда дека шумава ни ја затворија Среќа онлајнов постои па нарачај ова,она еден куп пари истрошивме за овие две недели Секој втор,трет ден мм оди пазари,као највеќе заради овошје и зеленчук, на крај... Почна да ме мава психата
Јас се разболев ама не ми личи на корона, освен ако има корона без кашлање. Ништо не ми беше и сабајле главоболка, ме болат нозете, нос ми тече, благо покачена тт. Се испаничив од сабајле па после ми текна дека не кашлам воопшто. Шансите за корона кај мене се огромни со оглед на тоа кај работам и плус со колешкиве вратени од ризични земји ама ај. Се плашиш од непознатото... и наеднаш почнува сеедно да ти станува. Денеска има пак надеж со околу 2 500 нови. Вчера беа 4 500, завчера и позавчера околу 2 500.
Излегов после 4-5 дена до парк, да проветрам мозок на пола саат и се разочарав искрено! Вриеше паркот и како за инает директ во тебе идат луѓево какво растојание, какви бакрачи уф На еден му реков да не ми се бута, веќе низ тревата фатив да го одбегнам. Идиоти Пак групирани по повеќе од 2ца, пак глава до глава Абе јас ко велам овде се далеку поимбецилни од долу кој да слуша! А полиција кружи со комбе низ паркот и демек ги растерува групираниве Џабе се додека стварно не воведат казна да им се удри по џебот
Јас веќе не читам освен ако не ми налета информација. Само на комедии сум моментално како попове на пик ап. Кај нас се почитува дури и на клупите покрај езеро е забрането да се седи. Има натписи. А ние вчера со чергиче поставени на плажа ако не фатеа 500ки ќе си платевме. Секој од главата си пати нели све за љубав, битно малата си се изнаигра во песокта. А ќе трае додека не помине бранов. Први позитивни вести за две недели очекувам. Ние најстрашното го поминавме и да има заразени со овие мерки и претпазливост не може да има многу. Ќе се стиши до средина на Април ќе читаме поубави вести.
Само што си видела требало одма да се повлечеш, да не бидеш дел од толпата и да прошеташ на друго место, кратка прошетка. Тука има парични казни и цело време полиција контролира. Колку чудна табела. Од кај да знам ја која држава кога и колку пати дневно дава информации. За Мк ете еднаш е. Италија навечер. А Германија колку пати? Денес кога ќе е конечна бројка?
Де некој да ме утеши дека ако не кашлам не е корона? Имам тт и се ме боли. Ќе пијам парацетамол сега. На мм баш на почетна му излезе некоја во нз која држава имала само симптоми на настинка и починала по 3-4 дена. Корона вирус било. Се ова интернетот ни прави. Што се пишува да се мрдне човек. Само ненормален не би полудел. Нека помине ова да си ја видам пак симпатијата.
Исто и јас и маж ми бевме минатата недела,без кашлица, оваа недела дојде кашлицата, изгубивме и осет за мирис и вкус, ние само се сомневаме не можеме да потврдиме оти не не тестираат тука, ама има шанси.
Тоа е нов потврден симптом за губење чувство за вкус и мирис, особено кај младите пишуваше. Нека поминува со лесно, што и да е.
Што се изедов деновиве мислам нормално е човек да изгуби осет за вкус и мирис. Не, уште не знам како изгледа Филипче. Од Мк само Талат Џафери така нешто беше ми е привлечен. Нос ми тече. За чувството за осет ќе се осигурам до утре па ќе пишам. Сега читав пак на страната на ландкрајсов дека многумина имале само симптоми на настинка. Дали да почекам уште некој на работа ако се разболи па да паничам. Колешката од Шпанија што дојде веќе беше болна со болки во грлото ама не ја тестираа и рекле не е корона. Мене со симптомиве би требало одма да ме откачат по телефон. @FreeMind почесто да пишува, ми ја лечиш психата. Не знам зошто ти верувам дека ќе е подобро набрзо.
Вчера гледав на тв во различни држави различни се симптомите. Во Де рекоа дека најчести симптоми се кашлица, температура и на трето место растечен нос. Спојлер: СЗО симптоми @gjoker4e јави се на 116117 има линија за корона и кажи си ќе те упатат што да правиш. Ама знај дека ќе чекаш баајги.
Не знам дали да се јавам. Главата ме боли и тешка ми е. Грлото не ме боли воопшто и не кашлам. За носот чудно ми е што автоматски си тече, друг пат осеќаш на пример дека ќе ти потече нос па имаш време да земеш марамче, а сега наеднаш тече. Нз што да правам, ќе почекам уште малку... Сега ја прочитав @bittersweet во симптоми има пишано како главата да и ја стега некој во менгеме па и мене исто така ми е. Ама грло не ме боли.
Мм исто е со растечен нос, нема тт и не кашла, па затоа мислиме дека е сезонски.Малата беше исто со растечен нос претходната недела , тој ја чуваше и затоа прифатил. Не му ја толку мисли психата ќе те утепа.Следи само
@gjoker4e Брат ми цела недела со тт,грло го болеше и глава ама не кашлаше. Матичниот ништо не му даде,му рече само ако осетиш болка во гради дојди. И му рече превентивно да се изолира т.е. да избегнува контакт.
Колешката моја што се врати од одмор во Шпанија грлото ја болеше и кашлаше и рекле не мора да оди на лекар ќе и пратат боледување по пошта. Штом таа со пологични два симптоми за корона и вратена од ризична земја не ја тестираа... Мене само слушалка ќе ми спуштат ваљда.
Вриел паркот од такви како тебе што мислат дека само тие имаат право да излезат малку на воздух низ парк и треба паркот да е празен за да тие се прошетаат на раат. За да е празен треба сите дома да седат, ако сите размислуваат -ќе излезам само на 5 мин, ете ти гужва.